И ај после,нека рече некој дека животните не комуницираат. Ова не да е искомуницирано. Се гледа и размислено, осмислено и консензус постигнато за реакција во х и у ситуации https://www.facebook.com/dailylaughters23/videos/1274205225968053/?t=0
Како можев такво нешто да кажам? Колега од работа ми ги остави гостите од неговиот дел да ги припазам на кратко додека испуши една цигара, јас се врткам околу масата и луѓето ме повикуваат за нарачка.. Во принцип одам претворена во уши и ги запомнувам кафињата од кои еспресо големо, мало и две мали макијата. Седеа двајца мажи онака развиени и нивните сопруги, со некои од нивните родители претпоставувам. Одам на шанк ги нарачувам кафињата и во тој момент колегата се враќа и ми се заблагодарува, си ги зема веќе спреманите кафиња и ме прашува кое за кој е.. Јас ко гром: "Големото еспресо е за жената со кратка коса, малото за другата, а двете макијата за малите мажи" .. Леле луѓе, наместо малите макијата за мажите, јас за малите мажи.. Во тој момент ги погледнувам и мажиштата и неможам да се исконтролирам а да не се изнасмеам. Колегата неможеше да тргне со нарачката, бидејќи имам и специфична насмевка, го остава ајнцерот со порачките и зема и тој да се смее. Цел ден се смеевме за тоа, на моја сметка секако