знае дека го сакам и знам дека ме сака му реков ништо да не ми купува и се договоривме на пица да одиме после тоа некое филмче романтично и една чоколада и готово
Девојки, ми треба мала помош, сакам да направам слика како слагалица, но да има и подлога, на фб најдов една страница со персонализирани чоколадца и уште таква слика да направам, ама проблемот е што незнам од каде би можела да порачам .. Па да ве замолам за мала помош.
^ еве ти линк за слагалицата, една од феминките ( до неа ) ми го кажа и си го запомнав: http://puzzle.mk/ - а во врска со тоа со чоколатцата од персонализирани подароци јас имам нарачувано за роденден на мајка ми и не сум нешто задоволна. На сликите таму изгледаат топ ама омотот уствари им е обична хартија и лоша е резолуцијата на тоа принтаното.. Јас искрено не би нарачала уште еднаш, ама ако си наумила, види пробај се
ах леле, незнам што да правам чим е лоша резолуцијата подобро воопшто да не порачвам.. Инаку фала Мадам за страницата за слагалица.
ммм ми дадее супеер идејаа може и нешто ваквоо да се направии само да му кажам за да не купува ништо пошто трошок е и за двајцата
Колку пари се украсните кутии за поклон во Jumbo, и има некои убави работи за Св, валентин таму? Мислам имаат изложено уште сега? пошто не сум од скопје па да знам..инаку јас планирам украсна кутија и внатре чоколадца,кондоми,и уште нешто незнам шо..
Пола долен спрат им е сега со ствари за празникот, мечиња, украси, секакви џинџурлајки, сигурно ќе најдеш нешто. Кутиите се од 60-300 денари, зависно колкава сакаш. Јас сега брзо купував за поклон за роденден, околу 60цм на 40 цм со висина околу 20цм беа нешто помалце од 200 денари. Тоа е релативно голема кутија, мене цел сет кригли ми собра внатре. Дезени има доста, имаше неколку со срциња што може да се користат за Валентајн, верувам сега за празникот донеле уште. Има и украсна тенка хартија за внатре во кутијата, 20 денари 6 листа мислам дека беа, има во сите бои да одговара со кутијата и згужвана дава супер ефект. Леле ама ми е криво што не го сликав поклонот што го направив, стварно беше преубав
месец ипол сме заедно,иде Валентин па ај демек требало нешто да се купи.... незнам што би,несакам да бидат некои мечки и такви ствари..али да не претерам,месец ипол е у прашање
Ај феминки малку помош околу поклончево за Валентајн ... само несакам срциња и мечиња .....му купив убав каиш, и направив слика наша како слагалица и сега уште нешто сакам ама незнам што...веќе три години сме во врска и скоро све му имам дадено и немам идеи повеќе ... се што ќе предложите би ми било од помош
на сетоа оваа додади една милка која му е најомилена или од оние милка во форма на срценце и не ти треба ништо повеќе
Па као трето дај му дунда, највеќе ќе го изненадиш а и секогаш е добра идеја, никогаш не излегува од мода.
^Еее фала многу на одговорите џенски Се мислев и јас околу табакера да му купам и може една милка како што кажа Викторијааа5 А Абеја ова ти шо го пиша, вака да ти кажам и мене ми гледа како најдобра идеја, ма као 5то ќе му го дадам тоа накрај ае нека се изненади чоекот хаха :geek: Spoiler само да не ми припадне, да ми се онесвести од олку поклони
Еве ви уште нешто на што налетав сега случајно па реков да ви го приложам тука ..малку е солена цената, ама ако има заинтересирани може да си го нарачате http://www.sezadeca.com/index.php/podari-srce
Немам порачано ама им пишав порака да ги прашам за цените.Ми го кажаа следново : Цената на виното е 590 денари, 100 грамско чоколадо чини 200 денари, најмалите чоколатца одат 50 во пакување и чинат 600 денари. Моментално имаме акција вино+ чоколадо или вино + 20 мали чоколатца по цена од 750 денари. Се работи за вино од внаријата Стоби, со вклучено во цената специјална кутија за вино и торбичка или машни за чоколадите. Нарачките се прават тука во порака, нарачката е готов од 2до 3 дена и доставата во околина на Центар Скопје е бесплатна. Со почит, Персонализирани подароци Пред една недела им пишав,така нешто. А Abeja ти ме изнасмеа за третиот поклон ама вистина,вистина.Во право си