Тука сме женски и за нас се прават многу работи за да ни докажат дека не сакаат. Момчињата се тие што прават, а што вие имате направено за вашиот партнер? Јас напишав графит
Што вие сте направиле за него !? Направив се и сешто за него, а тој за сите работи што ги правев за него ми врати на најлош можен начин, затоа женски отворете очи и недозволувајте некој да ве игра ко шо сака, некаде ве чека принцот!
Што вие сте направиле за него !? Го имам нацртано, и и ден денес го чува тој цртеж,баш е идентичен. Му имам пишувано писма. Мноооогу пати го имам изненадено кога најмалку очекува. Здравје имам во план и да направам едно видео...со слики по хронолошки редослед, со пораки, наши песни.
Што вие сте направиле за него !? ништо...и баш за тој што нема да правиш ништо се ке прави за тебе за овој другиот немам ни намера да правам нешто...не вреди
Што вие сте направиле за него !? Ајдеееее ... Немојте да размислувате така Бидете оптимисти ... На крај краева зошто сте со него ако мислите дека не ве заслужува !? Или ако не заслужува од вас да направите ништо за него !?
Што вие сте направиле за него !? Можеби освен некое поклонче со мои собрани пари,скратени од кафе и јадење,не направив нешто посебно,што направив? Го сакав искрено,му верував,и знам дека се гордееше со мене, јас го направив човек и му го променив мислењето за некои работи кон подобро,само ова успеав да го направам
Што вие сте направиле за него !? Колку ли е сурово да признаам дека ништо не сум направила?! И тотално се согласувам со пишаното погоре, колку помалце се трудиш ти, толку другиот прави се што може... нормално до некја граница додека не се откаже скроз и не му пукне филм. Деновиве и онака сум тотално во некоја збунка, темава уште толку ме утепа.
Што вие сте направиле за него !? Па си излегувала за него и кога не ме пуштале од дома, потоа му направив нешто многу романтично за денот на вљубените , сум собирала пари само за да му купам нешто убаво, се откажувам од некој работи само за да се видам со него и не ми текнува другоо а има уште ..
Па многу работи имам направено за него..му купив животинче..кога беше болен отидов на гости кај него ненајавена иако неговите не ме знаеа и тоа многу го израдува.. не отидов на турнеа заради него..пошо му беше роденден а и праевме месец и откажав се... има многу...
Секогаш сум била тука за него, му имам напишано повеке писма, изненадено неочекувано и бил пресреќен во тие моменти се имам карано со моите поради него си имам скратено од парите што сум ги имала за да соберам и да му купам подарок и што уште не а најважно од се е тоа што го сакам повеќе и од самата себеси.