Petočlana kineska porodica išla u SAD, Hu, Bu, Chu, Su i Fu. Kako bi dobili vize, morali su imena prilagoditi američkim. Tako su postali Huck, Buck, Chuck. Su i Fu su ostali u Kini.
Што научивме од американските филмови? -Кашлањето е знак за смртоносна болест. -Детективот може да го реши случајот само ако е суспендиран од должност. -Ајфеловата кула може да се види од секој прозорец во Париз. -Еден човек кој пука во дваесет луѓе има поголеми шанси да ги убие отколку дваесетте луѓе кои пукаат во едниот човек. -Секое утро мајките подготвуваат јајца, сланина и колачи за своите сопрузи и деца, иако овие никогаш немаат време да ги изедат. -На полицајците секогаш им се доделуваат партнери кои се нивна целосна спротивност. -Колку повеќе се мразат мажот и жената толку е поголема веројатноста дека ќе се заљубат. -Кога ќе се соочите со злобен меѓународен терорист, сарказмот и духовитоста се вашето најдобро оружје. -Кога ќе плаќате такси, не морате да погледнете во паричникот додека ја вадите банкнотата – само ќе зграпчите една и ќе му ја дадете. Тоа секогаш ќе биде точниот износ на цената за превозот. -Ако престојуваат во опседната куќа, жените треба во најоскудна облека да го истражат секој необичен звук. -Ако видите големо стакло, некој набрзо ќе биде фрлен низ него. -Кога се вози кола, сосем вообичаено е да не се гледа на патот туку кон личноста која седи покрај вас или зад вас. -ТВ дневните вести обично содржат приказна која лично ќе ве погоди токму во тој миг. -Електричната ограда доволно силна да убие диносаурус нема да предизвика трајни последици кај осумгодишното дете. -За време на сите полициски истраги барем еднаш ќе биде потребно да се посети стриптиз-барот. -Секогаш е можно да се паркирате пред зградата која ја посетувате. -Во Мексико е модерно да се облекуваш како каубоец и така да излегуваш во град.
Зошто се удавиле 30 морнари? - Зашто кога подморницата се расипала излегле да ја туркаат.. хахааха Инаку го слушнав од една серија
Саканиот. Ќе издвојам дел од конверзацијата само.. Jaс: - Ќе си ја плетам косата сега. Тој: - Рибина коска? Јас: - Не, внатрешна плетенка. Тој: - Ако душо, и 'рбет од сардина да имаш на главата, јас пак ќе те сакам.