Штом знаеш дека ќе му се допаднат тие две работи земи му ги и земи уште една работа нешто што ти има спомнато дека сака.Од овие другиве работи ја мислам или парфем или нешто за бричење,ја не сум за срциња,мечиња,ретки се машките што сакаат такви работи.Ама ти најдобро го познаваш и знаеш дали би му се допаднало тоа.
@theowndemon, супер е подарокот само јас би земала и уште нешто ситно, пример чоколадо или вино, колку да не бидат парен број подароците (признавам, суеверна сум за такви работи )
@Ane-Goki1 @Nausicaa хуху, и јас сакам уште нешто да земам, сега пак ќе шетнам уште малце, ќе земам уште нешто за него. Ќе прашвам по маркетите работи за брада :') Ако ме сфатат можи ќе најдам нешто. Чоколадо или вино, и да земам не јади многу ... во глобала ни благо, ни грицки, ни пие. Кафе едино пие, ама то ми е резервирано за роденден. Spoiler: подарокот
За после бричење се мисли за цела брада, не? Иначе машинка има. Ама готово зедов уште неколку ситнурии шо се практични и знам дека ќе му се допаднат.
Мислам дека првата идеја ти е супер и е доолна. Останатите работи остви ги за друг пат, не мора да има секогаш прилика.
Ми се превртуваат цревата кога ќе слушнам за давање на срциња и мечиња на машки. Посебно на оние што имаат над 18 години и не се веќе во средно. Сериозно девојки мислите дека до мече му е дојдено?! И со тој парфем веќе... Иако сите тие колекции, парфеми се супер подароци колку да подариш нешто. Да не биде без ич. Да не мрчам многу и да бидам негативна, ама ако навистина ви значи и сакате нешто да му подарите, нека биде поуникатно, нешто креативно, нешто од срце.
мила и чоколадце од 10 денари да му дадеш ако знае да цене и тоа ке го цене и ке е благодарен а ако не знае и цел свет дај му го нема да цени...верувај од искуство знам...
одлично сватив што сакаше да кажеш и јас се мислев за поклон за роденден да биде нешто уникатно нешто wowww и на крај не го ценесе тоа...за тоа велам кој ако некој те сака почитува цеке и без ничто ке те сака и цене....
Сакам на момакот да му направам вино со слика, а да порачувам од нет на тие страните и не баш имам пари па плус и за карго да плаќам за достава. Па затоа решив сама да направам, ама не знам каде да прашам да ми направат сликата да не биде на обична хартија (да биде како мрсна хартија, како што е таа на налепницата на виното)..
Дечко ми не е многу романтичен, лани не му ни текна дека е валентин и не су купувавме ништо, оваа година ништо не спомнував, бидејки мислев дека пак нема да се замара, но тој резервирал маса за вечера и ми купил подарок. Па сега незнам што да му купам. Свеќи, мечиња не сакам! До сега му имам купено паричник,ланче,часовник,блуза,парфем,боксерки. И веќе немам идеа што да му купам. Тој сакаше да си купи таков приклучок за усб во кола , за песни слушање, но незнам некако не ми е баш тоа за подарок за валентин. Вие имате ли некој предлог?
@badgirl2 Интересно доколку сте подолго време во врска.. ЕДИТ: За прашањето погоре можеш пижами да му купиш, чаша со ваша слика, рамка за слика со ваши слики, ремен или некоја кошула.
http://www.crnobelo.com/hrana/recep...nite-cokoladen-kolav-so-skrieno-iznenaduvanje Еве една одлична и интересна идеја
Со дечко ми сме скоро 4 месеци во врска, па ми е глупаво да му купам сат или некој скап парфем.. Затоа се договоривме да одиме саботата на базен, спа и масажа, па може и да преноќиме во хотелот. Ем ќе си се почастиме двајцата исто, ем ќе сме заедно 2 дена... Е сега дека мене ми е прв Валентајн со дечко и сакам по нешто ситница да му купам, ама немам воопшто идеја. Се мислам некој каиш да му купам или нешто околу 300-400 денари. Дајте некој предлог ама да не е чаша, мече, боксерки, милка.....