Најмногу од се', оние моменти кога помеѓу мене и дечко ми има беспрекорна хармонија, огромна доза на слога и предобри вибрации, и сме си пренајопуштени. Исто така, долги муабети со две стари другарки. Се случува да не се видиме со месеци, а понекогаш се случува и тогаш кога ќе се видиме да не разговараме нешто посебно многу. Но оној пат кога ќе се случи да се изназбориме ко навиени додека гласот да ти се смени, е тогаш ми е најубаво. Од малите работи, во последно време многу ме расположува ладен туш и ладно пиво после работа. Знам, минијатурка у животот, но кога сум се вратила изморена, испотена и ненаспана дома, а сум немала други обврски и работи за правење, токму таа рутина ме прави баш среќна.
Најпрво, тој ме прави среќна. Среќна сум што го имам и што се сакаме најмногу. Среќна ме прават моментите со него кои секогаш ќе ги паметам. Среќна ме прават моите миленичиња кога ќе ме видат и трчаат накај мене. Среќна сум кога луѓето кои ми се битни се среќни. Среќна ме прават длабоки разговори со кои создавам посебно ниво на конекција. Среќна ме прават многу мали нешта. Чукањето на капките дожд по прозорецот. Мирисот на почвата после дожд. Пеење на омилената песна на радио во автомобил додека се возам. Пролет. Романтични ноќни прошетки. Песни што ме потсетуваат на детството. Одење на добро заслужен одмор. Мирисот на морето. Зајдисонце. Природа. Нова епизода од омилената серија. Немање обврска да станам рано следното утро. Кога ќе се разбудам наспана. Неговите „добро утро најсакана“ пораки на месинџер секое утро. Делење на омилената чоколада со него. Добивање мал подарок без повод. Неочекувани прегратки. Сликање совршена фотка. Крај на колоквиумска недела.. and so on.
Децата ме прават среќна. Денес бев кај една пријателка. Нејзината ќеркичка е 3 годинки. Толку е мила што цело време ме гушкаше, ме бакнуваше и се смееше. Кога сите луѓе би имале вакви искрени позитивни чувства светот би бил подобро место за живеење.
Материјални нешта.. кога ќе си купам нешто ново мислам дека животот ми е станал поубав хахахаха Мали дечиња како се смеат трчат си играат Гледање филм Патување без разлика на дестинацијата Читање книга особено некоја психолошка Поминување време со фамилија/пријатели
Добро здравје на ќерка ми, мажот ми и моето... Гушкање. Добар филм и музика. Танцување. Вкусна храна. Запознавање нови луѓе. Смеење за глупости. Патувања.
1. Храна. 2. Секс. 3. Убави плажи со прекрасен природен пејсаж во позадина каде што може да влезеш во водата и да пливаш 100 метри можеш да го видиш песочното убаво дно без никакви трави и остало. 4. Големи базени каде што можам да се фрлам и го испразнам или испрскам луѓето од страна. 5. Планини и разни природни околини каде можеш да уживаш да јадеш скара и да не се замараш со ништо освен звуците на птиците и дали имаш крлежи фатено. 6. Храна ќе ставам два пати, бидејќи е факинг преубава и оргазмична. 7. Кучиња. 8. Кога ќе победам на било какви натпревари, избори и слично. 9. Еден куп Серии и Филмови. 10. Цицки. (Човечки се разбира). Во било каква форма.