А да му порачам ја една пица у форма на срце ..ако ништо друго ќе си се наручкам мх мх уште сеа ми се пријаде...а да го славам ја св.Валентајн порано ?!
Сигурно ќе биде нешто мало, симпатично и не скапо Во духот на празникот Сигурно е дека нема да биде рамка за слика или плишани играчки, поглуп поклон за машко од тоа, нема! Може ке одиме и на вечера со црвено вино, да го прославиме и Трифун воедно
Нас секој ден ни е Валентин, не ни треба специјален празник за да си кажеме колку се сакаме. Никогаш не сме си купувале мечиња и пораки во шише и такви стварчичи, ни јас ги сакам , а богами он па ич. Двајцата сме над 20, а он се поблиску до 30-стата, па ја ќе му купувам мечиња што свират Секогаш барем еднаш во неделата се трудиме да излеземе на опуштена вечера, не мора да е викенд, доволно е да сме слободни и двајцата, а за подароците сме доста практични, и јас, а и тој на мене си подаруваме работи кои ќе ни бидат корисни и ќе ги употребуваме. Затоа девојки не се потресувајте многу за "празникот" , ако некој ве сака и почитува нема да го чека Валентинчо за да ви го докаже тоа.
Јас на дечко ми ќе му го пратам ова на маил за да знае дека и покрај тоа што има многу поубави од мене, треба да ме сака само мене http://www.urbancult.mk/stil/shik/item/ ... vljubenite
Девојки ми треба ваша помош..Сакам на дечко ми да му направам изненадување за Валентин али моментално сум надвор од Македонија, ми треба ваше мислење што да направам?
Macence1234 можеш некои слики како што ги прават манекенкиве за валентајн, можеш и да држиш некои пораки и сл и да ги направиш во movie maker како филмче и да си се вртат.
Elence тоа веќе го имам направено би сакала да ми помогне сестра му.. бидејќи таа работи во слаткара и професионалец е во правење слатки што мислите.. ?
Јас на дечко ми планирам едно вино, Т`га за југ, он си го пие тоа, милка бонбоните во срце што се, и Love box Нешто поголемо ќе оставам за роденден да му земам, сега ова и Валентин и Трифун се во едно а виното ми е така симболично и мислам добар поклон е за празникот.
нека направи некоја предобра торта во облик на срце ,колку поголема толку поише ќе се изненади...На Горната страна нека пише Те сакам името...Од страна мозе срцинја или ако е возможно да напише некоја љубовна порака..Тортата може и да биде целата со црвен фондон а буквите црни или некоја друга боја..
Бидејќи не сум католик, за христијанскиот празник на љубовта правам нешто интересно за дечко ми, но некоја ситница. СМС; или вечера, или нешто ситно кое му требало одамна да му го купам. Кога се купува без повод, малце ми е наметнато и без врска. Сепак, бидејќи кај вас католиците ова е празник во кој мора да се купи нешто љубовно, би ви предложила да направите нешто романтично ; Купете балони со хелиум, црвени со бело, 10тина, и закачете му ги под прозорец, за кога ќе се разбуди, да ги види кога ќе се рабуди. Испишете ги со пораки со маркер, со зборови кои вам ви значат. Повеќе од 200 денари нема да потрошите.
Сигурно нешто скромно во форма на срценце нешто слатко,со дечкоми постојано во текот на целата година секогаш си подаруваме по нешто за носење парфем во зависност од тоа кој колку можи без никаков повод така да празникот ништо не ми е посебно за подарување на нешто спектакуларно
Ништо немора да му купите! Коа ќе ве види вас повише ќе се израдува отколку на некое мече или незнам што.
Не разбирам зошто вие жените толку се опседнувате со тие работи. Значи може да се кладам дека машките ќе излезат на 13 фебруари и првото нешто што го видат ќе ви го купат и крај. Па нема врска ова со тие поколни. Башка на родендени, годишнини и тие битни датуми па и на Св.Валентин? Само џабе фрлање пари. Што демек со поклон ќе му покажеш колку го сакаш? Нее, тоа секој ден му го покажуваш, јасно му е. Јас да би имала дечко би купила една голема милка и едно вино и ајде кај него. Па поголема романса од тоа има ли? Со поклони не се покажува љубовта, едноставно напишете му една порака и покажете му колку ви значи. А доколку толку сакате да му купите нешто тогаш гледајте да е нешто што му е омилена работа. Пример ако навива за Реал купете му таков дрес, или купете му некоја торта и црвено вино. Нешто мало а значајно. Бидејќи поклонот што и да е ќе му стои во некое ќоше, а вака поубаво. Дополнувам: И јас едвај чекам да дојде денот на вљубените па да си купам чоколадо.
Врти-сучи пак ќе му купиш нешто и ти и сите кои размислуваат вака како тебе.Да со поклон не се изразува љубов,но е има потрба да направиш нешто во кое ќе внесеш многу труд и љубов и ќе му го подариш со големо срце и тој ќе ти подари бескрајна насмевка и бакнеж...јас не препорачуам мечиња и такви ствари доколку е над 20 зашто малце глупичко..нешто што го сака и плус порака е екстра или пак нешпто во облик на срце као торта,колачи,срце полно со љубовни пораки..нешто што одново и одново ќе го потсеќа на вас а не мече кое само ќе фаќа прашина..А што машките прат и купуваат за 14 фебруари па све зависи под машкото.Ако те сака сигурно ќе му текне некоја оригнална идеја како ќе го помитете денот,а доколку ви даде до знаење дека му е гајле за свВалентај јас би се распрашала малце колку и ме сака Така да разбирстете си ја фантазијата..создадете монет кој ќе го памтите засекогаш
Со подарокот не се докажува колку си заљубена и тоа не е никаков доказ за голема љубов. Подарокот за таквите денови е еден вид на внимание пред се сите имаме разни карактери ти сигурно сеуште не си сретнаша машко кое што добро внимава на овие ситници да ретки се но сепак постојат и такви , има и многу што не се замарат но пак ќе кажам тоа е само до карактерот. И јас не сум за нешто којзнае што туку едноставно да се одбележи денот,да се насмееме,да се чуствуваме убаво ,тоа е се ... да си ја одржуваме љубовта а ако велиме оваа не е потребно тоа не е пторебно се е за џабе фрлајне пари подобро и да не навлегуваме во врска Обично такви коментари читам од оние кои што не се заљубени т.е оние кои немаат дечко за вакви денови.Да Валентајн може да ти биде секој ден но веќе кога е еднаш во годината да му посветиме малку внимание Spoiler Не сакам да се навредиш со оваа или да мислиш дека сум против твоето мислење ,напротив го ценам и само дадов реплика,неможев а да не пишам јас што мислам
Се сложувам со Вики подарокот на овој празник е еден вид внимание, никој не ни брани љубовта да си ја докажуваме и покажуваме секој ден, но слатко е кога и на овој ден ќе направиме нешто еден за друг. Според мене не мора да е нешто скапо и големо, доволно да е мало, одберено со љубов и подарено од срце. Јас па воопшто не сакам да преземам идеи од некој друг, на дечко ми повеќе му значи било што смислено од мене, отколку идеи видени од интернет што секоја втора ги практикува или нешто кажано од другарка.
^ Па и јас напишав, може нешто мало. Ама имам видено некои кои трошат и цело богатство за подарок. Мало нешто да е ама значајно и од внимание подарено.
и јас планирам една милка да купиме може двајцата по пола од големата 300 грамска и да си седнеме да си ја каснеме