Јас да сум ти дечко и мене да ми кажеш да славиме Трифун наместо Валентајн би ти раскинал во истиот момент кога ќе ми го кажеш тоа. Валентајн се знае зошто се слави. Нема потреба да му купуваш. Само покажи му дека го сакаш и дека ти значи. А можеш да му земеш нешто ситно, колку гестот и почитта да се види кон него.
@Marick14 Перничево е правено во Штип ама можеш да прашаш во печатница кај што печатат вакви работи блузи,капи,чаши итн... да ти направат
@Tiniiic те разбирам, јас сум во иста ситуација, ги имам купено сите тие работи, исто и книги, принтани работи, дрес и што ли не. Сега мисчев да му купам капче ако има во Капитол, што мислите?
@Elence93 Ако му треба капче зошто да не, ќе се израдува. И јас бев финансиски слаба па му направив љубовни купони и купив диплома за најголем спанко немаше за најдобар дечко, затоа , денес добив некој денар па планирам да му купам чоколадо и ако најдам коцки такви ко на @badgirl2 ако не само тоа ќе биде
Аман бре доста мрчите леле. Ете сака некој на 14 да прави романтики и поклони да си дава. Дома никој не ви иди. Ми се смачи сите само јадат лајна, а јас шо сакам ќе славам. Со години славевме ден на другарството што сами си го измисливме на 4.4 беше. Повод е само за да си кажеш колку ти значи некој небитно дали е 14 фев, или 27 август. На темата, јас ќе му купам една шоља за кафе, внатре со мало мече. И ќе купам еден трипл чоклет десерт да си го јадиме заедно. Толку.
Ми треба помош малце. Му купив кошула и му направив срциња со пораки. Е сега планирам малце да ја зачинам вечерта при крајот со секси долна облека.. срцињата да му ги дадам со кошулата додека сме на вечера или после кога ќе сме сами?
Иаκо сме во бρаκ со дете,уживаме да си поκлониме по нешто или да означиме неκој важен датум за нас. Бидејќи мм ρаботи,а јас со синκо дома,сκоρо сеκој ден му пρавиме мали изненадувања κои него многу му значат,и често знае да κаже деκа целиот замоρ од денот го забоρава κога влегува дома,очеκува деκа имаме изненадување. За утρе специјално се спρемивме,имаме и десеρт а ќе имаме и специјале ρучеκ. Поκлонот е од двајцата за нашата најмила и единствена личност-татκо и сопρуг! Вино,чоκолади со поρаκи и боди κое синκо ќе го носи
Јас уште од сега се спремам за валентајн. Поминав во Џамбо видов добри шољи за кафе па ќе купам. Се двоумам помеѓу две утре ќе одлучам од кои ќе земам. Две чаши ќе земам една да има и за мене. Бидејќи сега кафе пиеме во различни шољи вака ќе имаме исти. И земав една чинија со срценца исто од Џамбо. Е сега обавезно ќе има и некоја закуска. Бидејќи речиси заедно живееме ќе му направам некои колачи во форма на срце вино ќе има секако и уште не знам што за јадење некои тестенини или пица. Рано е ама додека имам некој денар да не ги потрошам. Не дека мора да се купува или да се слави овој ден ама ете јас таква сум секогаш барам нешто за славење.
Разгледвав со него по продавници и видов и за сега и за Март родендено ко ќе му е. Знам колку сака дуксери, досега му имам еден подарено ама овој е поинаков и зимски, другиот е по пролетен. Овој е зелен со кренато околу вратот и баш спомна дека таков нема и дека нема дуксер со патент. Кога идат денови да треба да подарам сетилата на 100% ми се. Зошто колку и едноставен човек да е, пак ми иди едно исто да му земам зошто не знам искрено, мн работи и неќи. Видов читав и во темата и видов од оние дипломи за најдобар било шо, можеби и таква со чоколадо ќе му земам. Често излегваме по продавници и овај пат знам шо ќе земи зш имав некој денар и се думав шо да си земам и ми велеше друг пат да си купвам сама.
Капа, ракавици, книга, шољи за кафе, парфем, некое чоколадо, машинка за бричење, приврзок за клуч, дуксер, јакна, кошула..... Тоа ми текна избери си нешто од ова, или пак читај има доста предлози за поклони во темава. Поздравче.