премногу убави свекички има во рамстор и не се скапи можете да направите многу нешта со нив верујте дека многу ке ви се допаднат преубави се
Па рецептот сама си го измислив, така како ми идеше на рака ама ќе ти кажам од прилика: Прво за внатрешноста на колачот купив од оној готовиот пандишпан, значи само кори, потрошив едно пакување од Винчини оние правоаголните(не се многу големи), ги изронив со рака во еден сад. Сварив какао со парчиња чоколадо внатре (мислам дека колку еден филџан за кафе ми беше потребно) и со какакото го прелив пандишпанот, постепено, не целото одеднаш, и го месам со рака како тесто. Треба да се добие хомогена смеса како тесто да биде исто.Кога ке биде доволно цврсто за да можеш да го обликуваш а да не се распадне - значи доста е со какаото. И после внатре мушнав и неколку вишни од компот, некако пусто ми беше само тесто, И потоа го правиш во форма на срце, го обликуваш со раце... си гледав од слика од интернет. Е после за одозгора ми требаше марципан, или фондан, тогаш не можев да најдам никаде готов, сега мислам дека видов има во КАМ. Ама премногу време ке ми одземеше ако го правам сама- најдов рецепти на интернет, па купив од КАМ едни бомбици од марципан имаше. 2 пакувања. Бомбиците ги ставив сите во еден сад и ги измесив во едно и ставив црвена боја-во прав, и така направив црвен марципан. Потоа го со сукалка ке го расукаш до дебелина околу пола сантим и со тоа го омотуваш срцето што го направи со претходната смеса. И понатаму се е работа со раце колку ке успееш да го обликуваш како човечко срце. И на крај во ѓезве ставив сок од вишна колку пола чаша и ставив малце (1 кафена лажичка мислам ) густин, тоа се загрева и го мешаш додека маалце не се згустне-колку како крв да изгледа, и со тоа го прелеваш срцето... Толку! Мислам дека потрошив околу 2-3 часа, обликувањето ми одзема многу време и Нерви Ако поробаш да го правиш, ај со срека, па кажи дали испаднало се како што треба
Да не знаете колку пари земаат во цвеќарите за пакување на подарокот (во случајов aftershave)со украсна хартија и панделка ?
Ајде девојки,не е важен толку поклонот. Да си помините утре најубаво со партнерот,многу љубов и среќа да ве следи го крајот на животот.Помалку караници,повеќе секс.
Od site mesta sto gi prosetav najubavi imas vo struzanka. Kako trenerki se nebesno sino so mastilo sino. Takva kombinacija imas i na zeleno. Malce se poskapi ama vrven kvalitet. cena: 900 den
Јас затоа што немам некоја посебна идеја за овој Valentine решив да купам купон од за grouper тандем масажа за двајца и купонот да го ставам во кутија од срце со картичка со убава порака и неколку мали чоколадни срца. Поклонот ке му го однесам на работа и портирот ке му до даде... Што мислите ?
ќе му купам елек ми ја пукна главата со тој елек а решив да го му купам. барем знам дека ќе го изнаноси и еден парфем и милка (знам дека реков дека ништо нема да му купам ама ете.... се предомислив )
Цел град го прошетав. Ништо не ми се допадна, незнам што вкус има, 1 месец сме заедно, најверојатно ништо нема да му купам...
Девојки ве молам помогнете ми што да му купам на дечко ми за Валентајн... 8 месеци сме заедно и дали мислите дека би било во ред да му купам паричник и една чаша... или нешто друго ?
Зависи од големината на поколнот. Мене ми имаат земано од 30 до 100 денари,ама минимални нешта.За нешто поголемо сигурно е поскапо
што мислите дали е добар подарокот му купив на дечко ми рамка со заедничка слика која најмногу му се допаѓа него, ама несакам само тоа да биде дајте предлог дали е добро да купам некојо чоколадо во форма на срце каде можам да најдам такви нешта
Провери во големите маркети, секако ќе најдеш нешто. Па можеш да му земеш Милка во форма на срце, а сега гледам имат за празникот и со некои нови пакувања за "празникот". Јас пак ќе кажам празникот не го почитуваме, а петок ние секако резервиран за вечера, па ќе ни се поклопи, ако не утре, во сабота ќе си надохнадиме. Еден ден во викендот/неделата секако излегуваме на вечера, не ни треба Валентинчо, па ни за подароци. Се радувам повеќе кога без повод ќе ме изненади со нешто , отколку да го чекам 14ти Февруари, за да ми купи подарок и да се сети на мене.
Да не знаете како се декорира шише, тегла со восок од свеќа? Се живо пребарав никаде неможам да најдам постапка одприлика да видам како тоа би изгледало.. Ако знае некој, би го замолила да ми прати за да видам
Еве туторијали. Ќе најдеш и други http://www.youtube.com/watch?v=cFYkr23rRv0 http://www.youtube.com/watch?v=7Z__DDmtLiQ http://www.youtube.com/watch?v=_eA774WeCaA http://www.youtube.com/watch?v=DaYwUEWXi-g
Фала мила, но јас барам нешто друго. Восокот од запалената свеќа капе на шишето или теглата, и пример ако се неколку свеќи во бои ќе испадне интересно. Ме разбираш? Сакав да видам како се прави, зошто јас само теоретскиот дел го знам. Не е нешто комплицирано, ама сепак да видам на која висина треба да ја држам свеќата итн.
Аха, те разбрав сега Епа пробај од различна висина и ќе видиш како излегува. Капките поситни ги сакаш или поголеми? Ако капнуваш од повисоко, мислам дека повеќе ќе се разлеваат.