Госпоѓи нели не сте веќе госпоѓици Па ајде кажете ни, што ви недостасува од нештата што сте ги имале, а откако сте во бракот едноставно стивнале....со самото време.
Мене ништо не ми снемало за да ми недостасува. Се во свое време. Можеби кога ќе дојде бебето ќе ми недостига време за себе и помош за бебето, меѓутоа бракот сам по себе без дете не лишува буквално од ништо. Имам релаксиран брак со целосна слобода и доверба, да немам потреба ништо да си скратам. Понекогаш знам да се заматкам со другарките цел ден како воопшто да немам маж дома, знаејќи дека мојот маж за тоа време си ручал кај неговите, се видел со другарите и навечер ќе ме пречека насмеан да му раскажам како ми поминал денот. Единствената разлика е што станав одговорна за финансиите, па прво си ги планирам трошоците и сметките до крајот на месецот, и купувам само со тоа што знам дека останало, додека порано знаев да потрошам цела плата за пола месец и да не се замарам за остатокот од месецот, бидејќи дома кај моите ми беше се наредено.
Состаноците во раните денови. Целиот ритуал и тоа чувство ќе дојде ли, ќе се предомисли ли, ако касне зашто го нема а не сме се виделе некој ден, и се спремам два саата, па дремам на прозор пола саат и чекам да му ја забележам колата, и паника дека баш сега ми текна дека не ми се допаѓа тоа што сум облечела Знаете за вицот, после години брак се договараат двајцата ајде да се преправаме дека излегуваме како дечко и девојка и он ја чека на договореното место, оваа ја нема, он и се јавува, па дека си ма, а она вика па мама не ме пушти да излезам.
Мене ми недостасува целата таа еуфорија на спремање пред искачање,па што да облечам,па дали ќе му се свиѓа Ми недостасува и испраќањето навечер ,па бакнежи пред разделба Оф топик Леле Имелда ама ме насмеа со вицов
Единствено нешто што ми недостасува е повеќе време за моите родители. Не сум мамина или татина маза, но навистина многу ми е тешко што немам време за почести посети, подолги разговори... Се гледаме што се вика од празник на празник. Тие веќе со покревко здравје, имаат потреба од поголема помош, а и едноставно внимание. Не велам дека апсолутно се нема време, може да се најде, но секогаш излегува нешто што во моментот ми се чини побитно...Постојано го носам чувството на вина дека не правам доволно за нив....
Јас сум мажена скоро еден месец, и многу работи додека се прилагодам на овој живот вака, ми недостигаат. Ми недостига излегувањето со маж ми, кога бевме дечко и девојка повеќе излегувавме. Не дека сме "престарени" или не знам што, едноставно ми фали тоа. Сега или нема нешто време зафатен е со работа, или уморен е, или јас сум уморна од работа и двајцата на исто место работиме но не се гледаме многу, бидејќи и таква ни е работата строго службено. Не дека е сменет кон мене ок си е со чувства со се, но некако со излегувањево послабо ни оди за жал. Можеби е во прашање и тоа што правиме спрат (во куќа сме и моментално со неговите седиме додека се направи горниот спрат од куќата), го средуваме сега и финансиски малку сме онака КНАП со парички. Но, според мене тоа не е оправдување. Барем еднаш месечно може да се прошетаме до негде. Одиме кај другари, другарки, пријатели... но сакам барем ете така еднаш да прошетаме до негде на друго место онака чисто да се излуфтираме. Од кога не сме биле во кафич или во диско непаметам можеби има 4-5 месеци Барем сега додека немаме детенце да прошетаме малку. Не знам навистина што да мислам... можеби до мене е нешто! Ми недостигаат и моите другарки, бидејќи сум во друг град мажена сите другарки ми се во мојот роден град, многу ми недостигаат за кафе-муабет, за дружба....
ништо посебно,излегувањата продолжија,си живееме сами во стан,друштво ни доаѓа,излегуваме на вечери,на забави,ни доаѓаат родителите,одиме ние кај нив на гости. Ништо се нема сменето од пред да се омажам,само обврските малку се зголемија. Кога ќе дојде бебенцето обврските уште повеќе нормално дека ќе се зголемат.
BettyBoop25 па кажи му на маж ти дека сакаш да излезете, дали сами, дали со некој негов другар и неговата девојка, да си имате друштво, па ќе си се здружиш со некои од невестите/девојките на другарите од маж ти и не мора да се толку блиски за тајни да им доверуваш, ама ќе си имаш друштво и за кафе. Некогаш не им текнува на машките, па преземај ситуација во раце. Науми каде ќе одите наредната сабота пример, и кажи му, ако не си се обеќал на некој држи ја таа и таа вечер слободна, ќе излеземе малку на луфтирање мозок како што го викаш. Едно идење некаде на вечера еднаш месечно или на пијачки нема толку да го оштети буџетот за спрат спремање, ама на вас за врската и за тебе емотивно повеќе ќе вреди од еден квадрат цигли и малтер. Ти се навикнуваш на нова средина, најнормално е да се осеќаш малку несигурно и осамено без блиските другарки и се што ти е познато, нон стоп со неговите дома, ти фали приватност која би ја добиле сами надвор некаде, без свекор и свекрва во иста соба или преку еден зид, ама дали ќе излезете со момчето или не и од тебе зависи, не мораш да чекаш на него да те викне да излезете.
mnogu raboti se izmenija pa mi nedostasuvaat nasite sredbi sekoj den posle negovoto rabotno vreme i nasite pocesti ispagjanja so drustvo
не смеете да си дозволите да ве надвладее брачното секојдневие и монотонија.од искуство го зборувам ова.девет години сум во брак , имам седум годишна керка и сега очекувам второ.откако потпорасна керка ми доволно за да ја оставаме со преспиванје кај бабите ние еднаш неделно обично во петок навечер си излегувавме,со друштво или сами.не мора да е тоа којзнае каков трошок или гала вечера битно е обновуванјето на интимноста.децата не треба да се изговор, за двапати во месецот да си се посветите еден на друг, ке се најде кој да ги причува.
Флертот ! Еве тука ќе си признаам дека јас сум екстремен фанатик на адреналинот кој се создава кога некого заведувам.И тоа ми недостига.Многу ми недостига.
Баш ништо. Излегуваме секаде, се дружиме дури и поинтензивно сега (со негови женети/неженети другари, мои мажени/немажени другарки) Е сега кога ќе дојдат дева сигурно ќе има промени али сега за сега уште е рано за тоа
Апсолутно ништо, само си го добив саканиот до мене, па кога сакам ќе си го гушнам.. Тоа е нешто што ми фалеше бред бракот.
Тоа што многу малце време минувам со сестра ми. Кујната на мама Сега за сега тоа е тоа. Иако јатрва ми ми вели, кога ќе се одвоиш ќе ти биде многу полесно, зошто ќе почнеш да ги спроведуваш навиките што си ги имала претходно.
Размислувам, ја гледам темава. Пак размислувам, пак ја гледам темава. И заклучувам дека од животот пред бракот ама апсолутно ништо не ми недостига. Дури мислам дека попродуктивно функционирам во оваа отколку во заедницава со моите родители, брат ми и снаа ми. Шетањето и излегувањата ми имаат нов облик, пријателите кои биле вистински останале ден денес. Нема толкав стрес и контролирање. Нели велат, семејството не го бираш, но партнерот го бираш. Ете од тој аспект повеќе ми одговара ваков живот.
Фали она идење накај неговата работа после завршување околу 22ч. со она силно лупање на срцето и превртувањето на желудникот. Фали она чекање на повик и радување на секоја порака. Фали понекогаш она враќање накај дома, и спиењето сама во мојата соба. Фали она запознавање со пријатели, и стравот што ќе биде во иднина Фали медицинар! И луѓето од таму..И уште некои работи од порано
Не ми фали ништо. Смејството не ми недостига многу, си почнав мое и се фокусирам на тоа сега. Пријатели, тие што си беа си останаа, само сега со некои и поблиски од претходно. Социјален живот ист,ако не и подобар како претходно. Излегувања со мм исто. Дури и обична прошетка околу населба да е, супер е. Па и флертување и заведување имаме Уживам во бракот