Ако имате нешто заедничко со мајмунчево и некои заеднички спомени, мене би ми било интересно да ми го направи ова изненадување
Не е глупо. Слободно. И јас сум машко и ете сакам кога девојка ми ќе ми подари мече што пишува на него Те сакам.
Пораките од кај ќе ги препишувате? Дај кажи ми поопширно за ова како ќе го правите. Сакам и јас истото.
Па повеќето пораки на нет ги најдовме на различни страници , некои пораки ние самите ги смисливме и ги пишувавме и тоа беше се. Интересна кутија купи другарка ми и внатре ги ставивме.
Јас знам една шолја која многу ја бендиса, полу литарска во Џамбо и едно мало напушено топче. Знам дека тие работи многу ги сака. Меѓу другото сакам да му купам инстант чај од лимон зошто сака и оди сега на работа и ми имаше кажано дека чајот од лимон од кафемат не му е убав, а знам дека го сака овој чај па ќе му дојдат работите добро за на работа мислам. Јас знам дека ќе се израдува на овие работи, само сакав да слушнам уште едно мислење, дали мислите дека треба уште нешто да додадам покрај ова? Следниот месец му е роденден па било која идеја можам да ја применам и за тогаш зошто стварно I'm running out of ideas.
jas na decko mi sakam da mu kupam kondomi, zosto sekogas on e toj sto kupuva pa sega sakam ete taka da go nasmeam malku i izraduvam sto mislite vie?
Ние на 14ти правиме и 3 години од кога сме заедно, па планирам да му земам нешто што знам дека навистина ќе му треба или што ми спомнал дека го сака и мислам дека нема да има никаква утка во тој случај.Па би ви препорачала да им земете нешто што ви спомнале дека го сакаат и дека планираат да си го земат,наместо они вие купете им го.Секако ќе ги израдувате тогаш најмногу и нема да погрешите.
Јас го напнав со тоа што сака за валентајн и не ми кажуваше ништо али преска ми кажа дали сакам стварно да знам што сакам? и јас секако реков да и он рече баскет,пошо е кошаркар.Е сеа незнам дали тоа да му го земам затоа што од една страна ќе биде еј не е интересно го очекувал тоа незнам ....Што мислите вие?
@Komplicirana2015 Па ете ако сака баскет земи му, ти ако си сакала поклонот да биде изненадување воопшто не требало да го прашаш што сака Подобро баскет и чоколадо отколку мече или боксерки пример.
Со дечко ми сме заедно месец и неколку дена навистина незнам што да му земам за 14 и сум во голема дилема .. Јас лично несакам премногу романтика .. Ми дојде една мала идеја па би сакала да ми помогнете дали е добра .. Позади неговата зграда има големо игралиште па на игралиштето да наредам свеќи во облик на срце внатре да стои не многу големо мече пред мечето наша слика голема чоколада и кутија во која ќе стоат пар боксерки ... П.С истото му го правев на бившиот за роденден кај него испадна фантастично тој беше воодушевен но сега незнам ми кочат мислите незнам дали да го направам .. Мислите дека е добра идеата ??
@Ilievska ^_^, прекратко сте заедно и мислам дека изненадувањето ќе има спротивен ефект, само ќе го штрецнеш дечкото. Таквите грандиозни романтични гестови остави ги за кога ќе ја зацврстите врската, сега-засега доволно е едно чоколадо.
гледав на нет навлаки за перници(на едната девојче на другата момче и кога ке се доближат формираат срце итн.) или портрет/ карикатура.. е сега не знам што да му земам..и ако земам нешто треба да порачувам колку ке има вреем да направат нз ..ми се вртат понудите доста често по фб
утре правиме 5 месеци заедно .. какво изненадување да приредам ? или да почекам на 14 заедно ? што велите вие?
Јас мислам да почекаш за една недела не менува ништо,вака ќе ти се направт повече трошоци...али сепак ти најдобро си знаеш
Ох... кога ке дојде време за поклони немам никаква идеја ама се мислам за овој Валентајн да извадам наша слика да му ја стаам у рамка и да му купам мече. Сеа за сеа оваа ми е најдобрата идеа ако не ми падне на ум нешто друго