Што ви недостасува од животот пред бракот?

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 10 септември 2012.

  1. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.832
    Пол:
    Женски
    Пред бракот ништо посебно, освен чат пат по малку Скопје и најдобрата другарка, што поради далечината и обврските преретко се гледаме. А пред детево, скоро се' ми фали. Не дека не си го обожавам детето и ич не жалам што го имам родено, ама едноставно ми фали таа слобода што ја имав пред да сум мајка.
     
    На katalina, Трагедијаупмм, Zumbulche и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.167
    Апсолутно ништо, дури преубаво ми е откако сум во брак

    Повеќе бев под притисок пред брак од сите страни, а посебно кога имаш родители кои сакаат да биде по нивно и да те контролираат и да ти се мешаат во живот.

    Бракот ми дојде ко кец на десетка иако и ден денес притискаат старциве за внуци, ама кој ги ебе нив , кога си со личност која те разбира, те прифаќа таков каков што си, со личност со кои имате заеднички желби и план како да го живеете животот, колку и да сере некој од страна , нема да влијае на нашите одлуки.

    Така да, слободно можам да кажам дека во брак ми е поолеснет животот.

    Еееее да ми кажел некој порано дека убаво било у брак ќе сум се омажела уште на 20 години, а не да чекм да фати Корона па оп брак.

    Судбина, така требало да биде.
     
    На englezot, Mumoftwo30, Bettina23 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    3.235
    Пол:
    Женски
    Ми фали да легнам и преспијам цел ден и цела ноќ
     
    На arwen93, Amore123, mKdevojce и 2 други им се допаѓа ова.
  4. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    3.833
    Пол:
    Женски
    Мислам дека најголемиот пресврт во бракот се случува не кога ќе стапите во брак туку кога ќе ви се роди дете. Ако двајца партнери живееле заедно претходно, не би требало многу работи да им се сменат после тоа. Речиси се е исто, освен неколку потписи плус и бурма на раката. Е сега друга е ситуацијата ако не живееле заедно, или ако треба да живеат во заедница или ако веќе влегуваат во некои заеднички финансиски обврски, тогаш некои работи се поразлични.
    Ама после дете се се менува, огромна пресвртница во животот. Тогаш се тестираат и живците и прагот на толеранција кај секој од партнерите и психичката состојба и финансиската стабилност и многу други работи што не биле видливи пред да дојде детето на свет. Повеќе поента би имало ако темава се викаше Што ви недостасува од животот пред дете :D
     
    На H.VAGA, Ena05, Autumn Love и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    И мене ама баш ми фали....
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  6. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    2.308
    Пол:
    Женски
    Искрено ништо.

    Буквално живеам исто како и пред брак како што сум живеела. Имам потполна слобода од страна на мм, шетам, излегувам со другарки итн.
    Само што прекратив со некои 'слободни' однесувања, респект си имам максимален спрема него.
    Домашните обврски ни се поделени, потточно јас средувам по дома, тоа ми е уживање, мм готви, пошто јас не сум по тоа, а он ужива во тоа.

    Башка и погодено ми е, ме поддржува, ме разбира, фондот за трошење ми е зголемен. :rofl:
    Не дека цветат ружи, ама кој како ќе си нареди и каков човек ќе си одбере.
     
    На Simon4e0507, zemzela91, diskreten32 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    3.689
    Пол:
    Женски
    Искрено парите :rofl:
    Си имав само за себе пари и си трошев на што сакав и колку сакав.