феминкии ми треба нешто помош... извадив слика моја и на дечко ми .. ама некако жолта е .. и ја стаив у рамка.. Сеа се мислам дали да му ја дадам за утре за валентајн.. ај помош ве молам
Како мислиш жолта? Ако си ја извадила по тој повод, дај му ја Завиткај ја, стави црвена машничка, купи чоколада и voilà
па како да кажам жолта е некако .. :/ пожолтена хаха а пошо слушам не се носело две работи .. што уше да му купам некое мече пример?
Па што знам јас се мислам да му купам на мојот некој убав привезок за клучеви. Можеш и ти, или паричник, каиш, футрола за мобилен/таблет. Друго не ми текнува Инаку, сакав да ја прашам Dea8 дали има слика од тортата, да прикачи Најјако нешто што сум прочитала до сега, браво за инвентивноста
Јас божем по пример на една феминка пошто сега брзо ни беше годишнина и си разменивме подароци плус тоа прес 2-3 дена ме изненади од чиста мира со ружа и се договоривме ништо да не купуваме туку да идеме на вечера така. И дознав дека ми купил нешто големо плишано(толку дознав, не знам што е) и дека ќе ме изненади. И сеаа глупо ми падна многу и 5 до 12 му купив како срце црвено перниче и пишува ТЕ САКАМ и мала срце милка. Мислам доста е
хелп.....освен вино и милка во вид на срце што друго би можела да купам за да не бидат 2 работи или може и само тоа
За тоа ти треба повеќе време Земаш шишенце какво што сакаш и ставаш внатре свеќе, нормално повеќето е надвор. И така свеќата се топи и разлева низ шишето. Откако ќе се потроши таа (или сакаш да ја смениш), ставаш друга свеќа во друга боја. Таа ќе се разлева исто и на делови ќе се меша со претходната. Многу убаво изгледа
Е вака сеа, ја пак во темава. Се одлучив да ставам наша слика во рамка, и сликата со посвета. Но што да напишам? Може некоја идеја?
фала еве сликичка! Ама ви живо некако по Живо изгледаше.. вака од блицот некако не ми се допага многу како излегува на слика... ама тоа е нема веза
Стварно е глупо да се зборува по темата дека НЕ МОРА БАШ ОВОЈ ДЕН ДА ГО ЧЕКАТЕ ПА ДА СИ ПОКЛОНУВТЕ ПОДАРОЦИ ... ми се смачи Никој на никој не му забранува преку целата година да си подарува , ама се знае дека денешниот ден го облежува тоа .ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ . ЈАС ВЕКЕ СИ СПРЕМИВ СЕ ... УБАВ ПОМИН НА СИТЕ ЗАЉУБЕНИ
Се смиривме . Инаку бидејки ни двајцата немаме пари за трошење утре ке одам кај него,бидејки ми требаат 400 ден. за воз,500 ден. за ручек и толку се парите.Нема ништо да му купам,ни тој мене бидејки немаме пари.А и подобро да отидеме на ручек да ги потрошиме парите,отколку да му купувам чоколадо во срце бидејки не би рекла дека со едно чоколадо цел ден ке го помине.Кога ке бидаме повеќе при пари ке си купуваме и подаруваме и на обичен ден,сега ми е важно да си поминеме најубаво викендов.
Јас не му купив, туку му направив. Се потрудив да направам нешто креативно. Направив книга од карти - 50 причини зошто Те сакам! Ја правев цели 3 дена, се исполепив ама мислам дека ми испадна супер. Книгата ке ја ставам во кутија за подароци од авон, и планирам да ја наполнам со шери бонбони И то је то! Се надевам дека ќе му се допадне
Ако уште не си купила ако бираш помеѓу тие две јас мислам дека подобро е чаша, најверојатно пишува нешто Лове ова она Затоа што сметам дека (ако некој сака да го обележи празникот, бидејки има некои што не го слават,бла, бла.... ок! ) тој ден треба да се обележи со нешто што ја симболизира љубовта, нешто љубовно... нема потреба од поклони од типот новчаник, блуза, парфем, колекција.... или веќе ако сакате такво нешто барем нека има и нешто друго симболично за св. Валентин. И секако дека секој ден треба да си покажуваме дека се сакаме, не само денес, тоа го знаеме нели, само мислам дека на овој ден не е потребно ништо повеќе од тоа да ја си ја покажете, искажете, изјавите... љубовта! па сеа кој на каков начин знае и умее и може Поздрав и имајте убав ден/вечер, сите што слават било кој од двата празника, или пак ниту еден... never mind Love & Have Fun!
Всушност на 14.02 се слави Св. Трифун, затоа што ние не сме католици, ама овие глупави обичаи што ги прифаќаме од западот ќе направат да си го изгубиме и тоа што го имаме Јас му купив перниче був. Со неговото име во срце и уште нешто напишано по порачка. Плус мало винце и милка срце. Повеќе сме по виното
Ние со дечко ми на 8 Фев правиме една година од врска. Јас планирам на 8 да направам книга од шпил карти 52 причини зошто те сакам а за св валентајн колекција на адидас(или новчаник) и пионир чоколадца во форма на срце. Е сега се мислам дали на 8 да биде адидас колекцијата (или новчаник незнам колку се цените немам разгледано) а на 14 картите. Што мислете вие? Spoiler ова ми е прва врска и прва годишнина и затоа незнам како да постапам со поклоните
What if i told you дека на машките ама ич не им се свиѓаат романтични измишљотини и тракатанци во форма на срце и ако веќе им давате некој поклон би било подобро да им дадете нешто што всушност ќе им користи?
@rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Се сложувам со феминката над мене. Поубаво нешто да му купиш што ќе си го износи или искористе, вака на ливчиња ова она, што ќе му се? А и тие не сакаат многу лигушки. Мислам не сакам да се навредеш ова што ти го велам, како сакаш ти, само мое мислење ти давам. Штом одете 1 година мила, еве можеш да извадеш слики од вас и да ми ги урамиш во некоја убава рамка. Или шише вино. Има ли нешто поубаво?