Му имам и јас на мојов купувано мечиња, не викам не Ама тоа на почетокот, кога не го познавав убаво Првите две години му купував мечиња, третата година му купив табакера и запалка кои многу му се допаднаа, ама сега престана да пуши Наредната година отидов кај него со вино, и тоа домашно, купив свеќички и миризливи стапчиња, ги наредивме заедно и се напивме едно убаво А лани му купив глувче за лаптоп Баш му требаше тогаш, абе не знаете колку се радуваше А оваа година...Планирам после да испаднам до град, да му купам нешто, бидејќи го осеќам него дека ми планира нешто. Јас сакам да му приредам вечера со вино, која кулминира со стриптиз во секси долна облека и, нормално, расплетот да се освива во кревет Мислев само ова, ама ај се решив сепак да купам и некоја ситница, од милост сакам да му поклонам нешто малечко
За оние кои во последен момент сакаат да му направат нешто слатко на својот дечко: Земете чоколадо за готвење и стопете го. Од стопената смеса направете мало срце и ете ви мало чоколадно срце. Во смесата ставете што сакате, украсете со мрвици. Оставете го да се стврдне. Пoдарете му го. Јас го направив вчера вечер, прекрасно е. Еве песни за уживање во водење љубов. http://www.cosmopolitan.com/sex-love/ti ... w#fbIndex5
Јас српемав вино и чоколадни срциња за вечер, сега ќе излезам уште да си купам долен веш, и нешто ќе му земам да не биде без ич тој веќе пред неколку денови се спремал И да не заборавам дека за вечер му спремам добар стриптиз е сега колку ќе успее ќе видиме
Штрумфче ептен ми се допаѓа идејава...од ск си???ако си, дај пиши ми те молам точно каде ја направи чашката?????
Јас му купив Диазепам апчиња, ги завиткав со црвена машничка и пишав на една мала честитка "...бидејќи ти требаат откога си со мене" Глупости е празников (кој не е ни наш) па затоа со глупости пристапувам кон истиот
Луѓе сакам да направам торта во срце калап дај пишете ми некоја полесна и брза торта и идеја како да го декокирам сето тоа
Тестото направи го обично како за секоја друга торта. Испечи го, можеш да го поделиш на 2 дела откако ќе се испече и да ја филуваш. Можеш да купиш црвен екстакт да биде црвена Можеш и да напишеш нешто на тортата со помош на шприц. Ако си во можност појди во некој маркет таму има разни украси за декорација Го редактирав мислењето бидејќи најдов интересен начин за правење на торта, ова мислам дека треба претходно да се проба, мене од прва не би ми се погодило Погледнете http://brkajrabota.mk/lifestyle/hrana/n ... -valentajn
Нее.. не сум од Скопје туку од М.Каменица но мислам дека во сите фото студиа прават чашки, јас ја добив идејата од дечкото на сестра ми што мислам дека тој некаде во Ск ја правеше. Во студијата бараат да идеш лично тие да те сликаат но јас им објаснив што сакам па ми рекоа да им однесам слика на цеде или флешка
Аман луѓе, цел ден ги барам тие коцките и неможев да ги најдам Секаде прашав долу во рамстор и ништо И ГТЦ го поминав и не најдов ваков гифт шоп Ајде помагајте, мора да ги најдам
Лелее рамстор па нели таму е малку поскапичко бе . Било кое фото студио, јас сум 99,9% сигурна дека сите прават.
сигурно сега на сите ви е направено и измислено ,, нештото,, што ќе му го подарите на љубените, без разлика кој празник ќе славите, ви посакувам прекрасна вечер исполнета со љубов и многу вино!!
http://www.ladoro.tc.mk/shopping/kocki- ... tra/5429/1 Еве ги Алиса, ама оваа продавница не е во трговски него во една од тие уличките од плоштад , мислам дека накај Шатци .. По скалички е и до неа паб има . Не знам ств како да ти објаснам . Дури барав слика од продавницата , ама не најдов ..
Мене ми рекоа дека деновиве очекувале пратка и дека во таа ќе ги немало, а за понатаму незнале дали пак ќе добијат
Ова L'adoro истото е со една многу штосна продавничка кај Soul pub? Ако да, таму е ФКЦ, Чико, Швајцарска амбасада и гостилница Јоле.