Тоа што не се откажува од играта, со последен победник. И тоа што си е секогаш расположена. И потписот, секако.
Што е редок примерок на машко со чисти, не извештачени (немутирани ) емоции. Поет.... aбе, ко некој лик, на the good guy избеган од нечиј бест селер. Мислам дека е така
Што личи на беспомошно жабуле а знае да пецка и да пецка и да пецка на таков начин уште и мило да ти стане . И плус повремено ги кажува работите од жабја перпектива што воопшто не е лошо . ПС. Смисолот за хумор .
Што е sensej ама од тие што се нервираат а жабите нај ги сакаат, пошто им ги растегнуваат жичките, ради поголема еластичност... ни јога во тоа не помага. Пак и до некаде ете, го разбира жабешкиот свет што е реткост. Што дава добри совети, макар што не секогаш сме на иста линија за секој од проблемите, но сепак, за секоја една работа треба сите варијанти да се разгледаат, така да покрива некоја од варијантите што јас можда кога би советувала не би ја зела во предвид (а е потребна). И верува во приказните за принцови и принцези