Ми се допаѓа нејзината аура, просто зрачи. Ми се допаѓа нејзината смисла за хумор Ми се допаѓа кога е смотано несмасна и ти се иде да ја бубнеш е вака
Ми се допаѓа што е директна и искрена... Ми се допаѓа што си ја чува анонимноста, и не се експонира... тоа е и поентава на форумов... Ми се допаѓа што не се лигави и умилкува.. Ми се допаѓа што ако нешто не и` се свиѓа ти го плеска во фаца без да се секира дали ќе и` го лајкнат мислењето... Ми се свиѓа смислата за хумор, иронијата и сарказмот кои уште повеќе ме смеат ако видам дека уствари не ја сфатиле.
Ми се допаѓа оти е идна невеста. Начинот на кој ја запросил дечкото исто ми се допаѓа. Цврста е и покрај се што поминала во животот, а имам читано дека поминала многу. Не ми се фолира и не забегува, едноставно иде на форумот да се олесни, за забава, релаксација...
Ми се допаѓа што е одмерена, брои до 10 пред да избувне, ми се допаѓа тоа што е доста зрела и паметна личност
Нејзиниот аватар. Иако не ми е во мој стил, ептен е секси. Инаку не сум ја пратела нешо многу..за друго да кажам.
Не знам зошто ама кога дојде на форумот јас мислев дека имаш 30 и кусур години . Извини Леле колку сум глупа , мислев темава е што сакам да и кажам Инаку интересна ми е за читање многу , кај и да видам дека последна коментирала одма отварам
Аватарот. Типката.. Види нога бе брааааааат Шала на страна, доста позитивна личност. Има нешто кај неа што ми привлекува внимание а сеуште неможам во целост да отркијам што е тоа.
Хахахаха Душица не знам зашто сум ти оставила таков впечаток Инаку синтија ми се допаѓа што секогаш внимаваш како се изразуваш и многу си ми мила