Ги имав овие ставено во Родендески подарок за партнерот, во случај да е си ги видела, еве. Инаку ги имам направено повеќето, по малце модифицирано. Идеите ми се од непреспани ноќи со пребарување на интернет Имаше на фемина и рецепт за колачиња за валентајн, само што немав прехрамбена боја и чоколадни си беа, но вкусни
Ги видов овие,да Ако најдеш уште интересни,постирај обавезно Инаку не е важно,мислам дека и без прехрамбена боја се одлични,важно е тоа што се трудиш да направиш нешто. Колачиња се,чоколадни...кој може да одолее ? Фала
Кај нас има во сите фото студија Баш денеска се изненадив принтаат на се ,чаши,тањири,блузи,мечиња,навлаки за перница,перничка ,приврзок абе на сеее . Па дури и на чадор Spoiler се мислам да му се испринтам на чадор најубаво ќе биде... ама на цел Распрашај се мислам дека скоро секаде има т.е во сите фото студија,многу поскапо е да нарачуваш од интернет .
Дури и на чадор?! Баш ме изненади и да ти кажам тоа најбоље е. Добра ти е идејата. - Јас онака прашав..не планирав на боксерки ( срам ми е од мајка му кога ќе ги става за перење.. пред некој ден и пишав порака нејзе, место него и јако се избрукав...доста е за периодов )
Плишано мече е најгрд подарок за момче. Оно е грд подарок и за девојче, освен ако е под 10 години. Една моја другарка ми го кажа ова, она ќе го правела, но можете да го искористите и вие. Ги знаете оние чаши од Страница на среќата ? Една таква чаша со нејзина порака, чашата ќе биде полна со Милка во форма на срце мали чоколадца и лижавчиња во форма на срце од Шеќерен свет од Рамстор. Во споилер погледнете. Spoiler Изненадувања од мојава инспирација. Подарете му книга која сака да ја прочита, убаво завиткана, во кутија, да нема претстава што е тоа. Отидете двајцата на романтична вечера во некој ресторан или вие самите подгответе романтична вечера. Подгответе пица во форма на срце, испечете колачиња во форма на срце. Блуза/кошула по негов стил, но на долниот дел на кошулата нека ви ја сошијат првата буква на вашето име, па кога ќе ја носи, да се потсетува на вас. Само не со многу дречлив конец. Идеи со слики:
Ќе ги развиеш сликите во мал формат, од хамер хартија ќе исечеш долга лента и ќе ја виткаш цик-цак по претходно измерени димензии и потоа само ќе ги залепиш сликите и ќе залепиш делче за влечење. Не мора да биде потполно исто како таму, дури и Елена рече дека и самата ги модифицира.
Да, да, зависи каква кутија ќе најдеш, може во тие готови за поклони што ги има во Џамбо и во цвеќари. Во случај да мислеше на тоа со рамка, на google map ги најдов местата, па prt sc, па paste во paint, па ги исеков
Пред околу месец му го скршив на дечко ми микрафонот..и се мислам да му земам една камера со микрафон ... Мислам дека е добра идеjа... Може и вие некакви компjутерни работи да му земите мислам дека ке се израдуваат... И мислам и нешто благо да му направам ....
Јас на мм за празников се мислев ,се мислев и смислив што да му подарам. Бидејќи сме заедно(што во врска,што во брак)23 години и бидејќи ги потрошив/реализирав сите идеи за подароци во чест на празников...се одлучив да му подарамммм.....гоблен. Да ,гоблен ,везен по шема,ситен бод. Па замислете си кога ќе го закачиме над креветот во спална соба-јас и тој,глава до глава,везени....бре,бре,бре.... Се надевам дека ќе го завршам до кај 12 .02.2014г.(ми остана уште малку од позадината да навезам) и 1 ден да го врамам...таман на 14 -ти да му го подарам..... Поздрав,Ве сакам сите.
Убаво ти текнало на таков и несекојдневен подарок кој секако е се повреден со секоја измината година, само многу интересно го имаш објаснето и многу слатко ме изнасмеа посебно делот што го одвоив , сепак секоја чест
Ја ќе му купам книга,ама дајте ми идеја како да ја завиткам како да ја средам,нешто необично сакам да е,несакам само во украсна хартија.. :/ Ништо не ми текнува,инспирацијата ми е на 0. :/
Луѓенца..прогуглав малку и видов нешто интересно... Во овие тегливе полни со ливчиња, пораките ги ставаат во некои капсули, можам да најдам такви кај нас? Во Џамбо ? М ? Eве пример
Епа еве сеа да земам плава кутија,и каде да најдам од оние како свилени машни што се врзуваат пример во бела боја,и како да ја врзам?