Па среќна ме прават многу работи: кученца, кога некој ќе ме пофали, добра музика, кафе со пријателките или со добра книга, прошетка во природа и есен. Има уште но овие се најглавните.
Кога сум задоволна од самата себе! Кога успешно ќе си завршам тоа што сум планирала! Кога се моите најмили насмеани, кога јас ќе успеам да расположам некого! Кога ќе си купам некоја ситница и ми се јави она чувство што го имав кога моите ми го купија првото точаче со помошни тркалца! Уште се сеќавам со каква среќа му се залетав и го пробав првиот круг во жена парк! Среќна сум кога им готвам на моите сакани! Кога сум со мојот најмил и си гледаме опуштено филмче, со чашка винце! Кога сум на журка и ме понесува атмосферата, кога се создава групна еуфорија! Кога планинарам, посебно рано наутро кога се буди приридатда! Нема ништо поубаво да ја вдишуваш целата природа со сите нејзини миризби во рано утро! Ехее можам да набројувам многу! Многу работи ме прават среќна, ама па и многу ме ме прават несреќна! Така да најубаво е кога си задоволен! Баланс...
Додека го прочитав текстот на еден момент помислив да не сум го пишувала јас ова ,да не си случајно рак во хороскоп ?
среќна ме прават успесите! Личностите можат да ме усреќат, но и да ми ја земат среќата... Имам една личност во животов што ме прави среќна кога е покрај мене!
Многу работи ме прават среќна. Најчесто ситници Среќна сум кога ќе постигнам нешто што одамна сум го посакувала. Среќна сум кога ќе завршам некој работа, важна за мене. Среќна сум кога зимам маче од улица и го бањам го хранам и го чувам барем еден ден Среќна сум кога ќе си направам ново парче накит. Среќна сум кога ќе направам нешто хумано Среќна сум кога се ми е средено дома, под конец Среќна сум кога ќе видам полн фрижидер, и кога ќе зготвам нешто сама Среќна сум кога ќе го гушнам прасето мое Среќна сум кога излегувам само со френдиците и се опијануваме до даска Среќна сум кгоа имам инспирација.. ... па вака кога набројав, многу сум си среќна
Во последно време...искрено од срце ме прави среќна насмевката на татко ми и слаткото име што ми го даде,расположението на мајка ми,неговата толерантност и ретките моменти што ги имаме заедно,но се проследени со интензивни емоции,па се чувствувам како девојче во пубертет со пеперутки во стомак.Дедо ми,бабче и нивните секојдневни расправии,тоа значи дека се во ред колку што се може,суштеството мило што си го видов после 4 месеци конечно,интересни средби со подазборавени луѓе,успешно научен материјал,кога ќе се погледнам во огледало и ќе го видам она што оддамна сакав да го видам. Ме радува и дождот,ме радуваат и штипчињата од Џамбо и играчката од киндер јајцето што го делевме,а ми го подари во име на детето во мене! Ме радува мачорот,конечно се прибра дома после цело лето дивјачење,особено утрово ме насмеа.Седнал врз лап топот до креветот и ме гледал како спијам,отворив очи и само го накриви главчето и зачуден испушти едно тивко мају! Створ чудесен!
Mе прави срекна керка ми која утре прави 1 год.и кога ке ја погледнам како се учи да оди бубаче.Cрекна сум кога се ми е чисто дома.Cрекна сум кога сум со другарките и пијам кафе.Cрекна сум кога идее викенд.Cрекна сум кога ке ми го бендисаат јадењето
Среќна сум кога гледам дека тие што ги сакам се среќни.... Среќна сум кога знам дека сум сакана и знам да сакам... Среќна сум што сум ова што сум... Среќна сум кога седам на дождливо време покрај мојот прозорец и кога ја чувствувам свежината на воздух, кога ќе слушнам некоја музичка нумера што ме навраќа наназад на некои моменти кога сум била навистина исполнета. Среќна сум кога ќе успеам да расположам некоја драга особа и кога ќе го видам тоа во нејзиниот поглед. СРЕЌНА СУМ БЕЗ НЕКОЈА ПОСЕБНА ПРИЧИНА♥!
Среќна сум кога се среќни и здрави моите дома, кога постигнувам успеси,кога ќе си остварам нешто планирано, добра музика, кога ќе ми пуштат некоја омилена песна кај и да е, кога има добра журка, квалитетно благо... ехее можам уште да редам... многу работи ме прават среќна
Среќна сум кога оние што ги сакам се среќни, здрави и насмеани. Среќна сум кога ќе ја слушнам омилената песна. Среќна сум кога сакам и кога чувствувам дека и јас сум сакана. Среќна сум кога е убаво времето. Среќна сум кога во сабота наутро се излежувам во креветот. Среќна сум кога после долг разговор се чувствувам подобро. Среќна сум кога ќе си поминам убаво на излегување. Среќна сум кога ќе си купам ново парче облека. Среќна сум кога уживам во омиленото јадење. Среќна сум кога ќе остварам нешто што долго време сум го посакувала.
среќна ме прават пријателите и семејствотооо има и други нешта кои ме прават среќна ама овие ми се најважниии
Среќна сум затоа што штркот ме донел во моето семејство, како прво. Среќна сум што ме воспитале како што треба. Среќна сум што сум искрена, што знам што сакам, што сум амбициозна. Потоа среќна сум што сум ги нашла моите пријателки, најдобри. Тешко е да се најде вистински пријател во денешно време..
Па има повеќе работи кои ме прават среќна, на пример: -Кога ги гледам моите блиски среќни. -Кога некој ќе ме пофали. -Кога ќе постигнам некој успех. -Убава музика ме прави среќна. -Кога сум опколена со луѓето кои ги сакам. -Малите нешта ме прават среќна, како на пр. подароци и сл. И многу други работи.
Најсреќна ме прават семејните моменти кои во овој период од годината ги има во изобилие. Ги ценам ваквите мигови, затоа што за жал се ретки. Не знам кога последен пат сме седнале сите заедно да ручаме, секој си е на своја страна со свои обврски и планови.
среќна сум кога и други личности се среќни,кога седиме со семејството и сме добро расположени,кога добро ми оди во љубовта,кога ќе постигнам успех... постојат многу работи кои ме прават среќна а тоа е добро за да продолжам по правилниот пат