Хмм.. ми фалат работите кои не ми ги одзема бракот, туку годините, а тоа се детството со мама и тато и раната младост баш тие дружби, неозбилност, глупирање, а најмногу ми фалат драги луѓе кои повеќе не се меѓу нас и се би дала да можам да се вратам назад на по еден ден со секој од нив и само да ги гушнам.
Ми фали слободата шо ја имав дома, на пример сабајле да си лежам во дневна по пижами со кафе или чај пред тв. И неделите кога сите бевме дома, а мајка ми обавезно имаше доручек спремено.
Младоста, здравјето, што почина татко ми... Ама пак не е тоа поврзано со бракот. Така да слободно можам да речам, дека ништо со стапувањето во брак не ми се ускратило, па да ми фали.
Ми фали само сон и одмор. Убаво беше кога друг ќе направи јадење, ќе измие садови, ќе испере, а јас само ако сакам ќе помогнам. Сега сето тоа ми е оставено на мене.
животот дружењето шетањето слободното време сопственоста на својот живот и своите пари сопственото донесување одлуки и исполнување на сопствените желби сега само обврски проблеми работа и ден денес сум разочарана што не уживав тогаш само на љубов мислев ц ц ц
Старата дома, мојата соба, чувството кога од работа или било каде се враќав дома. Слободата и слободното време само за себе, е сега за мене слободно време прцц немаа, а ја сум човек што ужива во самотија и мир. Сега со син ми, најубаво ми е, само што ми фали малку време за себе, ама ај скоро 30 години имав време за себе
Ако ви недостига нешто направете го и тоа сеа бракот не ви е лимит у живото. Отспијте се и за мажи и за жени зборам отидете на најомилената дестинација, кафетидувајте се со другарките секој ден итн..
2год сме во брак мо сепак се ми недостига.Се се смени во брака ми недостига вниманието нежнољубовта од негова страна.
Ми фали возбудата и исчекувањето да се видиме со сопругот кога ми беше дечко. Сеа секој ден се гледаме и нема нешто возбуда, се знае кога се враќа од работа и во колку часот што имаме планирано. не е лошо, не се жалам, бар знам кај е и до кога, може да се испланира се. Ама порано не се гледавме секој ден и беше поинтересно кога ќе се видиме. Друго ми фали сон, слободно време и мојата соба од детството. Кога одам кај моите обавезно си седнувам на мојот кревет и си се потсетувам колку ми било безгрижно и прекрасно таму. Ми недостига сестра ми и нашите долги муабети кои сега се сведени само на кратки телефонски повици и брзински кафиња.
Целосно исто се осеќам и знам како мислиш. Ми недостасуваат тие моменти на самотија со маж ми, на вечерите со пиво и пица, вечери во ресторан и одбележување годишнини. Моментите кога се чекавме на наше место за да продолжиме во чаршија и да си седнеме во паб. Или кога планиравме летно одморче за август/септември. Кога за викенд спиевме заедно, тие денови ми беа празник. И сѐ одново би премотала, од денот на запознавањето. Јас сум носталгичар - тој е повеќе кон напред свртен, попозитивен, и почесто се присеќавам на минати случки, убаво ми е, ми го топлат срцево. Се плашам да не ги заборавам, зашто ако јас заборавам исто како да не биле. А многу имаме за памтење, убаво си врвевме. И понекогаш си ги спомнуваме заедно и ќе си речеме "е добро, ама што е поентата, цел живот не можевме така да одиме" (колку да се утешиме). Многу е убаво човек да искуси салам врска и да потрае. Тогаш сонуваш за брак со тој човек, полна фантазии за иднината, ама кога еден ден ќе се исполни сето тоа (фала на Бога што се исполна), потоа се менуваат приоритети, функционирање, мисли и планови. Затоа сега сакаме да си обновиме пак така, секако со дете е поинаку, ама понекогаш се трудиме да си дозволиме нешто кое тогаш нѝ било секојдневие.
Ми недостига само тоа што имав повеќе слободно време што можев да го посветам на сликање и цртање. А за тоа треба да одвоиш повеќе саати и најчесто не е нешто што можеш да го направиш за пола саат-саат. Сега слободното време оди за други активности и за креативност не ми останува време или не ми останува доволно време. Некогаш почнувам нешто и не можам да го довршам или го довршувам после дооолга пауза. Конечно, не може ни да планираш многу многу однапред. Едноставно не функционира така. Неможе да се натераш во одредено време да работиш ако немаш инспирација, а не секогаш кога добивам креативен наплив можам да си дозволам баш во тој момент да го изрализирам.