Добредојде во клубот :geek: И јас сум во идентична ситуација Него ми текна онака, како можете бе на 20+ годишни дечковци да им купувате мечиња? Јас имам подарено мајмун, го носев 9000 км до тука ама мајмунот имаше симболика. Али ова мечиња во форма на срце, срциња ова она
Ние оваа година се договоривме да не си подаруваме ништо, меѓутоа јас сакам да го изненадам на тој начин што планирам да земам мала кутија и во неа да ставам две мали шишенца црвено вино, милка срце и мини пици. Кутијата да ја завиткам во црвена хартија и да и' ставам златна панделка Што мислите?
предлог што да му купам на дечко ми на 13ти правиеме еден месец знам малку е ама сепак сакам нешто да му купам да не е без ич инаку 20 г е
Jас на дечко ми му купив мече напраивив чашка со порака,слика од нас и нешите имиња потова во чашката планирам да ставам чоколада што мислите дали е добро ??
Јас немам идеја што да му купам, а немам ниту време за креативност сама да изработувам нешто. Секако вечерта на 14ти ќе излеземе во град, во некој ресторан или пицерија, па сакав да порачам пица во вид на срце. Ќе се договорам со келнерите, секако ме знаат. Ама што ако тој не си порача пица Затоа се мислам дали да имам некој план Б во случај да не ми излезе како што сакам? Срциња, перничиња, рамки, слики,парфеми и сл. веќе му имам подарено, па не сме од вчера заедно Се мислам и јас да разгледам по продавниците за долна облека ако најдам некои боксерки со интересна шара, и Милка - срце.
Па моеш да му кажеш дека си смислила многу убава вечера и дека ти бираш таа вечер и да ти верува на изборот. Напни го. Многу е убава идејата. Се надевам ке се реализира
Му купив еден џемпер,милка чоколадото во форма на срце и ќе му земам уште нешто ситно ,доста му е толку заслужил
јас па незнам дали треба да купувам,една недела сме во врска,сеуште,не сум баш сигурна во врска со него,искрено,а и никогаш го немам славено празников со дечко,едноставно немам многу врски зад себе и секогаш се погодуваше да сум сама на празников,и сега незнам што да правам,некако срам ми е да подарам ниту па знам што и дали треба,помош?
Па на така кратка врска може и не иде нешо лигаво да му земеш..идете некаде на пијачка и купи чоколадца нешо (али не милка срце) и онака како за двајцата да се почастите..моеш оние најљепше жеље (тие жутите како и да се викаа)...и тоа. Да не е апла подарок, а па и да го обележете ако веќе сакаш
Ние не сме многу по вакви работи, макар шо често си подарваме ситници без специјален повод. Искрено не ни планирав да купвам нешто посебно ама денес шетав и најдов еден пепелник во форма на срце и пиши ај лав ју. Таман пушачи, да си тресиме. И со него една миризлива свеќа така убавка... И ваљда нешто благо ќе земам оти дими не чинело две работи да се дават
Јас оваа година нема ништо да му купам,така се договоривме ќе си отидеме на една фина вечеричка и тоа е тоа Родендените ни поминаа неодамна и тие беа главните датуми за нас,се друго непотребно фрлање пари
Ние сме две години во врска и стварно немам веќе избор нешто посебно што би му купила, мислам имам избор ама немам баш за овој ден зошто сепак нејќам да е нешто ПРЕмногу али нешто сосема доволно да се означи празникот (искрено, не ми е толку до празникот , колку што ете убаво ми е чувството да го изненадам и на обичен ден). Јас се одлучив да му купам бањарка, затоа што стално после бањање ми се шета со некои кратки пешкирчиња и ми иде на живци Планот ми е, да му спремам убав доручек, да одам кај него (нормално он ќе си спие и поима нема да има дека ќе му се бутнам под ќебе) , па така со бакнежи ќе го разбудам, за појадок ќе му спремам шпагети со бел сос (тоа му е омилено јадење), и плус овошна салата, по појадокот следи една чоколадна масажа ( набавив посебно чокоадно масло за таа намена + имам одено на курс за масажи така да, точно еден саат ќе му го масира целото тело, а во меѓувреме ќе свират релаксирачки убави песнички), ау заборавив, ќе си купам НОВ корсет со подвезици, и така облечена ќе му отидам .. После масажата малку ќе се галиме , па на крај ќе му кажам да одиме заедно под туш и после тоа ќе му ја дадам бањарката која ќе биде спакувана во многу убава кутија ПОЛНА со црвени срциња исечени од хамер и на секое срце ќе има по некое пораче. Епа јас мислам дека е доволно Одвај чекам !
Јас сум во врска скоро 4 години, сме поминале многу поводи за поклони, а си подаруваме работи и без повод, едноставно ќе видам нешто што ми се допага или знам дека такво нешто многу сака... и ќе му го купам. И веке немам идеи со што да го изненадам, а несакам да се повторувам. Веќе му имам купувано парфеми, гардероба ( блузи, дуксер, панталони, кошули), новчаник, чоколади, рамка со слика и слични (клише) поклони но кога имам време и кога сум креативно расположена (сум уметничка душа) јас најмногу сакам кога подарувам нешто да биде направено лично од мене и да има некој личен печат, или да е нешто специјално за таа личност. Инаку без повод, во било кој ден не мора да е прзник или годишнина, го имам изненадувано, со романтични доручеци/ручеци/вечери; торти или слатки во форма на срце; стриптиз во секси долна облека, подвезици, корсет... ( што најмногу му се допаѓа ); бања со свеќи; патека со рози до кревет со рози..... итн. Едноставно не ни е само Валентин ден за да си покажеме некое посебно внимание или колку се сакаме. И сега стварно ми треба нешто ново не знам веќе што да измислам HELP! Дајте некоја нова креативна идеја... досега одприлика што прочитав нешто по темава, веќе го имам направено. П.С. најинтересно ми е до сега, а и малце морбидно, што можеби на вас ќе ви послужи како идеја-ако имате време и живци да се замарате за минатиот валентин сама му направив колач во форма на реално човечко срце и во големина на реално срце, мнооогу оригинално испадна со “крв“ и артерии и сите детали, и зедов една стара мајца ја испрскав со истата течност што беше од “крвта“ на левата страна нели кај срцето... и доага тој, а јас со чинијата со моето срце во рака и со крвава мајца и велам: Еве ти го давам моето срце! Твое е! никогаш нема да му ја заборавам фацата кога му замрзна прво и 1 минута молк, гледа, се чуди, и потоа почна да се смее и да ме гушка и вели: не ми се верува! колку е ЈАКО! луда си! ТЕ САКААМ! ... и потоа следеа 1000000 бакнежи од сите изненадувања до сега, тоа највеќе го има израдувано и изненадено.
Здраво девојки ај ве молам пишете ми љубовна порака потребна ми е за 14-ти да испринтам на чаша, нешто како посвета да биде или сл. дадете ми некоја идеја овие што ги има по страниците се многу досадни и детски Ви благодарам однапред