Ај ве молам, ако некоја успеала да најде во Скопје каде да направи чаша со ваша слика, да ми каже, со дечко ми ни е во четврток годишнина па сакам да го изненадам..
Тоа што е доле во рамстор, 3 пати бев нема никој на штандот. Прашав по продавниците, викам продава некој тука ми викаат не не.. Мислев за друго место Инаку би требало да е околу 300 денари...
250 ден. Кога последен пат си билашто викаат дека нема? Јас секогаш кога идам гледам дека им е отворен штандот
Купив друга чаша од Рамстор, и многу е интересна, со фломастерче на неа се пишува порака, што сакаш. Е сега лошото е што се брише дури и со прст, а не па со вода Ме интересира дали некоја знае дали постои нешто со што може да се напише на порцелан а да е водоотпорно???
Па напиши со фломастер на чашката, и врз напишаното помини со проѕирен лак. би требало подолго време да стои
Се наближува св.Валентин Несакам да купувам парфеми и сл.работи. Овој пат ќе му купам една голема мечка Колку него. Баш пред некој ден видов во една продавница
Бидејќи не сме многу многу по романтики, му купив честитка која гласи: 90% of people get laid on Valentine's day, а кога ќе ја отвориш: the other 10% get a greeting card А, да, и бидејќи е по благото... Spoiler решив да го облажам со candy bra
Јас од Австралија го купив, во Македонијава тешко, ама имаш од интернет да порачаш ако сакаш, по 5 долари беа колку што видов
девојки ај ве молам дај те ми идеа за необичен поклон зошто ми од парфеми, новчаник, блуза, колекција.... итн. му имам поклонето help meeeeeeee
Мислам дека најдобро би било некое мече да му подариш,и јас се му имам подарено и се решив за мече да му подарам за св.Валентин
Можеш да му купиш големо мече и на раката од мечето врзен балон каде што пишува I love you . Ако му имаш се подарено тогаш тоа . Moжеш да му подариш и кутија со чоколатца мерси вино и мало мече , како на сликава ( е за ваква мечка зборував , само најдобро да и врзеш балон на раката што пишува Те сакам , I love you ... така нешто ) Spoiler Се надевам дека помогнав
Да сум јас машко... и да ми дадат мече ... Сериозно, зошто мислите дека машките сакаат мечиња? Зошто ги подложувате на такви тортури? Прашајте ги вашите машки другари што мислат за подарокот црвено плишано мече! Они барем нема да ви прават лице и да лажат.
Јас имам еден предлог. Зошто да не му земите некое фенси елече?? Барем сега имате каков таков избор, посебно тие што живеат во поголемите градови можат и некој попуст да начекаат. Отприлика си знаете кој број на облека носи , со тоа комплет една флаша вино и готово Во право е Трендафилка , јас не познавам машко да сака за подарок да му даваат мечиња..Тоа му е рамно на лигавење. Ако беше за мечиња немало да се мачат останатите девојки да бараат и купуваат други подароци.
и ја мислам мече дека е баш педерски и лигавење до безсвести,ова со елечево ми е прималмливо и тоа со чашката, али ја сакам да му зимам некој предмет за у соба некој украс нешто што е посебно .боже не знам што би можело да биде ако има некој добар предлог плс нека каже
И што ако му кипиш на дечкото поклон за Валентин? Што треба да значи тоа? Или коа веќе ти е мерак да купи нешто, иди у некоја слаткарница и нарачај колачиња срциња и заедно јадете ги, барем нема да бидам залудно потрошени пари. Се тоа парфеми, саати, мечиња, облека... ми е страшно некреативно и купено ради реда, најозбилно што означува поклонот даден специјално за Валентин? И да, ако навистина сакаш да подариш нешто од срце нема да прашувате по форуми туку сама ќе ви дојде идејата, а вака се потврдува моето дека ради реда или на некој начин обврска се купуваат подароци за валентин. Не ви треба посебна прилика ако навистина сакате да подарите нешто, на пример кога веќе толку сакаш да му подариш нешто, направи го тоа 2 дена пред Валентин. А дечкото повеќе ќе се изнанади, поготово ако е нешто направено лично од вас, пошо сум многу по готвењето пак ќе предложам некои домашно направени колачиња