Кај Марамче во последно време ми се допаѓа стилот на облекување, модата што ја тера и храброста да ни се покаже. Некако девојчево брзо ми се промени, стана посамоуварена. Добра си Марамке...добра
Што си има ќерќичка што си ја дотерува како кукличка (дури вчера или завчера беше, ја открив темата со клинцези.. или како и да беше )
Така беше, така... Кај жабава ми се допаѓа смислата за хумор, ептен знае да ме насмее...понекогаш кога ќе напише некое постче така троа подолгичко знае и да ме подзамисли.
Ценам што е несебична во делење совети, многу е коректна и тешко да ја изнервираш до срж. Дури и да се спречка со тебе, се обидува да ги исправи работите затоа што не е тип на човек кој би се карал. Ми се допаѓа што е мила и пријателска особа. Силна жена и пожртвувана мама. Навистина си инспирација
Па тоа е нашето Кендидооо.. Како може да не ви се допадне? Косата и нејзините творби во поезија и проза. Тоа посебно ми се допаѓа. А и паметна е.
Тоа што има добар речник. До сега не сум сретнала личност што со толку малку зборови може да каже многу нешта.