Не сум знаелa Математика, епа сигурно нема да одам во продавница и да кажам ДАЈТЕ МИ КАШКАВАЛ ВО ФОРМА НА ТРАПЕЗОИД СО ПЛОШТИНА 680cm КВАДРАТНИ И ПЕРИМЕТАР 150cm ... Кој е Главен Град На Фејсбук ? Лајкот..!!
Where have you been all my life? What do you mean - I wasn't even born for the first half of it. hahahahahahaa
http://www.youtube.com/watch?feature=en ... IKx_A&NR=1 Може се глупира и може за некого не е воопшто смешен али јас му се смеам на сите клипови!
Порано кога се тепавме и каравме ни викаа „Престанете, не сте на пазар“, а сега „Престанете, не сте у собрание“.
Утрото на Англичанец : Оди до ладилникот,го отвара,ги зема јајцата, ги пржи, ги јаде. Утрото на Французин : Оди до ладилникот,го отвара,ги зема јајцата,ги вари, ги јаде. Утрото на Македонец : Оди до ладилникот, го отвара, си ги чеша јајцата, го затвара ладилникот
Работи кои мора да ги направите барем еднаш во животот • Влезете возбудени во продавница и прашајте која година е. Кога ќе ви одговорат, викнете на цел глас: „УСПЕА“ и истрчајте надвор пресреќни… • Купете папагал и научете го да кажува: „Помош! Ме претворија во папагал.“ • Секогаш кога треба да одговарате на табла, носете со вас неколку креди (маркери) во боја. Доколку сте теле за прашањето, нацртајте голема шарена врата на таблата и почнете да гледате замислено во неа. • Влезете во преполн лифт и кога ќе тргне застанете пред сите и кажете: „Се кладам дека се прашувате зошто ве собрав денес сите тука.“ • Одете на џогирање, пуштете ја гласно песната „Еye of the Tiger“ и трчајте како на забавена снимка и почнете да ги повикувате сите околу вас да ви се придружат. • Во моментот пред некој да кивне гласно викнете: „ПИКА ПИКААААА…“ • Влезете во преполн автобус и почнете без прекин на цел глас да ја пеете насловната мелодија од филмот „Бетмен.“ • Додека се возите во лифт отворете ја вашата ташна/ранец/актовка и прашајте загрижено „Имаш ли доволно воздух таму?“ • Застанете наеднаш во центарот на градот и зачудено погледнете нагоре. Стојте така сè додека некој не ве праша што се случува, потоа чудно погледнете го и продолжете со одење… • Облечете костим кој е карактеристичен за некој од претходните векови. Излезете надвор и одете збунето на улица. Прашувајте ги луѓето околу вас зошто се толку чудно облечени… • Одете во парк, закачете конец на банкнота и почекајте некој да ја забележи. Кога ќе посегне по неа – повлечете ја неколку сантиметри накај вас. Повторувајте го тоа сè додека не сфати дека станува збор за шега.