Тато си е пушач со диплома, цигара за цигара. Пуши Вест Лајт. Бевме на гости денес и една девојка што седеше до мене ме прашува какви цигари пуши. И јас му викам „Тато, какви цигари пушиш прашува Л.?“ И овој: „Колку што треба!“
Збориме со моите за литературен јазик тоа.. правопис.. И татко ми запнал: Леб е со п, па леб е со п. Одиш во продавница и викаш: Дај ми леп а не дај ми ле(б). После неколку секунди.. Одиш во продавница, и викаш: Дај ми два лепа, а не два леба. И само фацка. (3 во 1)
http://www.youtube.com/watch?v=94xyOpETYYs Значи 100 пати го гледав видеово и пак ми е смешно На погледиве од Надал,неможеш да се воздржиш,а да не се насмееш Тешка задача има Федерер
Мајка ми. Во еден рандом муабет, си кажа паметна работа, и јас и викам, уу многу паметна ма ти, на кого вака? И она ми одговара на тебе бе Се изнасмеав слатко
Денес ме насмеа мајка ми со коментарите,поточно целата ситуација,тепачка со татко ми кој колку колачиња да изеде маки претрпе тепсијата нема да ме зачуди ако е издолжена А и патем баба ми доби нов прекар „Сезнајко“ не дека се знае туку дека мисли дека се знае па во се се меша,па и авион да направиш таа ќе дојде да ти каже како се управува
Брат ми. Мајка ми му рече да си ги среди алиштата , а тој и рече добро ќе средам, и потоа мајка ми при затварање на вратата го погледна во очи а тој цел насмеан само и рече: НИКОГАШ! Мајка ми ги затвори вратата но јас се патосирав доле. Толку ми падна смешно. -ДОбро ќе средам..НИКОГАШ!
Повторно, мајка ми. секој ден, нов бисер. Пред малку. Мајка:Kога ќе си легнуваш денес, пак во 4 Јас: Не, денес малку порано. Мајка: Ахам, значи денес во 3:59 Ме насмеа мамичке, најмила, еве и тука свечено ветувам, порано ќе си легнам до кај 2, 2и30
Говорот на татко на моја другарка, по повод награда за филм, нешто такво... Му рекла, немој да ме обрукаш, а он почнал со говорот: Јас сум вака, многу несреќен човек... Кога ми го имитираше прееска, се пукнав од смеење
Мајка ми и татко ми.Невидена двојка се! Телевизорот уклучен, а татко ми спие ,ама даљинското не го испушта од рака. Доаѓа мајка ми и му прави - ТААК на даљинското и си пушта турска серија! Татко ми си мисли дека е по негово,а мајка ми си гледа што сака и мир у куќа!
Се изнасмеав и јас Да не бидам оф-топик. Денес ме насмеа дечко ми,бевме во шопинг и вика:Дојди сега да прашам по колку се обеткине да си купам,и влегуваме во продавница и го прашува продавачов,овај му одговоре и дечко ми : Аман бре многу скапо (и слатко си се изнасмеја) Јас:Покер фејс :geek: Секогаш прави вака,таков тип е од никого нема срам и се му е на зафрканција тргнато,ах ќе тргам маки Ама после тоа беше смеењево кога си го враќав филмот назад,леле продавачов каква фаца направи. Обетките не беа ич скапи ама тој ако не кажи глупост нема да биди