Машни имаш во цвеќара(како што ти кажале),на повеќето пазари (зелен,битпазар,сега незнам од каде си),во сите продавници за волница и копчиња. Побарај
Никогаш не обрнувам внимание на цената на поклонот кој сум го добила, или пак јас колку ќе потрошам за да поклонам нешто. Штом е од ликот кој го сакам покрај себе цел живот, тогаш и бонбонче да е, ќе ми значи повеќе од се. Ако веќе се трудиш за некого нешто да направиш, тогаш сигурно знаеш дали истото ќе биде ценето од истиот. И штом веќе си со него, тогаш знаеш каков е карактерно. Сигурно нема да бидам со некој кој пред се` не ме цени мене, а камо ли мојот труд за било што во врската Поклоните се само дел од врската, кои прават да биде интересно на некој начин. И ги сакам кога се без причина, спонтани и неочекувани.
Еве неколку идеи за картички и од мене! Штета што кај нас нема некоја продавница со вакви креативни работи, па да имаме поголем избор.
Ирипеплејсибл, мене овие ми изгледаат како апчиња-капсули. Така да купи едно паковање парацетамол или кои и да се најевтини и испразни го прашокот па наполни го со пораки Има секакви шаренки апчиња...се надевам дека ќе соберат ливченце и ќе завршат работа и покрај што се малечки...
Ќе наполнам една кутиичка така средна големина кондоми хахаххаа ако се мн кондоми скапо ќе ме фати и со рафаело и ќе ги измешам, кутијата ќе ја врзам со црвена машна и тадаааам. Кога ќе ја отвори ќе си ја ставам машната на главата
Во случај да не најдеш, можеш од вакви колачи да ја искористиш кутијата. (обично е пластична и таман ќе е)
Јас не знам како не ви раскинуваат дечковците после вакви глупости, сериозно мислам. Па срциња, па пораки, па мечиња, па бакнежи на хартија..... абе оладете малку каков валентајн какви бакрачи. Ниедно машко не сака такви лигавења, можеби ве трпат само поради тоа да не прават кавги и да не им се лутите, ама никој не сака такви поклончичи. Лигави љубовни поклончиња не значат романтика, туку само едно обично губење време. Јас да бев машко, ќе и раскинев на секоја што ќе ми поклони мечиња и срциња за валентајн.
Јас ја однесов во цвеќарица, ми земаа 50 ден, ја направија баш како што сакав. Ќе си избереш таму и хартија (тие меките се поубави) и машна и се' ќе ти стават, ниту лепеното ќе се познава, ниту ти ќе се патиш
А ја шо сум мажена смеам да поклонам нешо за светиот си Валентин? Пошо темава е за дечковци. Амори мицо шо те боле,за 370 ден земам литро коњак и прво славиме св.Валентин ,и ко ке биде дрвце златниот мој или ќе падне хопа цупа, или дојдими лено на перниче бело
Кога го видов ова си помислив - Што убаво и текнало за апчињата да му подари теглички и да му ги распореди Инаку ние си подаруваме речиси секогаш практични работи, кои претежно служат за двајцата. Нема да се изненадам ако добијам тенџериња, а му купам некои клешти. Се шегувам Ама па лани мислам дека ќебенце беше едниот подарок ама дали беше за Валентајн не сум баш сигурна. Ма и ние не си подаруваме речиси никогаш на денот, тоа е претежно ден, два пред тоа или после, зависи за кога му/ми треба подарокот.