Znaete li kade ima lancinja so privezok srce sto se deli na polovina i ednata polovina ja nosi devojkata drugata deckoto? Fala odnapred <3 [mod-kirilica:6eaw15r9][/mod-kirilica:6eaw15r9]
Подарок за СВ. Труфун и Св. Валентајн Феминки .. имав една идеја , само не знам колку е остварлива и дали ви се допаѓа , да не испаднам глупачка Со дечко ми за прв пат ги славиме овие празници и идејата ми беше за поклон да му купам бели или црни ( може и црвени ама помала е веројатноста ) боксерици и да ги однесам кај овие сто печатат слики и натписи , па на нивниот преден ден да пишува ТЕ САКАМ а позади ( кај газето ) да го пишува моето име , а вечерта се знае некоја убава романтична вечера со црвено вино . Што мислите ?
Пошто овие ете не биле нешто вкусни, имате некој предлог за колачиња за валентајн? Неќам со сила да ги јаде само зашто убаво изгледаат и за да не ме навреди
хахаха нема да те навреди сигурно... ке му биде мило што си се потрудила сама да ги направиш верувај а за да бидат повкусни можеш да ставиш неколку лажици мармалад јас така ке ги направам овој пат
Ако љубените ви сакаат чоколада, зошто да не им направите чоколадни срциња? Во оние силиконските калапчиња Еве ви еден предлог (се извинувам, ама никако не знам како да ставам слики во спојлер)
Вие стварно мислите ќе се израдува на чаша со натпис? Или блуза со натпис, ланче со една половина од срце, мече? Абе ајде. Многу малку од машката популација се така емотивни да речам и ќе ценат ваков подарок, останатите радо би избрале шише вино, платена вечера, благо или некој поскап подарок што ќе го искористат. П.С. Не ја гледам поентата на овој празник, али ајде кога веќе секакви празници почнаа да добиваат свој ден во годината, зошто еден да не биде посветен на љубовта, само она што ме нервира и иритира се подароците. Наметнато правило да се подаруваат подароци.
У право си , али не бива да отидеш со прани раце. Колку да се каже дека си купила нешо и на еден лист барем едено ТЕ САКАМ да му пишеш според мене е доволно. Не е нешо посебно али ете таков е денот, да не останеме покуси
Јас денес подготвив дел од поклонот шампањнско и парфем, утре ќе му купам голема чоколада и кондоми DUREX големо пакување шо секако ќе се потрудеме максимално да се употребат .. ќе направев и јагоди со чоколадо и шлаг ама за несреќа нема јагоди ииии тоа ) шо мислите.. Ќе му се допадне ли ?
Хахахаа секако дека ќе му се допадне, ама 4 работи се .. Имаш замрзнати јагоди по маркетиве, али не шо знам мислам дека не се вкусни, али пробај не се многу скапи мислам иии ако ти испадне ете ти ја 5-тата работа и спремна си
Ја па за разлика ќе купам 7 мафини од продавница и со М & М бонбони кје напишам ТЕ САКАМ, на секој мафин по една буква и под мафинот на мало ливче причината зашто го сакам ии видов во книжарница ТРИ т.е на фемина и го има тоа таа книгата ВОДИЧ ЗА ВЉУБЕНИ (мада не е многу по книгите, али ќе ја прочита за мене нека се едуцира малиот малце ) Ама тоа се 2 работи се мислам уште една, ама незнам што -_-
Ајде заљубени најдовте ли подарок ? И може секоја која сака да го слика за догодина да му се најде на некоја друга
Јас му направив албум со наши слики нормално, но од листови во боја и на секоја слика пишува текст, многуу убаво ми испадна. Ќе купам вино и чоколатца и ќе му земам некои секси гаќичкии
Бидејќи немам пари старите карти ќе ги направам вака. Се надевам ќе му се допадне. И ќе се облечам во црно-црвена долна облека и ќе си врзам црвена панделка на половината. Мислам дека доволноо е.