„Бремена сум“ Лајк – да го родам Коментирај – да абортирам Сподели – ако мислиш дека ти си таткото...
Oд Автокоманда си ако... Автокоманда е населба која е сместена на самиот почеток во општината Гази Баба. Истата преставува населба во која сеуште се негува и живее маалскиот живот. Секоја населба во Скопје си има одредена своја одлика и дух. Луѓето таму се почитуваат и дружат меѓу себе, но има неколку карактеристики по кои се разликуваа од останатите маала во Скопје. Од Автокоманда си ако... 1. Толку си заљубен во неа, што Ла Петит и Аристрократ ти се главните места за кафе 2. Ретко излегуваш во Центар, и кога одиш исклучиво може да те видат во Клубот Миднајт и одиш на журка во клубот “Aрпа” во Стив 3 .Ако знаеш на глава да скокнеш во базен, да плукнеш (меѓу заби) најдалеку и совршено да играш билјард, пикадо, фудбалче, флипери и мустафа 4. Летото го поминуваш “На коцка”, јадеш пица седнвич во “Римини” и играш билјард во најбислкиот билјард клуб 5. Шетањето во маало ти е омилено хоби во животот и ако тренерките ти се основна облека во плакарот 6. Ти си главен бандит во Скопје и секако носиш златно ланче на вратот 7 .Нова година прославуваш во локалната кафана или кафуле 8.Ти си фан и имаш дуксер од “Пирати” и страсно навиваш за РК Металург 9. Имаш девојка и таа мора да биде од Гази Баба 10. Работиш обезбедување или пак вратар во некоја од скопските дискотеки 11. Ти си од провинција, а студираш на земјоделски или ПМФ 12. Дечките од маало ти стојат 24/7 на располагање за тепачка 13. Седењето пред зграда ти е составен дел од секојдневието 14. Пиењето алкохол во “Панче” тие е составен дел од твојата младост 15. Во твојата зграда има клупче и таму ти поминува најголемиот дел од денот 16. Ти се шишаш во “Диор” и си горд со тоа 17. На твојот фејсбук профил гордо објавиш дека живееш во Автокоманда 18. Ти се палиш на тератана, кик бокс и останати тепачки вештини 19. Купуваш алкохол од Калинка, јадеш бурек во Тохе и грицкаш семки низ маало 20. Пиеш пиво пред продавница 21 .Од Автокоманда си ако си комшија со (нинџа) и урко ти е другар И на крајот, еве една песна со која се гордеат сите што живеат и растат во Автокоманда: http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... RkOmF9y4lc Спојлер превземено од http://skopjeinfo.mk/
На час италијански требаше да го читаме текстот, па да го преведеме. Другарка ми 3 збора италијански 2 македонски, ја опави реченицата