Девојки јас имам врска на далечина и моето момче живее во Италија,а тоа подразбира дека морам подарокот да го праќам по пошта или по луѓе кои патуваат до таму дај кажете некоја идеа за подарок,ми се блокира мозокот и ништо не ми доаѓа на ум..а еве денот се ближи,морам да пратам.. Однапред ви фалааа
пред некоја година се продаваја по книжариве дипломи и имаше најразлички диплома за најдобра другарка диплома за најдобро момче ако сеуште ги има би биле добри покрај подарокот...а во една цвеќара видов срце пикнато во балон и го сликав да го видите
Ај јас да ви се пофалам со имам спремно... ЧД Ама баш се ни се поклопува.. прво неговиот роденден, па 4 годишнина, па Валентин па мојот роденден се во една недела... Во една кутија која ја обвиткав со бела хартија на која нацртав интересни нешта ставив сто ливчиња на кои пишува зошто го сакам (заедно ке ги читаме... потоа, ке му направам колачи во вид на срце (http://www.femina.mk/%D1%80%D0%B5%D1%86 ... 0%B8%D0%BD), му нацртав секси цртеж (кој одамна го посакуваше) и го урамив и за крај му купив наочари од Botoni какви што сакаше...... И за крај он ке ме почасти со вечера, а јас него во кревет Се надевам дека се ова ке му се допадне...
Уникатно и доста креативно. Многу ми се допадна ова, и ако не се налутиш мооооожеби ќе ти ја украдам идејава
девојки а да се купи нешто што предлагате дечкоми е е многу едноставен незнам како да објаснам и немам никаква идеа за што да му купам што да го изненадам давајте идеи
Планирам една кошничка, или кутија (ќе видам што ќе најдам) да ја наполнам со секакви чоколади и чоколадни бомбони (нешто слично како на сликата), вино црвено секако, и зависно од тоа каде ќе бидеме ќе окрка и една вечера од мене (зготвена со љубов ). Мечиња, такви пуфчести сладурци нема да му купувам, голем е . Може да си се почастам со еден црвено жежок комплет за под ќебенце , тоа сигурно повеќе ќе го израдува отколку да му купам зајак И да, можеби и ќе му напишам нешто онака, од срце, баш како што тој сака, и знам дека тоа ептен ќе го исполни, затоа што секој мој напишан текст го доживува и исполнува посебно
а што мислите да се купи нешто што нема врска со празникот голем е дечкоми за играчки плишани реално и не е голем љубител на такви работи сепак поклон е поклон нешто убаво што ќе го потсеќа на мене секогаш ах ќе мора да се потрудам
^ Мислам дека нема потреба од плишани работи да се купуваат. Ајде еднаш, во ред е, ама секоја година, нема смисла мислам. Можеш да му купиш некое џемперче, или да го однесиш на вечера.... нема потреба од мендовци и тракатанци кои ќе му собираат само прашина, а и мислиш ќе го израдува тоа? Подобро купи си нешто секси за себе, и така пречекај го во кревет, отколку менде во целуфан
убава долна облека би била шлагот на вечерта а следното јаготката вреди да се потрошат пари за добра долна облека :geek: да и јас мислев нешто за носење нешто убаво искрено здосадено ми е од плишани играчки мечки све на све сакам спонтана убава опуштена вечер...
Девојки(може и некое момче да има, да не навредам), дали некоја има некоја идеа за патување, некое романтично за датата или за викендот??? Се мислам каде да се оди?! Мислам дека мече или цвеќе или чоколадо може да се купат секој ден(или може не)?! позззз
Сакате ли онЛине да ја имате Книгава?? зошто јас ја имам може да пробам да ја качам на некој линк за да ја споделам со ВАС..
За подароци има многуууу колку ти душа сака.но мене овој ден ми е некако се купуваат мечиња,чоколатца,срценца итн итн....како само овој ден да е за да му кажеш некому дека го сакаш-секако со исклучоци.јас мислам место мечиња парфем итн итн...поубаво е да му направиш една убава вечера,ти да си купиш секси веш па после во креветче и ова многу повеќе ќе го иззрадува јас поклони не купувам ,нешто симболично де,чоколадца или црвено вино.поубаво ми е онака кога ќе му купам нешто,кога ќе ми дојде од душата ,а не да се напињам за овој ден