Мојот внук кој има 2 месеца.Друштво.да направам некој да се чувствува убаво.Да расположам некого, да помогнам некому..Да си одвојам време за себе
Ситни ρаботи. Да си станам специјално за да го гледам изгρејсонцето (после можам и да си пρилегнам паκ) Да тρчам, да шетам во планина, да пливам. И многу саκам κога ги слушам малите бρатучеди κаκо си игρаат/се κаρаат. Ме потсетуваат на мене и сестρа ми.
Најсреќна сум кога на некој ќе му помогнам или ќе направам среќен некој друг. Тоа чувство ми е неспоредливо иако има и други нешта што ме прават среќна.
Ме прави среќна да основам своја фамилија со мојата љубов, да работам да се борам за секое нешто што го сакаме и двајцата, да бидам далеку од земјата и работите што ме прават несереќна. Да се дружам со позитивни луѓе да бидеме здрави живи весели секогаш насмеани и добро расположени. Да шетам и да запознавам ноци места лиѓе традиции и карактери едноставно неуморно да се борам и живејам секој ден максимално.
Ме прават среќна прегратките од дечко ми,мајка ми, татко ми. Ме прават среќна фамилијарните собиранки. Ме прават среќна прошетките со саканиот.
Убав работен ден, постигнат успех, пофалба од колеги, средба, бакнеж и прегратка со него, моите мили мачкици , ново парче облека и чевли накит , добра книга и чоколада
Најново најмалиот нов член во фамилијата, најмалата братучеткичка. Кога ќе ме фати со малото раче, цело срце ми се полни. Пахулицаа најмила
Кога сме сите дома весели и славиме,кога патувам на места кои не сум била и останувам подолго време,кога ќе постигнам успех и најмногу кога ќе ми кажат дома дека се горди на мене
кога патувам и истражувам нови места кога некој ќе ми каше дека е горд на мене време поминато во дружби со искрени пријатели- несебични, незавидливи луѓе кои знаат да се радуваат и на туѓа среќа позитивни и љубезни луѓе- ептен ме радува кога ќе сретнам вакви луѓе кои едноставно зрачат со некоја позитивна енергија и прават да се чуствуваш пријатно. Таквите мали гестови што ги прават љубезните луѓе како придржување на врата кога излегуваш од некој објект, ќе те пуштат пред нив да наплатиш на каса бидејќи се брзаш а имаш само две три работи да наплатиш и слични ситни работи кои едноставно можат да ти го разубават денот и да ти го поправат расположението. време поминато со бебиња, мали дечиња- ептен ми се срцки, така наивни, искрени, душички кога успевам да измамам насмевка на нечие лице и да направам некој друг среќен( ова малку клише звучи ама стварно ме прави среќна, понекогаш кога одам по улица случајно ќе разменам поглед со некој непознат и во моментот кога ќе се погледнеме очи во очи со тој човек се насмевнувам и ептен пријатно и убаво се чуствувам кога тој/таа ќе ми возврати)
Зборот среќа за мене е тежок збор. Среќата е голема колку што е голем успехот. Една личност ме правеше најсреќнана свет, или барем јас така мислев до моментот кога сфатив дека не му значам и дека не му е грижа за мене.
Среќна ме прави син ми. И ќе бидам пресреќна ако стално е до мене, макар што јас секогаш ќе го носам во срцето, без оглед каде ќе живее