пред да се омажам живеевме сами со маж ми и искрено ми фалат многу работи од тогаш, животот ни се смени многу од коа дојдовме со неговите да живееме, но најмногу од се ми фали периодот коа се запознавме со маж ми, почетокот на врската. Коа се пресоблакав по 10 пати пред да искочам од дома, коа ке се разделевме си идевме дома и зборевме по 5 саати на моб, поише искачавме, ја уште студирав, па после фак коа ке ме чекаше, па ке продужевме некаде цел ден да шетаме, или коа ке имав за учење, па ретко се гледавме и ке дојдеше до кај мене на пола саат да ме види и ке си идеше, коа ке си седневме двајцата во некое кафанче и ке се начукавме за сите пари и многууу др работи
Малку повеќе дружење со неговите пријатели и моите пријателки и патување ндвор од земјава. Но сите се удомија и насочени се повеќе кон правење дечиња, немаат време за излегување, па и ние. Верувам дека кога и тоа ќе се среди повторно ќе се дружиме.
Ма баш ништо сега ми е полна куќата и срцето имам маж кој ме сака и почитува и најмилото и најголемата среќа која ме потсетува зошто сум жива е син ми
Апсолутно ништо! Никогаш не сум имала потик за такво чуство ниту размислување, бидејки бракот и заедништвото со човекот кој неизмерно го почитувам ми е најголемата и најпроценливата дар во мојот живот.
Imav ubav devojacki zivot,so sekojdnevni izleguvanja na kafe, nokni izleguvanja,sedenki, odmori so drustvo........imav ispolnet zivot,koga vlegov vo brak ne se zatvoriv doma, pak izleguvavme so soprugot, pak se druzevme......posto sum Iskrena sega mi e podobro mi fali samo edna rabota da si ja vratam kilazata hehehehehe koga bev devojka.....sega vaka zena ripnav u kilogrami
Ми фали оној утрински ритуал : будење, излежување во креветот, музика и кафе испиено на раат . Го практикував години наназад додека не бев мажена. И после тоа се се смени, се будам кога детето мое ќе стане а не јас кога ќе сакам, наместо излежување преминувам на менување пелени, наместо музика слушам ,,кај ми е јакната, ги нема клучовите од кола, што треба да пазарам од маркет,, (задолжителен муабет од ММ насабајле) или едноставно слушам детско цимолење без причина. Наместо кафе пружам алишта и спремам доручок. Ми фали и она безгрижно излегување од дома, ненадејни седенки и непланирени посети на кафани. А сега секое излегување е пропратено со мислата ,,заспијала ли веќе малата,, или ,,како ќе станам сабајле и како ќе постигнам се да завршам од обврските,, Ми фали и тоа заработените пари да ги искористам за еден доообар шопонг. Солун...м? Како во оние добри времиња кога можев да профукам се заработено и заштедено. Наместо тоа јас шеткам низ рафтовите во маркетот и купувам прашок, средства за лична хигиена, храна... се потребно за едно нормално семејство. Ох реалност, не е толку лошо она кое сега го имам и живеам, само некако е понапорно, поограничено, помонотоно и далеку поодговорно. Некогаш берев гајле за себе, после тоа за себе и мм, а сега за едно семејство кое е мое и кое е најголемото мое животно достигнување. И уште ова, јас некако не им верувам на они кое велат дека не им фали ништо од девојачкиот живот... лажат, дефинитивно! Или воопшто го немале!
Ништо, ама баш ништо Повеќе сум мажена отколку што сум била девојка. Нема нешто што сум правела тогаш а сега не. Дури сега повеќе си ,,приуштувам,, отколку тогаш.Си земам плата, не чекам од никого.
Ништо не ми фали.Исполнет ми е животот со човекот што го сакам и со ќерка ми и уживам во работите што ги правам со и за нив.
Sega ziveam podobro nego kako devojka. Vo sekoj pogled. Ne rabotev, sega rabotam.Mozam da si dozvolam sto mi saka dusickava, a skromna sum si jas. Ziveev vo dvosoben stan i nemav sopstvena soba. Sega si imam moja rabotna soba, moj heven. Si go urediv po moj ukus i sekoj den si pominuvam najmalku 1 saat tamu. Tamu nikoj nema pravo da vleguva osven na vrata da se pojavi ako saka nesto da mi kaze. Za nekoj luge zvuci sebicno no voopsto ne e. Da specificen karakter imam, mnogu pravila i propisi trba da se pocituvaat ako saka partnerot da bide so mene. Zvuci komplicirano no ne e bas taka. Sme se nasle dvajcata i terame prekrasen zivot, a toa znace deka nema problem mozes da si mi zivoten partner ama mora da znaes do kade moze.
ми фали слободата,да не морам да давам отчет за се и ги мразам барањата кои мажот ги има кон мене да променам некои мои лични спецификации.весела сум по природа и комуникативна а тој повлечен.викенд бевме излезени колегијално и прилично се развеселивме а и тој беше со неговата фирма излезен во иста кафана и после дома критики добивав прес дите дека сум играла како да сум го женела брат ми ,срамота,јас мажена сум била требало да седам.селјачки рамислувања.не беше таков пред бракот,а сега 100 % сменет е ,а немам дадено апсолутно никаков повод.таква сум каква што ме знаел години уназад.тој целиот е со мани а јас кога ќе му речам смени се вика 30 години сум овој и нема потреба некој да ме менува тоа од мене нема да можеш да го бараш,а тој може да бара,како да не. и сирот од што незнае што да каже ништо од кога ќе му изназборам вистината,смао ќе рече парталите и кај татко ти да си одиш. тоа за мене е недоволно образована личност и плиток.некогаш ако незнаеш што да кажеш попаметно е да си поќутиш,зошто не е свесен дека еден ден спремна сум вистина да си заминам,преку глава ми е.затоа некогаш е подобро и многу фали момачкиот живот,освен ако си среќно омажена,валда
@suzimuzi За да успее еден брак и да создадете една цврста врска меѓу вас двајца простор за водење инат и спротиставување еден спрема друг немате. Бракот е институација на разговор, компромис и разбирање помеѓу две личности што се споиле од љубов, се запознале и се прифатиле карактерно еден со друг. Со ваквиот инат нема да успеете, може само вашата врска да оди се подолу и подолу кон дното. Среќна фамилија на овој начин никогаш нема да успете да оформите.