Од корисничкото име, преку аватарот и локацијата, па до потписот и најбитно долгите постови кои уживам да ги читам
Тоа корисничкото име 'велешанка', не за друго, ами дека ме потсеќа на моите 13-14 години кога имав ехехее еден куп симпатии од таму и со душа чекав да си ги посетам роднините ради тоа.
Па многу работи, пред се имам чуство дека е искрена и дека нема кај неа трт - мрт, директно си кажува се а сепак со некој сенс, што мене многу ми се допаѓа. Емпатија и искреност на едно купче
Смислата за хумор, толку добро се соживува со настаните, што понекогаш и постовите во „испукај се“ ми се смешни, посебно она вчера за буба-бургерот и книгата по Филозофија
Што си е своја, дури и пијана кога е особено , пијана кога е.. знае како да си се изнажурка згора на се да пренесе атмосфера