Мече не сум добил ама пред 15год добив црвено јастуче во форма на срце.... и после секое доаѓање беше кај е јастучето... И така јастучето патуваше кревет - плакар и обратно додека траеше врската.
Неее си остана во плакар и после искрено не ни знам кај отиде можно е сестра ми да си го користеше. Како потпирач за кичма додека дремеше пред PC. Поклони не сакам фрлам но може да ги дадам на некој друг ако веќе не го користам или имам некое сеќавање на кое веќе несакам да се сеќавам .
Истото што погоре го напишав. За тие пари можеш да размислиш и за некое парфемче или тоалетна вода да купиш без проблем. Имаше во Шатци некои Uomo, Kenzo на попуст тука некаде околу твојот буџет. Можеш и некоја машка ташна за преку рамо ако носи такви работи имаше убави во Артур ко за 19год баш фраерски ако поштуе Converse. Edit: Мислам на тие малите за мобилен, новчаник, клучеви, наочари за сонце и остали тракаташки. Ако е crafty или сака алатки можеш Victorinox џебно ноже како привезок да си го додаде на клучевите, ако пуши цигари некој убав Zippo, ако пуши трева некој Grinder со луле у комбинација или бонгче. Варијации на тема колку сакаш. Јас да сум да ми уплати сега некој убава масажа па после еден базен да се шалабрцнам... (Dream on) Па и да не ми уплати масажа бар да ме измасира...
Колку се досадни themed поклони за овој повод, ја нешто практично ќе му купам што нема никаква врска со денов. Подобро кошула што ќе ја износи него срциња, мечки, глупости персонализирани. Исто не сакам такви работи да добивам.
Можеби некоја чаша со слика од него, а кога ќе стави нешто топло да се појавам јас до него на сликата од чашата.. Ако раскинеме, нека пие само ладни работи во чашата за да не ме гледа.
Јас сакам да подарам нешто поразлично од вообичаено. Во план ми е да направам албум од наши заедничи фотографии, од почетокот на врската до сега(нашата прва заедника фотографија, фотографии од нашиот прв летен одмор и сл.), само ќе размислам дали да биде како книга. Плус шоља за кафе, на нејзе нацртано еден посебен заеднички момент.
Мене ова ми е досадно. И да ми даде вакво нешто ќе ми стои во фиока и ќе фаќа прашина. Не сум толку голем романтичар да се фасцинирам на вакви работи. Повеќе ќе се израдувам на чоколадо и добро вино и убава ноќ со незаборавен оргазам него да ми даде албум што ќе стои безвеза. Секој е различен карактер, но некои работи ми се досадни. Срциња, мечки, рамки, чаши, не дека не ми давале, само ми биле досадни, се ми е исфрлено од бившите такви поклони, само накит си имам зачувано .. Среќа и на дечко ми вакви работи му се иживеани, па ќе сум поштедена барем од тоа.
Јас би поклонила привезок за клуч од автомобил, изгравирани некои натписи или сам изработен подарок. Видов пред некој ден diy за големо платно исполнето со слики, цитати и поврзани елементи за вас, некои патувања и слично.
Да секој различно гледа на работите. Поентата со албумот ми е да си се потсетуваме на заедничките моменти преку албумот, затоа што со сегашниот партнер планираме да градиме иднина, зошто да си немаме албум од нашата прва година помината заедно. А за шољата за кафе, него утрото не му почнува без кафе, знам дека ако не друго ќе му користи.
Да не генерализирам пак кога се во прашање мажи и поклони, ама мислам дека не се толку по фотографии и персонализирани поклони. Искрено и јас сега толку не ги обожавам, а можи да сум дала и да сум добила. Со то шо, идејата за чаша ти е супер, но без вашиот лик или те сакам, ти си срце мое и такви работи. Заеднички момент да или пак некое хоби заедничко, цитати од книги ако чита, омилена уметничка слика...мене барем, вака ми е поинтересно. Ќе можи и на работа да ја носи и пред друштво да ја вади. Албуми. Во време кога фотографии чуваме на телефон или компјутер, голема е веројатноста да се избришат па ништо од спомените. Поддржувам албуми, но не за поклон. Пример двајцата да си се договорите, да си извадите по некоја и да си ги чувате. Ете, ако и на двајцата ви е мерак за сликите нека е заеднички поклон. Во право си дека секој сака различни работи, ти го познаваш најдобро, не сакам да ти го расипам ќефот само мое мислење кажав.
Дали имате идеи како ќе го изненадите вашиот партнер за денот на вљубените? Ми треба предлог што би му купила на дечко ми, ништо не ми доаѓа на памет...