Знаеш која е најубава посвета? Онаа која ќе ја напишеш сама. Ти најдобро знаеш што чуствуваш.Опушти се и мислите сами ќе ти дојдат. Сепак тоа треба да е напишано со твоја љубов а не со друга
Имам една која ми се допаѓа. Најмило мое...биди сакано, сакај, на љубовта со љубов враќај, никогаш не спаѓај во осамените, нека ти е среќен Денот на Вљубените. убава ли е?
Нема нешто што му немам подарено. Блиску му е и роденденот. За овој Валентин се одлучив на слатки спаковани во срце, 100 причини зошто сум со него, убав текст и црвено вино. Си купив нова долна облека, поточно корсет, танга, чипкани чорапи, подвезици Не дека ова не го практикуваме во ’’обичните’’ денови, но ајде.. колку да се обележи малку, да не е без ич
Истото и јас го планирам..Прво мислев кошула а сега пак мислам дека дукс повеќе би го носел..Сакав да биде корисно да не е некја плишана ствар или украс. Секако ке побарам некоја така поголемка кутија (по можност црвена) да го сместам дуксот и да расфрлам чоколадца Да не бидам ич романтична
многу убава идеа.... сето тоа со виното и долната облека.. и писменцето јас му купив поклонче веке ама не е лошо и д плус секси долна облека, па би те замолила да ми кажеш од каде си го купи ти твоето комплетче и по која цена.......
Јас мислам дека вакво нешто мојот не би носел. И што ќе се облечеме исто и ќе шетаме, во исто со датумот на нашата годишница .. Незнам , машко е сепак не зам дали би сакал да се појави пред другарите со мајца со срциња За по дома можда. Ипак сум јас за јадење, ах Венеро (се знае кај биковите патот до љубовта е преку стомакот ) . (Тој мене ми купи пакетче за нова година преполно со чоколади, скокав од радост , а за некој важен датум беше , мајчка со нашите хороскопски знаци ама уникатно направена, јас си знам што значи ) И ја порано смислував демек "креативни" поклони како чаша со нашите ликови, порака, мајчка, сложувалка дрн мрн, ама не сакаат машките вакви работи Подобро вечера или нешто благо приготвено со љубов .. Некоја феминка имаше спомнато за карта за некоја претстава или балет, и јас сакав нешто такво или концерт на македонска филхармонија ама немаат ништо репертоар за тогаш Крајно ќе купам карти за некоја 3д проекција во милениум или за театар, после пица винце и тоа
Храна бе луѓе, храна. Додуша јас чоколадо купувам скоро на секое излегување, но на кој му се слошило од чоколадо + може и некое добро вино. Мислев јас да зготвам вечера, а тој да донесе нешто за пиење, но тоа малце се искомплицира бидејќи станот е фул (Doozy ме читаш ли? ), така да најверојатно ќе излеземе негде. Не ми се верува колку се замараат луѓево за „празников“, барем ако му купувате нешто купете му нешто практично, а не мече. Мече е најидиотскиот подарок everrr
св. Валентин? Да е православен празник можеби би размислила да му купам нешто... Си имаме наш ваков празник, не ни треба од друг... Со винце за св Трифун да се прослави да а и не мора посебен ден за слатко изненадување на својот сакан(барем јас така мислам)
ај ај, не ми спомнувај сега храна пак вино ауууф.... јас кутра на диета, а морам да ти ги читам тие два тешки во доцниве ноќи збора " храна + винце "
Јас кога би имала дечко, би му купила шалче ако носи, или некоја блуза + нешто ќе му зготвам она што му е омилено!.... Ем корисно ем вкусно!
Мечка најголема, со надеж што побрзо да го изеде Се шалам, немам дечко, а кога би имала, би му купила шалче некое убаво
Не практикуваме да купуваме за Валентајн, знам само првата година од нашата врска си разменивме поклончиња, ама затоа ич не ми текнува што сум му купила, па и он на мене што ми купи Инаку добар поклон е некоја книга или некоја блуза
^^Хахаха само кога би читал Иначе ми текна и една идеја менее... Можите да му купите дрес од омилениот фан.клуб.На лето ќе си го носи. Иначе јас правам в сабота 9 месеци откако сме заедно и ќе му направам мало изненадување со тоа киндер јајцето и пораката во неа. Иначе за Валентајн и порано пишав..мислам да му купам некоја мечка,зошто незнам што би му купила друго а и да не заборавам..Едно вакво нема да одбие
Сакам да му го направам тоа со киндер јајцето ама незнам што да му ставам внатре Any suggestions? Само да не е љубовна посвета и 101 причина зошто го сакам
Изгледа бааги машки ке кршат јајца годинава Аман бре што би можела да му ставам толку малечко, 2,3см?
епа јас се мислев да го извадам тоа играчката внатре што е и во тоа да си го ставам ливчето ќе го собере сигурно само тоа да му подарам или и вино?? се мислам..
хахах и јас јајцето ќе го правам сигурно, ама незнам и што друго, само тоа ми е безвезе, па имам на ум повеќе работи, кош онаков мал, баш ми спомна дека сака, сет со ракавица за топло држење и долга дрвена лажица, бидејќи и тоа сака да си купиз а во станот нема, ама се ми е малку и безвезе незз зошто, си мислев некој џемпер од теранова, или карикатура од нас двајца(иако то си реков за 3 годишнината ќе му земам)... Му се ближи за 1 месец и дипломски, нејкам мн да се трошам сега... Тешко мене