Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што вие сте направиле за него?

Дискусија во 'Врски' започната од JustBeYou, 13 мај 2012.

  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Пробав да направам шпага за да му покажам дека сум у форма како некад и истегнав лигаменти ]:) .

    Озбилно ништо нарочито, ништо посебно веројатно тоа што го сакам искрено е сосем доволно за да биде среќен.
     
  2. Palestinec

    Palestinec Нов член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    17
    Ништо....не ни намеравам.............
     
  3. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Прашањето би било - што не сум направила за него ????? Почнувајќи од започнување врска со него притоа знаејќи дека уште ја нема заборавено претходната, па преку глумење лудило 7-8 следни месеци као демек нз и не чувствувам дека е со мене не заради љубов туку заради други х причини што не се ни за на анонимен форум, па долга фаза од речиси две години коа се виде дека стварно тоа беше Љубов со capital L, нешто се` уште неописливо, фаза во која буквално живеевме, дишевме, сонувавме и функциониравме како едно, му влегов и ми влезе под кожа, пак буквално, го преживеавме моето идење у Америка на 4 месеци, враќањето ја продолжи хармонијата и бајката - и..... Тука почна хоророт, си дозволивме да ги надминеме границите - никогаш ама никогаш не се натпреварувај со љубовта во нешто толку опасно....Следеше уште година ипол мое давање за него - душа, пари, расчистување негови сметки со фаци и места што не се ни за спомнување, лажење за да му спасам г*з, оддалечување од сите мои блиски (не целосно, да не се разбереме погрешно) коишто упорно сите години велеа дека со него тонам...простување неверство, за да после месец-два сфатам дека уствари јас сум лав и такво нешто не простувам...и конечно да се разбудам.

    И џабе. Се разбудив, сфатив дека Љубовта е само мисловна именка, дека родена сум сама, пред него бев сама, со него проживеав се` што може да се проживее, и толку, ќе си продолжам пак сама. Ама премногу сум му благодарна...баш за секој единствен момент од таа 5-6 годишна одисеја...Благодарам што ми го покажа светот, благодарам што ми покажа дека имам емоции, благодарам што ме научи дека правилата постојат за да се рушат, благодарам што ме сакаше, благодарам што ми го направи тоа што ми го направи, благодарам што ме направи борец, благодарам што беше најдобриот про**ет учител на овој е*** свет, благодарам што ми ги сруши сите предрасуди, благодарам што ме научи дека тоа што не ме убива ме прави посилна, благодарам што ме научи да преживеам...

    Е сега...Извини што се` уште нејкам да се вратам со/кај тебе, извини што ученикот го надмина учителот, извини за се` што ти вратив тродупло (јбг, посилно беше од мене), извини што станав поголем преварант, лажга и манипулатор од тебе, извини што не сакам и наредните 5 -6 год да ти бидам мајка и карпа што те држи....

    И на крај, извини што го направив сето тоа за тебе, ако не го направев може немаше сега и двајцата да умираме еден по друг а да не сме заедно, ако некаде ставев граница и ти кажав НЕ може се` уште ќе бевме парот од "Candy" [only the good parts, you know it ;) ].

    Уште еднаш, ИЗВИНИ за се` што направив за тебе!!!

    Maggie ;)
     
    На Tikvice, Cataleya, Ingvild и 3 други им се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    :lol: и јас исто како тебе и го пикнав во колата ,и го нашле неговите родители .Која глупост,е за тоа дете што ли не направив како кловн се глупирав :lol:
     
  5. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    хахахаха,во една реченица,триста чуда :P
    како прво,се откажав од се и од сите момчиња тука само за да бидам со него :lol:
    од различни градови сме,па многу пати сум бегала од дома да одам таму :rofl:
    еднаш кога бев на натпревар токму кај неговиот град,на паузата силно се раздрав дека го сакам...си се посрамив јас ама важно на него му се допадна,хах :inlove: :inlove:

    поздрави и бакнежи до сите вас :* :*
     
  6. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Одбив 10тина момчиња на кои им се допаѓав и ми се допаѓаја (а најголем дел од нив беа срцки деца,културни,фини) иако сеуште не знаев дали му се допаѓам нему.Се скарав со 3 другарки... само затоа што него му сметаа.Ги лажев моите дека одам Охрид на капење со другарките,кога одев Струга само за да се видиме иако за 3 дена доаѓаше распустот и тој ќе се вратеше Бт.Во 12 часот вечерта одев ка него во малата за да не се налути.Се нервирав толку многу.. знаеше толку многу да ме провоцира,ронев солзи..... но не можев да му останам лута.Се правеше јак,ме замараше со неговата љубомора,предизвикуваше тепачки од таа причина.А јас се му простив.И останав на негова страна,до крајот.Ниту еднаш не се посомневав во неговата љубов,го прифаќав секој негов чекор,секоја постапка.... научив да го сакам,да го почитувам.Научив да го поднесувам неговото честопати неподносливо однесување.Имав проблеми со моите дома,имав и со него. Се насочив кон него.... бев негово рамо за плачење,негова поддршка.Ниту еднаш не го одбив кога бараше помош,ниту еднаш не го оставив во неизвесност,ниту еднаш не го разочарав. ;)
    Но... изгледа не беше доволно ова,па дојде крајот.Идиотски ме разочара,а сепак продолжив да му правам муабет кога ќе го сретнам,никогаш не му ја свртив главата,никогаш не го одбегнував :) Сепак јас останав човек.
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Му имам купено многу поклони, имам пишувано 20 причини зошто го сакам (за неговиот 20 роденден), Имам пишувано писмо за нас, имам направено романтично со тоа што купив вино,нешто грицки,свеки и убава музика..многу беше убаво, многу пати му имам направено јадење,го имам частувано многу пати,нема ден кога сме биле заедно да не го галам по косата(најмногу сака)..., го сакам,го почитувам,му верувам...што уште би посакал? :?:
     
  8. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.899
    Допаѓања:
    89.478
    Пол:
    Женски
    Материјалните вредности јас не ги рачунам... така да сум направила да биде среќен, да се чуствува сакан сигурен задоволен и исполнет кога е до мене :tmi: :inlove:
     
  9. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    простив неверство
    му давам љубов неопислива
    го правам најсреќен, исполнет, задоволен и сигурен со мене
    да има најголема доверба во мене

    мислам дека повеќе од ова не може... :)
     
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    13.341
    Пол:
    Женски
    Што се не... :D
    Ама да ми е жив и здрав, се било од љубов. :inlove:
     
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Се што сум направила за него и се уште правам е со премногу љубов.
    Го почитувам,му верувам,му пружам задоволство,го изненадувам,го чекам со месеци.И сето тоа го правам бидејќи заслужува.Слободата што ја имам од негова страна е резултат на довербата.Можам ли да не го сакам човекот кој успеа емотивно да ме затопли :)
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.602
    Допаѓања:
    79.215
    Пол:
    Женски
    Ова е прашање на кое најточно тој ќе си каже.
     
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Сме направиле многу еден за друг, обострано и секогаш ќе правиме без очекувања без исклучоци без возврати..
    Никогаш не би била индиферентна и не човечна кон човекот со кој делам кревет, живот.. се, никогаш.
    Ако си него не го делам сопствениот живот ами со кој?!
    Јас во него пронаоѓам другар, роднина, партнер, човек.. се од животни вредности и секогаш ќе правам се за него без разлика на последиците.
     
    На blueberry93 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    pa neka napravi account i neka pise hahahah
    sum bila pokraj nego vo najteskite momenti
    torta za rodenden (umre od smeenje koga ja vide) na nisto ne licese hahahaha :D:D:D
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.812
    Допаѓања:
    266.935
    Не знам како да одговорам на прашањево :)
    Во средно кога бевме, тој полагаше матура а јас со другарките во Грција.
    По СМС му пратив есеј на англиски, па така положи.

    Толку долго сме заедно, што веќе не знам што е тоа што е посебно - секој ден, се правиме еден за друг.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Ја посветив на него мојата младост, ја оρиентиρав κон него мојата иднина, го сплотив со неговиот сопствениот живот. Му дадов семејство, дом, мотив за живот!
     
    На Cinderfakinrella, Jenniffer, Nikiii12 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Му ги посветив последните 2 и пол години од животот...
    Ваљда тоа најдобро кажува се.
    Времето е најскапоценот подарок баш бидејќи е многу ограничено и неизвесно..

    А за други ситници торти, поклони, изненадувања ехаа.. Не се ни бројат.
     
    На Summerlover, Nausicaa и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Доволно е да кажам дека го замислував во костум како стои покрај мене со таа круната и со бурма на раката ?
    Премногу го сакав. Никој дечко пред него не сум сакала да го запознаам со роднините и домашните.
    Овој сакав.
    Се трудев да му угодам и да се гледаме кога тој ќе сака. Секогаш бев изморена и се гледавме. За жал не успеав да му подарам ништо, а планирав.
     
  19. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Што би направила за него?
    Ќе го сакам, ценам и почитувам до крајот на животот, како што впрочем, го правам тоа до ден-денес. Ќе му верувам, ќе го поддржувам и ќе го бодрам за уште повеќе успеси.
    Изненадувањата ќе бидат дел од секојдневието и понатака...
    Има ли нешто поубаво?
    Хм.. Можеби карти за омилениот бенд за двајцата? :)
     
  20. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Го поддршав кога му беше најтешко