да да те планирам сега у финалето си ти (тамо ке бидат 10 форумџики и после више нема анализи , ке се отарасите од мене ) ми се допага што чува тајни , т.е можеби чува
Ми се допаѓаат неговите анализи. И неговиот англиски. Десетка и за двете работи. Не се вклучува во караници и конфликти на форумов,а мислам дека и во реалниот живот е таков,што е доста добро. Абе нема нешто што не ми се свиѓа..
Што за нејзините 19 год. доста зрело размислува, мислев дека е поголемКа, ми се допаѓа што си ја чува анонимноста, ми се допаѓа што не се откажува од љубовта и посебно ми се допаѓа професијата. Едно време некако ми ја снема или мене ме снемало , ама секогаш ми е мило кога ќе налетам на нејзино мислење, посебно во љубовни проблеми и совети. Ова за Мистериозната беше. А за мјузикгрл55, извини ама не те имам читнато
Ми се допаѓа што ужива во храната И така го пренеси тоа тука на форумот што мене искрено лиги ми потекоа и посакав кока-кола, а инаку не пијам баш многу.
Ете прилика да ти кажам што ми се допаѓа кај тебе, а сакав овие денови да ти пишам лп. Ми се допаѓа што си остана потполно анонимна и покрај тоа што си еден од првите членови тука. Секоја чест за тоа. За книгите веќе имам кажано. Ми се допаѓа и мене што си искрена и авторитативна. И уште многу други работи кои мн ми се допаѓаат кај тебе. И честитки Биди среќна
Ми се допаѓа што уште му е верна на форумов, што не влегува во конфликти, ако може да даде совет дава и има добра мисла за сите
Имам кажано, ама ај да се повторам....ми се допаѓа искреноста и начинот на изразување. Ако има нешто да ти каже директна е, нема да заобиколува, ќе ти каже директно и тоа е супер затоа што не е тип на девојка која сака да ти се умилкува и да ти влезе под кожа по секоја цена....за жал постојат и такви личности. Тоа не значи дека е нечувствителна иако на прв поглед т.е. читање може и така да се заклучи. Сметам дека е паметна, образована, има богат речник, што би се рекло начитана девојка, и општиот впечаток кај мене и` е на високо ниво, високо горе на скалата. Ова излезе како карактерот на девојката, ама токму сите овие особини ми се допаѓаат кај неа.