Зошто мора да е глупав за сите ? Има некои кои се многу романтични па си го слават, не пијат сите за Св. Трифун. И кога сме кај мечињата.. Да и дечковците ги радуваат такви подароци, доколку се романтични и доколку и подароците се со некакво значење. Мојот поклон за 6 месеци со дечкото беше мече, и да му се допаѓаше. Романтична сум, лигава сум и не се срамам од тоа. Го викам меченце. Затоа беше и поклонот. Потоа тој ми зема на мене меченце испрскано со негов парфем.. А, еве имаме дваесет и кусур. Сакам да кажам, доколку вие мислите дека празникот е глупав или таквите подароци се лигави.. Не мислат сите.
^Јас мислам дека мечињата се за помалите. А за години над 20, ох ох ох, има илјада начини како да го изненадам и да го памети тој ден, а не само да гледа во мечето и да се чуди, од кога беше ова ?!?!
Aу колку не сакам мечиња, многу ми е лигаво тоа. 25 или 30 годишни парови си купуваат мечиња. Лилаааа колку цакано Јас не сакам ни ружи, ај не знае што да купи па ружа најлесно и најефтино е Јас со дечко ми за Валентајн не си купуваме ништо, туку идеме со друштво и пиеме и си го славиме нашиот Трифун. Јас сум си православец. Ако е така и 25 декември ај ќе купував поклони за Божиќ Мене ми е многу досаден празников валентајн, се е со срциња божем само тој ден се сакаме, па и тинејџерки се тепаат што да му купат на дечкото, мече или рамка или шоља или не знам што... Американскиве филмови имаат претерано многу влијание врз нас Нашиот празник за љубовта е 30ти септември Вера, љубов и надеж. Секогаш со дечкото го прославуваме. Не за друго роденден му е тогаш
Што се налути де толку Енкроајабл? Кој тврдеше дека е глупав за сите? Мене ми е глупав, тебе нека не ти е. Уствари не ми е глупав празникот како празник затоа што приказната за Свети Валентин е многу тажна ама нешто ми кажува дека многу малку луѓе ја знаат вистинската приказна и овој празник го поистоветуваат со пуфлести, срцлести, црвени предмети. Целата искомерцијализираност околу празников ми е глупава и смешна. Сеедно е бе душо, кој што милува, ама некако тешко ми е за верување дека некое машко искрено се радува за плишани мечиња. Уствари да, се радуваат, имам два - тројца другари, ама тргнати се на другата страна Мислам дека сакавме да речеме со феминкиве над мене, дека празников може да се одбележи на пооригинален и специфичен начин. Се знае што му е потребно на еден маж за да е задоволен - добра храна и добра жена, пропратно со одличен секс. Да не се лажеме де. Тест прашање, вистинскиот маж кога е сам дома се гали во кревет со плишани мечиња или си пушта валкано филмче, а?!
Мечињата се кич,простете ама ми се правопропорционални со способноста на резонирање на подарувачите,иако не можам да кажам дека не сум подарила мече.Подарив,затоа што ме заебаваше дека никогаш не добил мече од мене,а сите бивши му подарувале. Се потрудив моето да биде најубаво! Ниту имаат врска со романтика,ниту машките им се радуваат,глумат,а тоа што некоја романтична не може да осети дека љубениот и глуми...плишаните мечиња се...лигави,тоа е се,иако се слатки и симпатични,ако имаш 15 години. Оваа година ќе има кафана.Подароци нема да има,како и секоја претходна впрочем. Можда ќе направам јагоди чоколадирани за потоа,ама може и не,ќе ги оставам за некој друг ден.И да,глупав ми е тој специјален секс за нова година,валентин и не знам кој друг празник,па летаат нови прслуци,гаќи,корсети,тоа ми асоцира на лоши љубвнички кои само лежат,дур машкото си ја врши работата во сите останати денови во годината...јас братче си терам филмот во секое време,си се пофалив,ама па шо,така си е! За нова година не купив нов веш,ама нема веза и онака немав секс,имав добиено,ама друг беше муабетот тука,ама да не се откривам многу-многу! Ах да...лани имав некој план,си викам ајде...не сум до толку од камен,од една година лигавштини нема да ми падне круната...се сеќавам беше една мрачна и врнежлива недела.Ги отвори очињата Лилитка,промижурка,го виде гадното време надвор и се сврте на другата страна да поспие уште малку и не отиде по поклон. Вечерта пиевме рандом вино и рандом чоколадни бонбони у кола...зошто,ни сами не знаевме,ама се убивме од смеење...ќе да беше од виното.Се чувствував ко у пубертет и убаво си поминав.Претходно бевме на кафе и ...се гледавме со насолзени очи од смеење,што им е на луѓево со толку ружи,мечиња,балони со хелиум...
Амерички фимови филозофија,ма дајте бре не зафркавајте искрено кажано не познавам машко коешто повеќе би претпочитало мече,куче,маче,зајче или нешто слично,пред некој подобар поклон парфем или ако ништо друго барем добро вино. Единствено машки што би се радувале на мечиња и мачиња некој метро сексуалец или би сексуалец или пак некој, со сеуште не доволно определена сексуалност. Мислам дај не зезајте славете си трифун романтики на валентин нема,има само еуфорија и комерцјализација на празникот ништо повеќе. А нашиве трговци ите како го искористија поготово оние со џиџимиџарници
Јас едвај чекам да дојде 8ми март да го добијам мојот специјален секс! Па после пак на постење се до Нова година, кој ќе чека?! Лилит па сега, ако не си разбрала дека треба да се има секс 4 пати годишно, не знам јас. Реков јас впрочем еднаш (човече колку теми има за Валентајн де?! Сега сфатив!) прво со Св. Трифун нека се почне па виното и те каква подлога за добра љубов ќе направи
Јас не сум нешто по празников,ама ете колку да си искористиме прилика да си излеземе (демек заради празников),лани си бевме јас дечко ми и уште еден пар,моја другарка со дечко и на вечера.Си јадевме,си пиевме винце и убаво си поминавме,си го прославивме и нашиот празник Св. Трифун.
Абе на вакви празници се менува поза за наредни 3 месеци,ама едвај чекаат да помине кругот на тие поактивните пози,да се префрлат пак на мисионерска и да прашуваат,готово?!Уште колку?! Ама крши филм бе...гледа мачоров напален,ааау мачкицава подвезица,корсет,ќе ме растури...коа сексот ист...мех...треба да се плаќа некој данок за лош секс...жими се.
За даноков те подржувам 1000%, и плус давачка да се воведе за прерана ејакуација, 25000 денари на годишно ниво,лишување и не пружање на орално задоволство на партнерот 50 000 денари годишно. Е тогаш драги мои ни валентин ке им треба ни бутур
Мислам дека најголем поклон за секој дечко би бил ДА ПРЕСТАНЕШ ДА ГО ЗАМАРАШ ЗА СИТНИЦИ, ДА НЕ МУ ПРАВИШ ЉУБОМОРНИ СЦЕНИ, ПОГОТОВО ЗА ФБ БРЕ , и да престанеш да бидеш ко мртва у кревет, ни гласче, ни крикче ни ништо ! А на 19, 20 години мечиња да му купувате, извинете ама нешто не е во ред со вас!
Aбе сега ја сфаќам симболиката која и нас не заудара од муабетот со добра мачка секој месец ти е февруари.Што се однесува до икс особи,узбуѓени се поише ради еуфоријата шо ги удрила,него ли на партнерот и тоа...не е цел февруари,туку еден ден!
Јас имам дечко католик,почнавме да се гледаме некаде пред Св Валентин па ми се појави на врата со стандардни ружи(во парен број )и чоколадо во облик на срце.Го однесов на Македонска вечер каде пак нели стандардно се пие во чест на Св Трифун и после ми вика this is better,е бетер ами како,од тогаш си славиме Св Трифун.
Се што е подарено од срце има значење макар и мече да е ако тој што е со тебе те сака и те почитува тогаш се што е подарено или направено од тебе за него многу му значи барем така е кај мене и кај дечко ми ... јас а и дечко ми си се радуваме на било што и најситна работа само ако е со љубов дадена и вистински од срце
Мене сето тоа притресување за Св. Валентин ми делува повеќе дека е од обврска, не од љубов или внимание. Ако е од љубов или внимание може да се купи било кога. Плус, мече бе? Јас мече за Валентин добив на 14 години. Плус па и машките купуваат од обврска! Тогашниот дечко ми вика ја пратив сестра ми да ти купи Дечко ми за роденденов ја пратил мајка му да ми купи блуза. Не е романтичен тип и готово, не му ни замерувам. Сето тоа ме тера да мислам и да тврдам дека е ради обврска купено за било кој ден, без разлика дали е за Валентин, Нова година, роденден. Затоа јас ќе си уживам во виното како и секогаш, така ќе се лишам од лицемерие и правење на скиснато-изненадени фаци.
Добро би дошло едно патување но бидејќи е невозможно едно винце може ем ќе славиме св.трифун ем валентајн