Не се откажав од него, и покрај тоа шти сите ми викаа да се откажам од него, и покрај сите глупости што ги прави дури и тоа што ме зема здраво за готово, и покрај сите додворувачи, и покрај тоа што знае некогаш да се повлече и да исчезне, никогаш не го критикувам и не сум злопамтило, нема ништо да му вадам низ нос. Го прифатив каков што е, таков и го засакав.
Све и свашта Мали интересни изненадувања.. Гаќи со некој смешен натпис Негово омилено јадење готвам е баш кога не му се јаде или ке рече на диета сам Када наполнета со вода и со рози и свеќи, подот исто со свеќи наредени како правец кај треба да оди Кактус наместо будилник нервираше ме алармо негов до неговата ноќна комода, кога имав одмор пред 1 година , купив кактус мал. И така заспаме заедно, јас стана после 1 саат скри го саато стави кактусо, и сабајле ѕрррррррррр алрмо се уклучи и он траааассс на катусо да го исклулче. вика по мене едно 2.3 минути и после ме џитна на кревето и само ми викаше будалче мое сега знам зашо се омажи со тебе, уфф фала богу добро не е баш романтично ама интересно беше Секси облечена , во некоја униформа чекам го од работа, ако помала еден број ама збирам стомаче шо да се прае Нон стоп кажувам „леле срце мора да одеме овоа треба да правам оноа бла бла „ само за да го извадам од кај мајка му да не седе цел ден Купувам му BlueRay цедиња што ме чинат колку едни штикли ама ајт од љубов Најбитното..! Се оделив од цела фамилија и другарки и другари , се откажав од факултет се оделив од мојта татковина САМО ЗА ДА БИДАМ СО НЕГО Тоа е доволно
Секогаш кога сум му била потребна сум била тука за него, сум го сакала и го сакам безусловно, кога отиде во друг град на неколку месеци и јас нон стоп одев таму, макар и на еден час, па и на 5 минути, само да се видиме, го помагав финансиски кога имаше потреба за тоа, колку пати само излегле од неговата уста зборовите ова никогаш нема да ти го заборавам... И тоа е малку, нема нешто што не би направила за него, се што е во моја моќ. Исто како и он што има толку направено за мене.
Ништо посебно. Освен тоа дека за тој година период си ги дадов нервите,белите дробови и црниот дроб што ми беа за од педесетатта година па натаму. Затоа и ќе си умрам млада, немам нерви за понатаму.
Една-две пици (кои беа преубави ) и макарони многу пати. Напишав и писмо од 5-6 страни. Искубав и уште кубам нерви, трошам време, зборови, итн ... И уште многу работи, кои тој си ги знае.
-Откажав другарки и шетање до сабајле за него веке 4 години -Минатите 3 дена бидејки бевме малку подскарени ослабнав 2 килца што за мене е многу -Се дотерувам само за неговите очи -Гледам некои филмови чиј жанр не ми се допага само за него -Секојдневно му се јавувам барем еднаш ако не се јавам како да ми фали нешто -Се радувам како мало дете на сладолед кога треба да се видиме -Планирам иднина со него. -Се` правам за негo и за ништо не жалам
Сум погазила два основни мои принципи во животот (дека ништо нема да имам со некој колега и со некој помал од мене)-го добив тоа во едно пакување, all inclusive Вложив премногу нерви, го толерирам неговиот затворен карактер, тврдоглавост и претеран перфекционизам во сите аспекти на животот Се согласив да живеееме заедно на место кое не е ни мое ни негово-ова понатаму може многу да ме чини, свесно влегов во тоа (не сме под кирија) Се откажав од градење фамилија „на време“ (ова не е мое мислење, туку мислење на целокупното опкружување и нашиот ментален склоп како народ) И ќе направам уште неколку отстапки во блиска иднина.....се' само за да дојдеме до нашата посакувана цел. Инаку, многу поголема би била листата што направил тој за мене
Го сакам, го ченам и почитувам.....го пазам и мазам...се што му се допаѓа го добива кога сум во состојба да можам да му го купам...Го поддржувам во се во животот. Сметам дека ваквите работи му се доволни...Изненадувања...имало, вечера само за нас двајца, да му купам нешто што најмалце очекува..Ете пред неколку месеци му земав мала количка фиат 500 со логото на Јувентус, беше воодушевен....Се радува на такви ситници, знам дека друго не му треба.
За него сум направила многу работи... -Торта за роденден -Многу пати сум му правеле јадење ... сум пржела помфрит, манџа, јајца... -За родендени,именден сум купувала поклони - Му пишував писмо -Кога си идев од странство сум му купувала поклони, чоколади... - На почетокот сум се карала со мајками заради него.. Ќе пишував уште но дојде дечкоми да не ме завари тука го сакам, го почитувам тоа е најважо
Многу работи,кои што очигледно не беа доволни.. Прво влегов во фејк врска ради него за да примети дека постојам,откако примети променив буквално се..дознав какви девојки свиѓа,почнав рокерски да се облекувам,почнав рок да слушам,однесувањето го променив,едноставно трчав по него........за еве на крај тој да се гади кога ќе го слушне моето име,да бега и да се чуди.Извини јас не сум страшило јас сум само будала која што залудно трча по тебе.
Еден куп работи кои негде во срцето ќе си останат како убави спомени, но најбитна е што го сакам, тоа треба да му е доста
Уф, многу работи и ме нервира бидејќи вика дека ми должел , а знае дека сум задоволна со толку малце, because I appreciate the little things.. Кога се љуби за ништо не се должи, ама не можам да му докажам. Книгата „Ангели и Демони“ - Ден Браун, бидејќи знаев колку многу сака да ја прочита, за денот на вљубените. Слатко изненадување со омилените чоколатца од двајцата и плус десетина убави и искрени реченици од срце и неколку убави цитати запишани на post-it и залепени во кесичката и чоколатцата, да се помачи дури ги најде и да му е интересно. Беше премногу изненаден од тоа мое мало изненадување. Илјадници ситници, разбирањето што го покажувам за неговиот неверојатно интересен и чуден карактер и за многу други работи, прифаќањето на тоа каков е, тоа што го љубам повеќе од секој друг на светов. Тоа што сум подготвена се да направам за него. Нашата омилена заедничка вечер и се тоа што тој го направи/прави за мене.
Се имаме жртвувано многу еден за друг. Но, еве нешто смешно. Му напишав писмо за Св. Валентин. Тој студира во Скопје. Во плик го ставив писмото и слика од нас. Адресата негова ми беше во бледа меморија. Ама ако го прашав ќе забележеше дека нешто му спремам. И така на жими мајка го пратив писмото. Кое не стигна кај него никогаш! Кој знае кој си чува дома слатко љубовно писменце и слика со две гулапчиња на нејзе. Хахах Неможам да престанам да се смеам кога ќе се сетам...
Ништо што тој може да го виде се сум правела тајно сум пишувала љубовни белешки и немам кажано на никој... инаку за него сум излегувала во 3 на полноќ за да се видиме крадешкум се разбира моите би ме отепале сум одела од продавница до продавница за картичка со кредит за да можам да го скорнам да не се успие мајчиниов ...и тој за се шубо ми врати мхх абе глупави сме ние женскиве не вреди ништо
Сѐ што сум направила и сѐ што правам за него, го правам со премногу Љубов. Немам апсолутно никаква желба да се конфронтирам со него, за тие намени имам мали minions околу мене и ним им ги истурам моите нервози, зашто он ми е за љубење, а не за коси кубење; во ниедно време од денот и ноќта, колку и да сум уморна и полузаспана, би станала да му направам нешто за јадење; го масирам - и физички и нервно, му читам на глас, му пеам, го сексам, го забавувам, со еден збор - јас сум му one woman show, треба да е ненормален да оди да ѕирка по други деколтеа; за неговите најлоши навики е известен дека ме вадат од такт, но и замолен никогаш да не ги смени, зашто на тој начин ќе се промени, а јас го сакам целосно, до коскена срж онаков каков што си е ... И за крај - не прашувај што можеш да сториш ти за него, туку што прави тој за тебе...