Девојки цвеќара во центар што носи достава до дома? само да не е кај цветен пазар. Ај ако има некое инфо пишете, за утре ми треба тенкс
I'M ALONE ON VALENTINE'S DAY.MAYBE IT'S JUST MY DESTINY СЕПАК КУЛИРАМ http://www.youtube.com/watch?v=JqHliQijgvA УБАВ ПОМИН НА ТИЕ ШО ЌЕ СЛАВИТЕ ВАЛЕНТИН, ЈА ЌЕ СИ СЛАВАМ ВАЛЕНТИН АЛИ СО ВИНОТО ЌЕ СЕ БАЦУВАМ, ЕМ ВАЛЕНТИН ЕМ ТРИФУН, ДОБРА ИДЕА А?
Вака јас малку импровизирам зедов да правам пире додека овој мојов спие и ке направам срце од пирето некоја декорација со црвеното пиперче ке на напишам i <3 u а околу срцето со пире ке пробам да направам со виршлава обиколка на срцето мислам дека ке му се допадне доручекот
Го замислувам дечко ми на спиење гушнат со мечиња и срциња околу него Абе бегам одма и се бранам со крст и лук. Зарем не ви се малку сомнителни мажите што се радуваат на мечиња и розеви, црвени срциња? Убаво прославете си вие, сакајте се, оставете ме јас да си мрчам и да си се смешкам замислувајќи машко со вакви срцкасти подароци. И удрете повеќе на секс, помалку држење за реце. Вечерва колку малолетнички ќе изгубат невиност во знак на љубовта и празников....
подарокот се состоеше од: мече со срце-честитка-со порака што мислам дека му го допрев срценце ај лов ју и малечка кутија со бонбончиња(Леонидас Рамстор) во црвена кеса -знам дека обожува благи
Супер ти е идејата. Дури мислам дека е доволно и да отидеш само со шише вино. Инаку за колачињата не мораш сама да правиш, купи од слаткара( ако не си вешта де, како мене )
Му купив љубовна картичка,и бомбоњера Шери.Но за кого? За што? Кога ми го скина филмот,утре ке сме се виделе.за џабе се....некои не заслужуваат ништо..
Мене сношти после 12 ми даде еден подарок, многу вреден. Ми напишал песна за мене, лично тој. И патем мноооогу убава и многу убаво се почувствував да ви кажам право ја пишувал претходно, ја мислел и сношти ми ја прати по порака и јас вака останав Мноогу си го сакам срценце мое п.с. ќе имало и друг подарок
Tочно, се во свое време. Али пак ќе кажам ситница да е некое стварче останува, а секс вечера и слично се заборава. Тоа можеш и секој ден да го правиш, така? Затоа реков, да се направи добра комбинација од 2-3 работи. Кога сме кај мечките, собата ќе ти беше празна без нив, така? Ако не друго јас велам барем дечињата ќе играат со нив. Поздрав девојки, имајте убав ден!
Знам дека веќе помина, но еве една прекрасна идеја да што да направите http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... lTCHwmJQ8c Прекрасно е
значи му направив видео со слики од нас двајцата и во 1 часот си легнавме тој сакаше да гледа филм но јас го сменив цд/то без да знае и кога оклучи навистина се изненади. баш ми е мило затоа што несакав да купувам подарок туку онака сакав нешто што сама ке се потрудам да го изработам .. а тој ми подари колекција од сефора со купки гелови кремови... ми се допадна навистина ноооо ...денес решив кога ке си дојде од работа да го изненадам со уште нешто онака мало да го развеселам да се насмее после работа ....на креветот залепив букви кој ги изрежав ги обоив пишуваше те сакам на италијански и надув балончиња нема да верувате влезе внатре излезе и не рече ништо го прашав дали му се допадна изненадувањето вели кое луге не видел ништо не приметил... како само се чувствував во моментот јас си знам солзи ми навреа во очите не затоа што демек голема работа сум направила но онака се потрудив само за да добијам една насмевка а тој ништо не приметил.. станав одлепив се ги сокинав и во канта не му ни дозволив да види
Многу многу е убава... Баш сакам да му ја направам на дечко ми, за 1000 дена заедно.... Сакав нешто скромно ова е баш тоа што го сакам... Ама каде би ми испринтале на потврда хартија... :/