Денеска ме насмеа http://www.youtube.com/watch?NR=1&v=tqU ... ature=fvwp 2:21 Растури од мешање баткава, алал да му е. Не Азис, тој другиот. Да си го оженам има по цели денови да ми меша! Отсега дечковци што знаат да мешаат само! http://www.youtube.com/watch?v=P9sQZLtsfp8 Лавр, факр, аха! Честит Валентајнс деј и од менека!
Едни дечиња пред малце. Си одам по пат за накај дома, и си играа 2 дечиња блиску патот. И едното упорно вика по мене: Девојче, девојче. Се вртам, и ми вика: Овој Александар (покажува со прст накај другото дете) те сака. Викам: И јас го сакам него. Се кикотат, по едно време пак го слушам детево: Девојче, девојче. Зајде од викање, а јас бев бајаги оддалечена од нив, и на крај со сета сила го слушам: А девојко, може ли мене да ми бидеш девојка? Абе Александар е до тебе, како не ти е срам такво нешто да ме прашуваш.
Во веро маркет на каса, фамилија си пазарува.. и мало детенце седнато во количката држи барбика и како што стојам јас позади нив, детето ме гледа и вика im a barbie girl.. и си ја нишка лево десно барбиката..
Нови фејсбук поговорки: - Секој статус за три дена. - Мижи да те тагнам. - Волкот профил-слика менува, ама табиетот не. ... - Гладна кокошка, Фармвил сонува. - Покажи ми листа на пријатели, ќе ти кажам каков си. - Убав коментар, железен профил отвара. - Петко уште нероден, има Ѕид. - Види му го профилот, суди му за умот. - Зад добар фото албум, прашина се крева. - Што на ум, то на статус. - Двајца се караат, третиот ги чита. - Пријателот во фејсбук се познава. - Ѓаолот, нит шернуе, нит лајка.
http://www.youtube.com/watch?v=Rc2Fx0QlNcU хахаха морам да признаам дека битолчани се ЗАКОН!! хаххаха