И јас сум се наоѓала во иста ситуација на твои години, немање пари, а да не е мече....итд Мој предлог ти е купи една од убавите честитки во VERO што ги има, и напиши твои стихови, немора да има ритам и рима, но нека бидат искрени...предлог за пишување:пишувај од стартот на вашата врска до денот
Дечко ми не го почитувал празникот. као „не бил наш“. Сепак, јас сакам да го одбележиме некако. Барем да сака на вечера некаде да отидеме Ќе видам дали ќе успеам во замислата! Spoiler Лани кога му кажав да одиме на вечера ми рече „Ако си гладна јас ќе ти зготвам јас нешто!“
Па ти кажи му дека сакаш да одите на вечера заради Св. Трифун,да го прославите со вино и ете, двајцата среќни . Животот во пар е компромис.
Ми дојде идеја. Бидејќи двајцата нон стоп дремеме на 9gag ќе му направам честитка со ова меме http://troll.me/images/x-all-the-things ... ll-day.jpg Само ќе му напишам Love you Allways.
Бонбониерите во облик на срце, со натпис ТЕ САКАМ или МИ ТРЕБАШ веќе се клише, подарок кој за вас вели дека не сте ниту малку креативни. Заборавете ги шпанските серии и вратете се во реалноста.
Сакам да му подарам комплет чашка и чинија со напишано нешто својствено за него. Да не знае некоја случајно кај би можеле да ми испечатат трајно текст или пак слика на чашка???? Немам ни претстава...Фала ви однапред
Јас вчера го изненадив со една ситница, што ја видов на 9gag: Купив киндер јајце и внимателно ја одвиткав фолијата,само од едниот крај. После го отворив јајценцето,и во тоа жолтото каде што беше играчката ставив писменце малечко. После,рабовите од јајцето ги стопив со топол нож,го залепив, го завиткав пак во фолијата ( ова е најтешкиот дел и не е можно да изгледа како претходно,но многу нежно и до некаде ќе успеете ) И му го дадов вечерта,мислеше дека онака сум му купила киндер јајце,дека ги береме тие играчките,ама внатре имаше љубовно писменце. Баш се изненади. Ете ви идеја. Ситно,ама направено со љубов.
Баш е прекрасно и направено од љубов.. Јас и дечко ми обично не бираме посебни денови како Валентајн за подароци, секој ден ни е Валентајн, но сепак без поклон не го бива Јас последниов Валентајн му купив рамка и ставив наша слика.. За овој Валентајн јас планирав да купам некое пликце и да ставам внатре празен лист, за да кога ќе ме праша зашто е празен да му кажам дека не постојат зборови со кои можам да ја опишам љубовта кон него и чувствата на среќа кои ми ги пружи.. И ова би било баш онака од срце.. Има некои даваат по неколку иљади за еден поклон, ама за мене најубав поклон е оној кој го подаруваш од срце Ама и твојата идеја ми се допаѓа, има време ќе размислам до 14
Можеш да купиш обични две маички еднобојни и да ги однесеш да ти иштампаат букви Има мислам и во Рамстор ако не се лажам, распрашај се.
Blondy секоја чест убаво е тоа со празниот лист. Сакав да ви предложам да го однесете негде дечкото на некој добар концерт, или претстава, јас пред месец без никаков повод го однесов у Македонска опера и балет, и беше воодушевен од идејата, и му беше забавно . Пробајте
Ќе купам секси црвена долна облека, едно вино, видов две чаши на кои долниот дел им се спојува во вид на срце, и ќе го однесам кај мене во викендица. После ќе следува земјотрес Поубаво и да сака нема да може да најде
И јас го видов ова на 9гаг, и истото сакав да го правам Само ќе треба 2-3 киндер јајца резервни да купам зошто си мислам дека со едно нема да успеам
Да да, ја си купив резерва и баш како што мислев,од прв пат не ми успеа. Еве ја сликата,ама огромна е,затоа спојлер: Spoiler