Дете го прашува својот татко: - Тато, како дишат нуркачите под вода? - ... не знам, дишат некако... - Тато како дишат космонаутите со скафандери? - ... не знам, дишат некако... - Тато како дишат пилотите во брзите авиони? - ... не знам, дишат некако... - Извини тато што ти поставувам толку многу прашања... - Само прашувај синко... и треба да прашуваш... да научиш нешто...
Комшиите го прашуваат Цветко: - Каде беше сношти цела ноќ? - Во женскиот студентски дом! - И што направи? - Чукав до утрината! - Ауу. Ајде раскажи ми во детали! - Што детално да ти кажам? Чукав, чукав но не ми отворија ниту една врата!
Believe it or not,сама си се изнасмеав на себе.Со мојот "прекрасен" глас пробував да го испејам ова: http://www.youtube.com/watch?v=1w7OgIMMRc4 Од 4:34 па натака
Ме насмеа сестра ми денес додека игравме монопол се беше супер додека не свати дека ја варам ко збесна се дере како можиш да вараш, она се нервира а мене една смеа ко ме фати сакаше да престанеме ама ја убедив дека ќе играм без варање и секако играв, затоа и ме растури ме остави без ниту една паричка
Игравме со другарка ми црн поп и се шкртавме, се праевме нешто без везе и кога ќе се погледнев во огледало патос.
Три баби седат на тераса во пензионерски дом и зборуваат за минатото. Првата баба со носталгија зборува за големите и дебели краставици кои некогаш одамна можеле да се купат многу евтино и покажува со рацете колкави биле. Втората баба климајќи со главата и покажувајќи со рацете ја продолжува приказната за лукот, како порано и лукот бил многу поголем, поубав и поздрав отколку денешниот. Третата баба, која била малку наглува, со насмевка додава: - Ни збор не разбрав, не ми се слуша ич, ама убаво се сеќавам за кој тип зборувате. ))
http://hajdpark.mk/10-te-najlosi-obidi- ... ta-muzika/ Ако ви се негде во комшии и ги слушнете, слободно пријавете ги за вознемирување.
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... vkzFiKyKYA Леле неможам,неможам..... хахахахахахаахаххаах
Денес беше посебен ден мм си купил број на оне, и неможел интернет да уклучи, и звони на тој бројот да зборува со оператор, и од таму таа жената добар ден оне марија на телефон повелете, а мм и вика - Добар ден МАРЕЕЕЕ, мене ова интенернетов не ми се уклучува леле јас кога го слушнав во која душа да останам
Таа се викаше Есмералда а тој Џејмс... Имаа по 19 години. Есмералда зврши средно у Влахов за пекар и работеше у Баба Тала у Драчево а Џејмс беше 1ва на ФОН. Една студена вечер после изагање Џејмс беше многу гладен и отиде до Баба Тала да земе нешто за јадење, а таму, на шалтер беше секако таа, Есмералда! Џејмс нежно, заводливо прошепоте: има ли пица бурек?! Есмералда речиси се стопи пред лицето на Џејмс и уште посензуално одговори: чекај дечко за пола саат ќе има! Џејмс рече не бе ногу е ладно ај дома ќе јадам и си отиде и фала богу не се заљубија и останаа живи