Тест: Дали сте подготвени да станете родители? Автор: Редакција Рингераја Комичен тест Ви открива дали сте подготвени да станете мајка и татко. Иако да се биде родител е една од најубавите работи на светот, нередот, ноќните будења и борбата со малото дете се ситуации низ кои поминуваат повеќето родители Тестот за идни родители се состои во неколку чекори кои морате да ги следите, а според резултатите на тестирањето ќе видите дали сте подготвени да бидете родители и од што се состои родителството. Тест – подготовка Идните родители треба да посетат пар кој има деца и со нив да разговараат за методите на воведување дисциплина, нодостаток на трпение како и казните и наградите со чија помош ги воспитуваат децата. Предложете им начини на кои можат да ги подобрат навиките за спиење на нивните деца, користење на WC школка и добро однесување на семејната трпеза. Набљудувајте ја нивната реакција и уживајте во својата надмоќ, бидејќи тоа ќе Ви биде последен пат во животот да се чувствувате како да имате одговор на сите прашања поврзани со одгледувањето на децата. Ноќен тест За да откриете како родителите на мали деца се чувствуваат во текот на ноќта, станете во 3 часот наутро и до 8 часот шетајте низ дневната соба носејќи отприлика 4-6 килограми во раце, со вклучено радио на станица која имитира неугодни звуци. Во 8 наутро легнете и направете аларм во 11 часот. Станете и повторно шетајте со товарот од 4-6 кгр. во следните 2 часа. Вратете се во кревет и направете аларм за 4 часа. Бидејќи нема да можете повторно да заспиете направете си кафе и расчистете низ дома. Преморени заспијте на каучот во 18 часот. Повторувајте ја истата постапка една година. Изгледајте среќно и весело и притоа бидете трпеливи во односот кон детето. Тест: Облекување Купете жив октопод и мрежеста вреќа. Обидете се да го ставите во вреќата така што ниеден крак да не излегува, за време од 5 минути. Вежбајте неколку пати на ден. Тест: Возење со автомобил Прв чекор е да го продадете својот спортски автомобил со две врати и да купите караван. Наполнете го багажникот и задното седиште со детски играчки, пелени, седиште за во автомобил и детска количка. Купете сладолед од чоколадо и ставете го на местото каде Ви стојат исправите. Земете паричка и ставете ја во ЦД плеерот. Тест: Прошетка Облечете се. Излезете. Вратете се. Повторно излезете надвор. Вратете се по нешто што сте заборавиле. Повторно излезете. Шетајте полека по улица пет минути. Застанете и одговорете на прашање за секоја гума за џвакање на асфалтот, валкано марамче или мртов инсект. Врескајте на улица, откажете се од шетање и вратете се дома. Тест: Разговор Пет пати повторете иста работа, со различна интонација и гласност. Тест: Шопинг Отидете во обиколка на неколку продавници. Со себе носете го партнерот кој ќе глуми предшколско дете. Нека застане покрај секоја полица, задолжително нека го допре секоја артикал и нека рече – купи ми го ова! Купете се' што Ви треба без да го испуштите од вид додека трча околу полиците. Платете се' што ќе изеде или уништи. Тест: Хранење Издлабете диња. Напратете мал отвор отстрана. Обесете ја дињата така што постојано ќе се ниша. Обидете се со мало лажиче да го погодите отворот и во него да влезе лажичето. Тест: Неред Земете малку растопено чоколадо или мармалад и размачкајте го по каучот. Сокријте парче од варено јајце зад плакарот и оставете го таму неколку месеци. Ставете ги прстите во саксија со земја и исчистете ги триејќи ги ѕидовите. Испразнете ја секоја фиока и расфрлете ги работите на сред соба. Потоа исчистете и не губете ги нервите. Реално е
Ме праша зошто стално те викам идиот, епа кога ќе почнеш да се однесуваш како Супермен, тогаш ќе те викам Супермен!!!
Млад војник разговара со пријателка на телефон: Таа: Што правиш сега? Тој: Со едната рака држам фотографија од тебе, а со другата мислам на тебе.
денеска ме насмеа другар ми кога на една онака дебелка момичка и кажа и -ама си згодна и ваааа момичката - и ти си секси е паднав од смеење.....
"One sto cekaju princa iz bajke ostaju kod majke.“ Па сега ти види дали ќе чекаш принц, коњ, муле или малце ќе си ги симнеш стандардите од небо. И уште едно - Кој бира - мастурбира.