Внук миии, кога ќе го видам искрено насмеан со тоа убавите бели запчиња... ми прави некои муабети и притоа се кркори од смеење. Вчера побара да му пратам слика, се сликам по дома во горен дел пижама, косата фатена, прилегната на перница, ама бев насмеана и сестра ми ми вика, кога ја видел сликата искоментирал "wooow"... Ќе го јадам, бре... најмил ми е... melting...
Што ме прај среќен? Хм.... кога моите родители ќе ги видам насмеани и без грижа на лицето, музиката, работата, девојка, секс, велосипедизам, патување низ Македонија со велосипед, добра книга, добар филм, добар другар ...
Првите братучедчиња, кога и помагам финансиски на мајка ми, кога помагам на колешка, кога сум со мојата фамилија по цела ден и само на нив го посветувам времето, кога ќе воодушевам професор што тешко се воодушевува од другите студенти, кога ќе видам дека сум положила, кога се здрави моите најблиски, кога ќе помогнам на пациент во болница, кога ќе помогнам на стари лица надвор од болница, кога ќе го израдувам дедо ми, кога ќе ми ми помине низ глава спомен од баба ми, кога мојата фамилија се гордее со мене и тоа го покажува на најверодостоен мил и христијански начин - со насолзени очи од среќичка а не со пари, кога го пиам утринското кафе спокојно, кога ќе добијам некој чуден не модерен поклон пример за дувден дедо ми земал чинии три различни за мене и братучедчињата( бабами секогаш купуваше чашки и му било мака што тој ништо такво не ни купувал абе душаа) што не е скроз бела имаше некој сликички што јас воопшто не ги сакам ама таква љубов чиста кон чинијава како кон рајот да гледам значи во главно поклон со многу љубов одбран што немора ни да е убав, дечко ми и неговата посветеност, неговото разбирање, неговата насмевка, неговата огромна смисла за хумор,неговата искрена и така невина детска вистинска љубов, внучето, кога ќе и помогнам на комшиката што така измаченка женичка е... абе луѓе како сум се унесила во пишувањето знаев дека почнав многу да го ценам живототов ама незнаев дека волку многу ми лежело насрце од мерак да си напишам, како и да е благодарна сум многу на бога што имам на што да се радувам!
Среќна сум кога сум вљубена.Кога добивам внимание од тие кои ги сакам.Кога организирам и правам нешто со моите пријатели.Кога гледам филм и јадам чипс и чоколадо.Кога имам секс.Кога готвам измислени рецепти.Кога ги слушам омилените песни.Сакам да сум среќна.Но не сум.
Кога некој ќе направи нешто за мене без јас да му/и кажам. Кога некој ми верува или му верувам. Кога добивам искрени прегратки(ги нема многу).
Сјајот во очите на моето дете ме прави најсреќна, он кога е среќен, јас уште повеќе. Кога ќе помогнам на некој и тоа ме прави среќна. Потоа разни ситници, кога добивам внимание, кога успешно ќе завршам некоја работа...
Луѓето што ги сакам, дечко ми кога ми посветува многу внимание и кога ќе го видам после денови недостасување, кога ќе успеам за нешто што долго сум се трудела, кога за нешто сум мислела дека е невозможно, но сум решила да пробам и станало возможно...
Пешачење; гушки од личности што ми се многу мили, а за жал не сме блиску. И кога некој памти ситници за мене.
Кога моите најблиски се здрави и среќни , љубовта и вниманието од мм , кога ќе се сретнам случајно со луѓе кои одамна не сум ги видела , искрените пријателства ...
Ќерка ми. Добра книга. Патувања. Прошетка на планина, јас ќерка ми и маж ми, уствари сите заеднички прошетки и дружења ме прават среќна. Маж ми, кога сме сами, кога се во близина неговите, поточно мајка му друг човек е. И секако се ова зачинето со многу здравје, ако не сме здрави се е залудно.