Бидејќи ќе одиме на концерт, ќе купам само малo милка срце или од Капитол видов едни чоколатца симпатични
Вака девојки ја сум веќе во врска две недели само и искрено нејкам некој голем поклон или било што како мечиња, рамка со наша слика искрено не ми се допаѓа баш тоа. Сакам нешо мало но да значи, искрено мене ми е доволно и тоа што сме заедно бидејќи таков некој како него сум сакала да имам отсекогаш. Искрено доволно ми е една негова прегратка и бакнеж ништо повеќе. Но ајде како што е денот ние нема да славиме бидејки искрено ако се сакаме секој ден може да ни биде таков романтичен и можеме на рандом ден да си подариме нешто. Бидејќи незнам дали ќе бидеме сами или со уште 2-3 души но како и да е ќе имаме време за нас мислев да купам вино и една торта мала во вид на срце. Ем ќе си пиеме ем ќе си каснеме благо мммм Што мислите за тоа?
Хахаха па сега не гледаш за иднината , ние размислуваме за сегашноста пред нас а и не верувам нивната љубов засега цвета ... во случај да раскинат споменот барем ќе му остане тие 365 дена
Стварно си среќна што немаш дечко ? Јас обратно зарем не би сакала со некого овој ден да го поминеш ?
Па во овој случај јас не размислувам , ми побара помош и помогнав хаха нека му ја мисли таа за иднината или сегашноста.
Девојки пофалете се што дадовте или добивте за подарок. еве јас да почнам , бидејќи сме долги години заедно решивме да си подареме нешто корисно .Па така си избравме јас што сакам и тој што сака. Јас одбрав пижами а тој блуза и така остана.Е арно ама јас му нарачав и перничиња овие специјалниве за св.валентајн и го изненадав , ама пак и тој ме изненади ми купил мече еве баш вака спакувано ...абе романтичарче мое
Нашата годишнина е кратко по „празников“, па обично не си подаруваме на 14-ти, туку нешто подоцна, ама поради сплет на околности - подранивме годинава. Јас добив кутивче, ама не онакво со прстен внатре , туку со привезок за алката која ја добив на првата годишнина. Му подарив гаџети за гитара, му ја знам слабата точка.
Јас го изненадив со романтична вечера и честитка во која пишав се што чувствувам за него. А јас добив црвена ружа и шери бомбончиња знае дека ги обожавам
Му направив честитка многу интересна, внатре имаше направено I Love You и му напишав љубовна порака. Му ја дадов преку ден и баш се израдува а вечерта се облеков во секси долна облека што ја имв купено за таа прилика и повторно го изненадив.
Ние Св. Трифун го славиме. Весело ќе биде. Љубовта ќе ја славиме 4 дена подоцна, на нашата годишнина.
Девојки можам ли некаде во Скопјево да изгравирам привезок и знаете ли можеби која е цената? Благодарам
Глупо ли е маjмунчево да му го поκлонам на дечκо ми? има 26 год. Има пρиκазна зад мечево и затоа саκам да му го дадам, aма да не е малце глупичκо незнам.
зошто да е баш глупаво кога зад мечето имате заедничка приказна јас да бев немаше да размислувам би му го поклонила секако со уште некое друго деталче