^Штом сте во брак, појдете некаде за викенд, сабота и недела (малку задоцнет Валентин), се разбира доколку сте во можност финансиски. Или пак резервирајте за вечера во некој романтичен ресторан, да излезете од дома, нели немора во домашна атмосфера. Торта, колачи не се на одмет, може да им зготвите тоа, или доручек во кревет, ќе си станете во четврток порано и ќе бидете вредни, разбудете го половина час од вообичаеното време за станување и уживајте во доручекот.
Ако ти е за боксерки, ја незнам што се мачиш да бараш со интересна шара. Иди на лице место карши бенетон кафичот, сегашен The One , и имаш принт мастер продавница за принтање облека. 300 ден е принтање боксерки твои. Ја така му напраив на мојот, супер искочија, нешто името's property и многу се израдува Место да бараш готови, биди креативна направи си свои Поздрав.
Кутија можеш да најдеш карш mcdonalds во гтц. кај таа улицата кај таксистите. кај жужу имаш за џиџимиџи нешто продавнички, кутиите во зависност од која големина се од 50 па нагоре
фала ти на идејата,,,но ние многу пати сме биле по ресторани и тоа нема да биде нешто невидено,,,,мислев да уплатам за на сауна,масажа...така нешто...сега најдов една понуда....што мислите за тоа...плус има вино или шампањ вклучено,,и прелив,,чоколадо..итн?што мислите?
И претходно мислам дека кажав дека нема да го славиме Св.Валентин, но сепак ќе го изненадам со едни шише вино...барем Св.Трифун да го прославиме
Јас ќе му купам некое мече, ама сакам и милка такви срценца Но уште нешто? Зошто нели.. да не бидат 2 работи... само не сакам парфеми,боксерки и сл. зошто не сме многу долго време заедно и не сакам да претерувам
Ние имаме вакви маички. Не беа правени за „празников“, ами ги принтавме пред да одиме на одмор. Можеби вака детска е идеава, ама навистина интересно делуваше таму. Сме ги носеле и онака низ град, мене лично многу интересно ми делуваат ваквите маички. Moже на некоја ќе ѝ послужи како идеа за престојниов, хм, празник. Едит: Јас не му купувам ништо. Неколку дена по Валентајн ќе си имаме причина за „славење“ и најверојатно ќе се товаме со ол кајндс мафини. Хит ми се во последно време.
Хризантема одлична идеја ако и маж ти е таков тип и ако ужива во масажа, тогаш немаш промашај Јас те поддржувам Најубав помин
Убаво си кажа, кој може нека се облече попровокативно, со секси долна облека и шише црвено вино во раце, а тој нека ви нправи вечера
Хахах, ама се јакиии коцкиве.. Ако можат да се најдат во Мк. мислам дека најубав поклон би биле за еден маж
Јас сакајќи нејќејки му порачав еден парфем од Авон. Се надевам дека ќе биде задоволен со оглед на фактот што не сум многу многу по овој празник. Виното останува негова обврска
Imam edna ideja, samo sakam vase mislenje dali e dobro ili ne znaci, kutija vo oblik na srce, vo kutijata cokolada sekako milka, potoa novcanik i mnogu ljubovni poraki napisani na livcinja vo oblik na srce
Јас тоа веќе го осмислив и го направив,прекрасно искочии )) само јас во таа кутија ставив уште една помала
Spoiler [/quote]фала ти на идејата,,,но ние многу пати сме биле по ресторани и тоа нема да биде нешто невидено,,,,мислев да уплатам за на сауна,масажа...така нешто...сега најдов една понуда....што мислите за тоа...плус има вино или шампањ вклучено,,и прелив,,чоколадо..итн?што мислите?[/quote] Ееее да, добра е таа идеја, ја сум ЗА
Покрај другите изненадувања што ке ги приредувате.Може да направите некои секси фотки од вас(најдобро во црвена долна облека,како симбол за празникот)во кревет со бела или црвена постелина со ме4иња и срценца околу вас(колку повеке,толку подобро) и напишано на поголем лист срекен валентајн или ден на вљубените,те сакам и send ..ова е едно од моите изненадувања се надевам дека ке ви користи (а исто доколку несакате да пишувате може на некоја програма на компјутерот да си напишете директно на сликата наместо на лист)