Знаете ли каде и дали може да се испринаат налепници( самолепливи слики) со сопствена слика. Идеата ми е да испринтам таква слика и потоа да ја залепам на флаша вино, мислам дека таа варијанта е поевтина околку од персонализираните подароци, со вино и чоколадо.
Планирам да извадам една поголемка слика се разбира кај шо сме јас и тој,да има текст на неа љубовен,и да е ставена во некоја убава рамка за на ѕид. После тоа планирам на ливчиња во различни бои да напишам 100 причини зошто го сакам, и се тие ливчина да се во тегла која ке ја украсам. Планирам некоја тортичка помала да направам убаво украсеана,а од страна до тортата јагоди мрцнати во црна чоколада а попрскани со бела чоколада. И едно винце за на крај. Еве од прилика слики ...
Здаво девојки имам една идеја со тоа што сакам да го изненадам моето момче.Имам една идеја на памет но незнам што би мислеле вие на тоа.Вака планирам кај него во соба да му направам изненадуванје со тоа што ќе надујам околу 30 балони , ќе купам мали сеќички 20-30 да ги има насекаде и во еден албум да ги ставам сите наши слики и една што ми е најубава да ја ставам во рамка..Што мислите за тоа дали би било добро да се направи тоа...?) * Благодарам од напред
И мене ми се допаѓа идејата на Viktorijaaa5, тоа со балоните и свеќите ми е во ред но сликите не, а наместо тоа можеш две чаши, вино, чоколади или некоја овошна салата
За дечко ми за празников би сакала да купам некоја книга,но пошто вкусот за книги сеуште не му го имам откриено,туку така низ муабет ми откри дека навистина би сакал да прочита некоја а не ми спомна каква,неможам да се одлучам за тоа каква книга да земам. И главното би сакала да е некоја неизвесна книга бидејќи таков тип ми е,а и такви филмови сака да гледа,и нормално да не е романтична зошто да признаеме ни едно машко не е заинтересирано за романтики
Јас го спремив подарокот На нас пред 2 недели ни беше годишнина,па тогаш си поделивме подарочиња и се договоривме за овој празник без подароци Само он си кажа ке ме носи на вечера. Па си реков, не е лошо малку внимание и од моја страна. Виното му е омилено, а чоколадото го земав поради натписот хехе. Мислев милка во срце, лани со поклонот му земав милка срце, не дека он памти ама ај, да не биде исто )
Во Веро, Битола. А би требало и во другите поголеми маркети да го има. Неколку натписи има,сите различни чоколадки Слика, да видиш
Здравоо девојкии.. Ова ни е прв Валентин заедно и планирам да му купам паричник, чоколадо во форма на срце и меченце некое. Ама дечко ми има 22 год и другарките ми рекоа немој мече глупаво е. Што мислите вие што да му купам друго? А и не сум многу при пари до 600 денари нешто. Благодарам однапред
Па можеш да му купиш како што рече чоколадо во форма на срце и можеш некоја колекција за after shave или часовник.
девојки, со дечкото одиме скоро 6 месеци, помал 1 година од мене (има 16год), еднаш до сега му имам подарено срце(како мече) и милка во срце и сега за денот на вљубените не знам што да му дадам купив едно меченце и сакав една честитка и на неа да напишам некоја љубовна порака ама да не е глупаво повторно мече, или се мислев честитка и некоја поголема чоколада ама не знам што да правам ве молам помогнете ми, ако имате некоја подобра идеа кажете
Јас навистина немам поима каков подарок да му дадам,какво изненадување да му направа.Ние ке се видиме на 15,не на 14 бидејки не сме слободни тогаш.Ај имам уште 5 дена,сигурно ке ми текне нешто.Само нема шанси мече или срце.Па маж е веке над 20 год.,не е дете да му купам мече.
zdravo ako mozi nekoja ideja sho da mu kupam na devojka mi za valentajn nema da se vidime na 14 bidejki imam operacija jas ama ke se vidime na 12 malce porano ama sega to e pa ako mozi nekoja ideja da mi dajte
Јас си побарав саксија со цвеќе некое убаво ,многу убав подарок ми е.Ќе си се грижам за цвеќенцето и ќе ме потсетува на нас( као демек како што ќе расте цвеќето,ќе расте и нашата љубов -како па да не ).Ама па на некои сигурно нема да им се свиѓа цвеќе да добијат,тоа зависи од човекот.
Здраво. Јас на дечко ми планирам да му направам торта, но несакам чоколадна бидеќи не ги сака. Би сакала да ми дадете некој сладок рецепт, и идеа како да изгледа Благодарам однапред.
Што убаво бе... сите бираат поклони за љубените очигледно јас ќе треба да си купам сама на себе .. Раскинав со бившиот пред некој месец иии... кхм, проблемот е у тоа што на моите дома уште им ја немам соопштено жалната вест, така да, мајка ми пред малку ми даде пари да сум му купела поклон, да го изненадам, мој ред било и итн итн итн. М'dах... И искрено девојки стварно се чудам и во дилема сум што да си купам... да кажам дека на него сум му купила а да се вратам дома со празни раце... не иде Блазесими кој грев сум... си се чудам самата, како може бе се мене вакви работи да ми се дешаваат
хахаха.. прејака! Абе ако не ти се кажува, уживај си Коа веќе си и ги прибрала парите на мајка ти - купи си нешто за тебе, кое демек е од него и решен проблем