Вака, кај Лов ми пречат повеќе работи. Првото е тоа што во темата каде го погодуваш името на форумџиката врз тебе ставаш некои бесмислени имиња (знам дека тоа го правиш на шала, ама) - се губи смислата на темата. Второ - тоа што упорно настојуваш да дознаеш нешто што некој сеуште не е спремен да ти го каже. Пример: Ливинг, кажи ми која си. Ливинг, зошто не ми кажуваш која си ? Кај Ливинг не ми се допаѓа што не ми кажува која е. Почекај, кога таа ќе сака да ти каже - ќе ти каже. Можеби сеуште не сте доволно блиски. Почитувај ја нејзината приватност. Трето - Енрике, Вилијам Леви - шваЉери, дечковци, љубовници - не знам веќе што. Не е само до телото и однесувањето, ако си им фан коментирај во темите за нив - ама оставај содржајни коментари, а не да не ти го чепкаат зашто бил твој. Четврто - Што повторуваш едно мислење во повеќе теми. Пример (кој јас го забележав): Во темата СДК: Реинбоу ни е многу весела. Во темата СП: СП до Реинбоу која ни е многу весела. Во темата Што ви се допаѓа..? : Кај Реинбоу ми се допаѓа што е многу весела. Ова ти го кажувам добронамерно, без желба или потреба да те навредам