Јас ќе му купам шпикозни и ќе ги наличам над спалната,чисто колку да се штрецнува одвреме-навреме Искрено да ви кажам мене како празник ме бендисува,не е битно што е католички,мислам се слави љубовта сепак и кромањонски да е,муабетот ми е дека е убаво да се слави нешто убаво Е сега што се искомерцијализира до бесконечност е друга прикаска,од празников направија совршена прилика за купување перверзно добар веш,без да се секираат какви развратни мисли и поминуваат на продавачката додека го пакува ....оти демек има причина де,таков е денот иначе сум добра цура Да не ја затупувам ќе кажам MAKE LOVE NOT WAR ....и тоа секој ден,море и по два-три пати ако можете и едноставно насмевката на вашето лице е неизбежна И може секој ден не е Велигден,ама секој ден ќе ви биде Валентин for sure Мечињата,срцињата сепак нека останат на младите секако на нив останува светот
Јас си славам Трифун. Не дека не го сакам дечко ми, ама заљубена сум и во добрата капка Се си сакам од алкохолче освен коњак , ако не го конзумирам во големи количини. Славев и Валентајн како помала де Spoiler демек сега многу стара сум ама не можам многу љубав ми доаѓа наеднаш, па и годишнина ми е тие денови таму и јакичко ќе ми дое така у ист месец 2 толку големи празници . :geek:
Еее и дечко ми не е романтичен ич...типичен јарец...практика му е во потсвест...И затоа вака ми вика нели најубав поклон е пари? Еве ти па си купи што сакаш И да после све ја сватив дека си е така...фино лепо земи си пари и купи си што сакаш ти... Иначе пошто ја си сакам романтика ете он знае некад па некад да изненади...со свеќи, вино и пица и постела од рози ( добро само еднаш добив и тоа на почеток на врска ) Мечиња и ред такви срцкасти работи од мене добил само првата година...на првиот Св.Валентин а ја добив од него долна облека( розе и сеуште ја чувам, не ја носам ) Од него исто така еднашка добив мече т.е. прасе ама огромно ( и мн. си го сакам прасето ) И така стандард како и сите др. години наназад...ние ќе си прославиме со вино и вечера и секс и спиење заедно ( иако ова го имаме скоро секоја недела ) Значи ништо посебно! Битно е да се слави не е битен повод!
И мојон тапчо е јарец и ич не е романтичен. Секогаш кога ми купува полкон ме зема со него за да си го одберам . Мече еднаш ми има купено и за мечето морав да одам со него за да го одберам, да не не го погодел Извинете за оффффффф
Има дома една црвена александрија винце, ќе извадам од чашите за вино ќе наредам свеќи на масата и ќе уживаме, бидејки мажот ми никогаш досега не е славел св. Валентин па затоа јас ќе му приредам ем љубовно ем пијано
Со срцката моја ке си славиме Св.Трифун.И онака и двајцата сме си пијаници... (копирано од фб) Така се договоривме, мислам не баш официјално... Вино + Секс = Св. Трифун + Св. Валентајн
Ние склучивме пакт - ако некој од нас двајцата подлегне на духот на св. Валентин и се појави со ружа, мече, балон или било што, па дури и гласно да проговори за ова фамозно лудило - другиот да му мавне БОКС!
Ж детест Валентајн! Целата таа атмосфера и чуда некако ќе ги сварам, ама да бидам обврзана или да го обврзувам дечко ми на купување подароци, нема шанси! Да, нормално дека сакам како женско да ми се подари цвеќе, ама кога тоа ќе се случи на Валентин и повеќе од јасно ми е, зошто воопшто ружата е подарена Така да, кафанчето не бега.
Hикогаш не сум подарила подарок за Cв.Bалентин,никогаш и да сум сакала да подарам немав доволно пари,ај сега ке му купам мече,2 шољи за кафе со срце и утре ке се скараме,и наредната година на друг дечко пак мече.милка,и шоља Oвде се слави многу Bалентин,пошто католици полно е,лани не бев ни заинтересирана за ништо Mојов излегол ми купил мече,кутија за накит,и рози а во брак сме,и бебе имаме,и што ке правиме со мечево се мислев и го ставив во керка ми собата што се прави,оваа година планираме да отидеме на вечера,и двата празници да ги прославиме
Jas so decko mi idam vishe 2 meseci ama go znam podolgo vreme...i neznam sto bash saka :/...i sea za valentajn sakam da mu kupam nesto sto ke go izraduva...moze pomosh [mod-kirilicaxdnuqss][/mod-kirilicaxdnuqss]
Можеш на вино да залепиш ваша слика и да го украсиш на врвот со машна, навистина изгледа убаво, сликата се прави на специјална фото хартија и од страна се ставаат налепници
Еве цел куп идеи, мене најмногу ме привлекуваат оние со љубовните слики - дигитална рамка за слики, слика во вид слагалица... А и идејата со вино и слика од нас двајцата не е лоша, само јас место вино ќе си земам рум! Ова не е само за овој празник, може и да се подарува било кој ден. Пред некој ден бев во индиската продавница, Sewa или како и да се вика, и му купив мала (минијатурна) чашка со неговиот хороскопски знак, ефтино ама мн. слатко поклонче. Или можете да купите од големите чаши за бело вино и да ставите некој интересен детал на нив, ептен романтично изгледаат, а создаваат атмосфера. http://www.find-me-a-gift.co.uk/valenti ... tml?page=3
дали можи некој да ми помогни и да ми кажи кај да ја најдам темата за стриптиз?? не можам да ја најдам нигде а итно ми треба ве молам...
Јас да ви кажам право воопшто не се замарам со славење на Валентин или Трифун, ама еве деновиве случајно барајќи нешто друго на нет, наидов на една понуда што ми изгледа многу интересно. Се работи за еднодневна посета на винарија Попова кула (негде накај Валандово е претпоставувам), дегустација на вина и сирења, ручек во ресторан и посета на Стоби при враќање назад. Јас планирам да уплатам за двајца и да не му кажувам ништо, се до денот кога треба да се иде, да биде изненадување, нели Епа ај да видиме дали ќе се изненади господинот
Јас за разлика од сите вас феминки , ниту сум по алкохолот, а немам ни момче па нема да прославувам ниту еден од двата празици