Би сакала да ве замолам за мала помош. Јас сакам да му купам некое поклонче поврзано со feng shui. дали знаете некоја feng shui фигура или кристал која би можела да му ја купам. и дали знате некоја продавница каде има feng shui производи ?
Да ве прашам нешто. Мислев на дечко ми, да му купам часовник. Но ми рекоа да му купам било што, само часовник никако(Ова никако го потенцирам, затоа што и мене така ми го потенцираа). Дека ако се расипе или застане часовникот, врската ќе завршела. Јас обично не верувам во вакви работи. Ама викам ај да прашам, може некоја од вас слушнала или пак знае нешто за ова?
Иако не верувам во вакви глупости, ама и се случи на една другарка баш ова, па подобро не земај часовник. Можеш некое шалче, паричник, каиш, некое убаво машко алче.... И јас се мислам
Ова нема врска, чисто суеверие, барем според мене. Јас му купив на дечко ми подарок за НГ уште на почетокот на врската. Тогаш одевме 3 месеци. Па ете, уште сме заедно. Тој мене ми има купено не 1, туку 2 часовници од поодамна Инаку, за овој Валентин се договоривме сами да си ги избереме подароците. Тој избра да му купам рачка за лаптопот, за да игра фудбал со неа Ако најдам некоја со добра цена, зошто да не?
Верувам дека не би имал ништо против часовник. Секогаш кога ќе погледне во него ќе мора да се сети и на тебе А и да се расипе, постои часовничар кој ќе го порави
И мене дечко ми ми има купено 2 часовници за роденден. И двата ми се расипани па еве уште сме во врска. Демек оти било денот на вљубените, не бидувало. И јас не верувам во такви работи. Дури и кога ми кажаа за тоа, јас реков дека сепак ќе му купам. Ама тоа никако ми го кажаа така, божем крај на светот ќе да е. Па затоа решив да ве прашам што мислите.
ја сакам да направам во фото студио вакво само со наша слика секако и сакам да ги направам срценцата колачи на фемина што се
Ми се допаѓа оваа идеја. Убаво е дека е уникатно. За Св. Валентин треба да биде нешто посебно, магично, па макар било и ефтино. Да не е класичен поклон (како за Нова Година).
На дечко ми кога му беше роденден мајка ми му купи вакво за подарок, а ми купила и мене за да не сум се лутела оти он ќе имал , а јас не. Инаку јас сум од Велес и она го земала од Фото Душко , спроти судот е , по 250 ден е едно. Од едната страна има слика од мене, а од другата страна од него
Јас имам лична случка, што на бившиот му купив часовник па после извесно време раскинавме .. е сега дали суеверието влијаело или не, навистина не знам ама во сплет на околности и тоа се случи. Па после тоа откако се случи, сите ми викаа лелеее па што си му купила часовник, викаат ..
јас мислам тоа со часовници дека не се купувало, е глупост ... јас на дечкоми му купив на почетокот па сега да не се фалам ни цвета врската
Лани дечко ми ми купи часовник онака,ми се допаѓаше и ми го купи и после 6 месеци,часот престана да работи,а истиот ден и се разделивме... Незнам можеби е чиста случајност,но ете... се случи. А за Св.Валентин,братучедка ми на дечко и купи шоља за млеко и на неа испринта слика од нив двајцата со многу срциња во позадина. Многу интересен поклон,според мене.. Несекојдневен
На дечко ми оваа година за св. Валентајн му порачав нешто вакво: http://www.pazar3.mk/Registration/Login ... ect/425653 Но, како што минува времето се прашувам дали и тоа воопшто го заслужува...
Го имав ова спомнато на една од членките, мислам дека на Бројче беше, уште на времето многу одамна. Еве го мислењето тука, зашто мислам дека тука му е местото, таму е загубено меѓу милиони други прашања и одговори во темата „Сакам да прашам?“ Можеш да му направиш нешто како список на пр. „30 причини зошто сум со тебе:“ така? Но да не биде типичен список со набројување на еден бел лист хартија... Можеш да направиш мала игра: Ќе исечеш неколку мали црвени хартивчиња (или некоја друга боја, но препорачувам црвена зашто е жешка и предизвикувачка). Големината на хартивчињата може да биде 6x10 цм., а нивниот бројот ќе зависи од бројот на причините поради кои си со него... Едно ливче направи го поголемо и стави го на пр. на масата до шолја со кафе или чаша со вино. На првото големото ливче може да пишува: „Ова се причините поради кои сум со тебе: п.с. на крајот те очекува изненадување! Сврти го ливчето“. Од другата страна на ливчето напиши : „продолжи таму и таму, каде што те чека другото ливче и првата причина поради која сум со тебе“. На следното ливче ќе стои напишана причината а на другата страна од ливчето местото каде што се наоѓа третото ливче, и така се’ до крај... Исто така можеш да му напишеш и по некој предизвик кој треба да го направи за да го добие последното ливче кое е кај тебе, а воедно и наградата која го чека. Предизвикот би можел да биде бакнеж, масажа и сл, а наградата сама одбери ја. Се надевам ме сфативте... Па со среќа и кажете како сте поминале.
На ваше место би купила пиво и грицки,еден тон! И би отишла кај него да гледаме Лига на шампиони, е сега потоа,вие ќе си го добиете подарокот. Сериозна сум. Шољи,часовници,мечиња...оф колку ќе бидат среќни. Освен ако не е часовникот фосил,а шољта постојано од нејзиното бесконечно дно не извира пиво,а мечето,ми доаѓаат перверзни идеи,ама еве да речеме ако не се опточено со злато. А ова со ливчињава,бетер од мачење, можам да замислам како ја монтира фацата и вика оооо,хааанииии...и масажа баш на Валентин и никако на друг ден,НИ-КА-КО,затоа што светците ќе се налутат и ќе се случи нешто многу непосакувано,ама да не ви кажувам сега.
Оваа година ништо посебно. Решив да направам убава вечера и еден многу убав сос (знам дека го сака). Бидејќи ужива во јадењето повеќе ќе се израдува на ова отколку да му купам некој подарок. Е сега можам да си земам и едно винце, сето ова убаво да го сервирам и тоа е тоа... а може и да го почестам со некоја убава љубовна мисла