Кај нас на раб има оддел за глувост и еден колега се погоди надвор на цигара и сам се смее.. Тегне од цигарата и се смее. И викам што се смееш дај да се насмеам и јас нели стандард муабетот. Била некоја баба, 70% глува и правеле муабет дур средувала документи за турските серии дека сите ги пратела. И овој ја прашал онака се дереле, демек како ги слушаш кога апаратчето не го користиш. И оваа му рекла ќути само јас си знам, еве една има цело време мислев Весне дека се вика (после разбрал од жената што била со него дека за Дефне бил муабет) и јас Весне Весне а дури сега по една година разбрав како се викала таа.. И како се вика ја прашал? Бетмен